Во Жанета естетик прашај.Мислам дека имаат мадеро сега Ќе дадеш 1000 денари на глупост.Тоа внатре ти е талог од кафе и витамин Е.Кога ќе пиеш турско талогот земи си го и напрај си на лице и тело.Талогот башка ти е тазе а можеш и некој витамин да ставиш мада мислам дека не е потребно.
Ова со препаратите против целулит ве лажат вас жените ко што нас мажите не` лажат со препарати против опаѓање на коса...
Јас 6 месеци се мачкав со Сатва со неколку паузи. Меѓутоа тие дупчиња што ги имаме не ги избива на површина. Чаре?
Девојки вчера земав sattwa и вчера и денес се масирам, раце ми отпаднаа и плус со масажер ама ова ни пече нит пак ми се вцрвенува местото. Се десило на некоја? Ќе има сепак резултат или...?
Go sobiram od kafe go stavam vo nekoe kance i koga se tusiram prvo se mokram na mesto kade imam celulit zemam talog se mackam i se masiram potoa si prodilzuvam so tusiranje. Posle toa stavam krema za celulit
Јас го собирам во чашка и ставам маслиново масло мешам да се соедини колку толку. Ја намокрувам кожата со топла вода да се отворат порите и масирам со кружни движења и стварно е супер и кожата се измазнува станува помека и поткожни влакна ако имаш излегуваат на површина и за целулит.
Го користам балсамот sattwa скоро еден месец и целулитот се повеќе излегува на површина и повеќе се познава. Дали е нормално или треба да престанам со употреба?
Ќе напишам висока препорака за Sattwa гелот на алкалоид. Се нанесува еднаш дневно со мачкање на критичните делови пример бутовите со кружни движења, а од напред од коленото па нагоре се додека не се впие во кожата. Јас првите месеци се мачкав два пати дневно, наутро и навечер. Некогаш со масажер, некогаш не. Добро е да се направи пауза од месец дена па потоа повторно да се мачкате. Меѓутоа треба да се потрудите повеќе, бидејќи си бара внимание. Што се однесува до печењето и жежењето некогаш може да го има, некогаш и не, зависи. Дека излегува на површина и изгледа дека имате повеќе тоа е нормално бидејќи му треба простор да пробие. Но не е поентата само да се мачкате. Најдобар ефект дава после туширање кога порите се отворени, мислам тогаш највеќе ме печеше и жежеше и многу ми беше топло. Намелете шеќери, мрсна храна, газирани сокови и солена храна бидејќи уште повеќе го хранат целулитот. Јас го остранив 80 посто што го имав и сум задоволна, ми останаа тие мали дупчиња кај задникот, веројатно нема чаре или треба масажи посебни за нив. Се мачкав точно 6 месеци, со престан од еден месец. Почнете ко за почеток наутро и навечер а потоа намалете. Можете да го користите во комбинација со спортски вежби, јас пешачам цело време. Исто така многу вода, колку повеќе пиете вода толку подобро. Во текот на ноќта може да мокрите повеќе а и тоа е сосема нормално. И тоа е во принцип, се надевам ќе имате резултати.