И јас би сакала да знам како идат со цени. Секако од салон до салон е различно но ете некој од искуство
Кај мене се 500 од третман, не знам за други места. Кај и да бирате гледајте само да уживате. Не е Др битно. А за ефект, секаде има ефект, само мора да се пази како се работи со оклагиите оти може да направи модринки јаки ако се нема искуство.
Здраво, Ве молам ако има некоја искуство, што би ми препорачале мадеротерапија или кавитации ? Значи јас немам многу целилит и слаба сум, имам само баш на задникот високо кога ќе го затегнам ? Фала однапред.
Штом немаш многу само вежбање и многу вода. Не ти требаат третмани. Инаку @LadyC да не си слушнала во Куманово во кој салон е добра мадеро? Веќе во неколку салони има, ама не сам слушнала од никого коментари.
@Anaouou кавитација е липосукција без операција ( за дебели е за стегање на кожа со рф и кавитација со слабеење) , мадеро е за целулит. Мадеро се работи на нозе, задник и стомак, а ако немаш ондак тој дел со кафе талог масирај го кружно, а и од клиентка разбрав имало и во ДМ некои креми за целулит што помагале мн. Тоа ти е попаметно. Инаку @oblace1 секаде мислев имам колешки со кои се познавам, ама искрено во Куманово не познавам ниедна козметичарка ко за беља, а уште помалце за мадеро. Најубаво ако идела некој што ја познаваш прашај дали е ок таму кај што била, и дали е со модрици, ако не е слободно оди.
Јас знам девојче што Професионално прави мадеро масажи, доаѓа на локација која што вие сакате, од Мај изгледа ќе отвори салон. Ако сакате контакт пишете ми порака
Барби салон - 10 мадеро терапии за нозе 2500 денари. Нозе и стомак 3000 ден А цело тело 3500 ден Слушнав многу пофални зборови за нив
Ја купив денес, ја има ли некој пробано да сподели искуство? Почнав и со чајот антицелулит микс, има некое дејство?
Ќе сакаш ли да споделиш каде си читала за Барби салонот? Би сакала да видам евентуално да разговарам со некој што правел. Скептична сум зашто не сум го чула салонот, а цената е поефтина од други места. Благодарам
Дали си разговарала со некој што правел во Барби? Имам осетливи капилари па сакав да чујам искуства. Благодарам.
Здраво, имам едно прашање, ако можеш да ми помогнеш. Некаде прочитав дека кавитација не се препорачува дури се дои, дали знаеш зашто? Станува збор за двегодишно дете, не е бебе, си има редовни оброци, цица само неколку пати дневно.