Sosema tocno vaseto telo treba da uziva vo masazata, se pritiska tolku kolku sto moze klientkata da izdrzi no da i bide prijatno. Skloni na modrinki mozat da bidat devojki so kapilari i izrazeni veni ( koi sto ne se preporaclivi za takov vid na masazi osobeno ne za madero terapija)
Да ми пишеш и мене мила или па овде пиши за да може да видат и другите кои би сакале да одат. Лето иде, морс фит да се биде
Штета немам слики од една анти-целулитна масажа да ти покажам како ми изгледаа нозете. Завршив на хепатромбин маст и никогаш не се вратив таму. Ако можеш и мене прати ми бројче
SATTWA кремот за обликување и за затегнување на телото содржи растителен антицелулитен комплекс кој помага припроцесот на намалувањена целулитот и на поткожното масно ткиво...истовремено, го потпомага и затегнувањето на кожата, специјално дизајнираната туба има апликатор преку кој се нанесува кремот, трите кугли од апликаторот нежно ја масираат кожата подобрувајќи ја циркулацијата на тоа место, секоја хербална состојка дејствува целно на одреден дел од механизмот за справување со вишокот масни наслаги, го потпомага намалувањето на создавање на масни наслаги ја подобрува циркулацијата на местото каде што се аплицира и ја затегнува кожата: ...екстракт од спирулина, природен изофлавон, кофеин,нкарнитин, витамин Е, екстракт од див костен, екстракт од шимширика.
Јас имам премногу целулит имам одено на мадеро, на антицелулитни масажи на васкулум се е залудно фрлање пари ништо не ми помогна имам купувано и разни кремови за масажи. Е сега читав дека со јаже за скокање имало ефек дали некоја има испробано?
Можеш да одиш на многу антицелулитни и на боди врапинг и се, но ако не држиш линија, не пазиш на исхрана и си пр. пополничка тешко мила.
Висока сум 173цм, а тежина 62кг. Внимавав и на исхраната и вежбав додека одев на масажите но немав никаков ефект.
Нутриционистот ми препорача да одам на антицелулитна масажа, но не сум сигурна, имам уште 20кг. вишок (а досега исто 20кг ослабив) па како што читам погоре ми се чини дека џабе ќе фрлам пари и уште ми е рано за такви масажи. А на нозеве имам многу целулит. Размислувам засега да ја земам четката за сува масажа од ДМ. Што мислите вие?
Според мене воопшто да не одиш на тие масажи тоа е фрлање пари без потреба се е залудно во 10 салони сум била и џабе. Читав со јаже за скокање има ефект си купив па ќе пробам секој ден по 10мин. Јас не ти ги препорачувам тие масажи криво ќе ти е за парите што си ги потрошила ништо повеќе.
Со масажите се поттикнува циркулацијата и се прави линфна дренажа, со што побрзо се исфрлаат токсините. Штом си веќе на режим на исхрана, пиј многу вода и верувам дека ќе имаш ефект. Можеби нема да ти се исчисти целулитот, но мислам дека ќе имаш намалување во обем и затегање. Клучна и водата и ако можеш во тоа време да имаш некоја физичка активност.
Имам физичка активност и пијам секој ден многу вода, но целулитот си стои истиот од пред да почнам да слабеам (а нозете ми се намалени во обем). Затоа и ми препорача антицелулитна масажа но многу сум скептична.
Не би рекла дека масажите немаат ефект. Порано многу одев на антицелулитни, вакум терапии, боди врапинг, струи...а користев и Сатва во домашни услови. И дефинитивно кај мене имаше голем ефект. Само пиев многу вода, насабајле млака со лимон, во текот на денот ладна вода со лимон. @Amellie13 многу зависи и од метаболизмот и од стручноста на таа што ќе ти го прави третманот. Доколку можеш да си дозволиш, купи еден пакет антицелулитни и пробај. Има доста поволни. Така најдобро ќе знаеш како твојот организам реагира. Едит: сега гледам дека не сум објаснила добро во претходниот пост. Мислев на масажи, во комбинација со многу вода и физичка активност дека би дале резултат
Девојчиња, значи одењето на антицелулитни не помага доколку и после тоа и за време на третманите не одржувате линија. Тие што имаат вишок килограми мора прво да ослабат па да одат да вадат вишок целулит. Кавитацијата пример помага за топење на мастите, радиофреквенцијата е за да се стегне кожата и да се произведе колаген, и боди врапингот е за топење и обликување. Значи прво и најважно е доколку лесно се лепи на вас храна било каква да се внимава. И да се исчисти целулитот мора да се пази да не се врати брзо, пак зависи од организам. А дека не помага мадерото ама баш не е вистина зашто на некои им треба 10 третмани, на некои што имаат страшно тврдо натапкан целулит може и 3-6 месеци . Вие сакате да одите "5 пати" и магично да снема се што се таложело со години. Тоа јок.
Девојки да споделам со вас, следам една блогерка и зборуваше многу околу тоа на какви се третмани била подложена, колку скапи биле истите и дека ниту еден третман не дал брзо резултати како овие вендузи (не знам како правилно се транскрибира на македонски). Кажа дека на почетокот е болно може да се јави и синило но после 2-3 пати е без негативни ефекти. Го користи секој ден при туширање, неколку минути се сосема доволни. Јас решив да ги пробам, чинат некои 300-400 денари но се силиконски и може повеќе години да се користат.
Jas koga se banjam prvo nozite so sapun gi miam ubavo gi masiram posle so topla voda gi miamI zemam suva krpa malku Po kruta I triam I kozata posle toa e mnogu mazna Dali nekoj go probably ova mi go kaza edna drugarka