Не, само ќе ги зацврстиш мускулите и целулиот на површината е уште повидлив. Само антицелулитни масажи помагаат да се разбие целулитот.
Јас сум правела дома со држење диета и пиење антицелулитен чај и имаше ефект ама и во салон да одиш нема што да изгубиш, освен целулитот
Нека ми предложи некој гел за целуит. Имало два вида гела во аптека ама им го заборавив името. Едниот повеќе помагал, другиот помалце. Ако ставиш поголем слој молжело да те жеже.Има некој такво искуство? Не би требало нешто да е страшно ?
Мене клиентки што ми доаѓаат на мадеро ми кажуваат дека сатвата мноогу помага. Ама не знам од кај ја набавуваат, дали од ДМ или од аптека.
Напротив. Мускулот ја редуцира видливоста на целулитот. Но, тој ефект не се постигнува со трчање туку со кревање соодветни тежини. Информирајте се малку.
Јас си знам за мојот целулит како изгледа и што делумно го отстранува. На темава за целулит информирај ја таа што прашала. Фмп
Не може да е твојот целулит различен од останатите. Го зборувам ова како некој кој поминал часови разговор, истражување и обсервација. Единствено тонираните мускули ја затегаат автоматски и кожата, никако не може да биде обратно. Физички е невозможно. Антицелулитни масажи во праксата се покажало дека повеќе имаат плацебо ефект, не е медицински докажано дека го ,,истребуваат" целулитот. Многу вода, протеини и низок внес на јагленохидрати, ова се клучните три правила за редукција на целулитот, нема друго. Исхраната е секогаш примарна, а после доаѓа и програмот за вежбање според типот/формата на тело.
Јас го користев лани во комбинација со масажер и за три месеци имав баш видливи резултати. Го имам масажерот relax and tone мислам се викаше, го имав купено од топ шоп одамма, но го има и по пазарите за околу 600 ден. Бев упорна и го користев секој ден, некогаш прескокнував ден бидејќи ме болеше на некои делови. Добро ме потсетивте, време е да почнам.
Џабе се расправате, има повеќе типа целулит, има воден ( многу полесно се отстранува) и фиброзен како еден од понатапканите и малце помачни за отстранување. Има и други, ама фиброзниот кој мене бар у дуќан е најзастапен. http://www.ladybook.mk/mk/post/5111/Borba-protiv-celulitot
какви се тие антицелулитни чаеви? Има резултати, како се движат со цени? Јас имам еден гел од Авон, освен што пецка, не приметувам друга разлика.
Ова е 100% вистина за оние кои имаат многу целулит. Јас имам од кога знам за себе, страшно. Пред 2 год запознав фитнес тренер кој мн ми помогна и вечно ке му бидам благодарна. Ме советуваше да пијам мн вода и ми даде режим на исхрана богата со протеини, ротација на јх, и мн зеленчук. Друго се аут. Се заинатив и почнав зашто не можев да се гледам. Секој ден вежбав дома, со видеата на јутуб, фитнес блендер. На работа одев со точак. Само тоа ми беше обврска секој ден. Верувајте луѓе така се заинатив што за 6 месеци бев друг човек. Целулитот намален за 80%, нозете убаво оформени, стомачни ми се познаваа. За мерааак, пресреќна бев. Но забаталив се зашто останав бремена, прво дете паники, јадење глупости и сл и си се вратив пак на исто. Сега дома со него немам време за ништо. за неколку месеци ке почне во градинка и едвај чекам да почнам пак да вежбам да си дојдам до таа форма. Од моето искуство научив дека само исхрана вржби и вода е спасот, друго џабееее
Кажи го тоа на членови кои мислат дека антицелулитни масажи се решение за нивниот проблем. Не сакам да звучам сурово, за повторно да ме санкционирате со бришење на цитати, меѓутоа без мрдање на газот целулитот ќе стои луѓе. Во ред е да имаш здраствен проблем, или стварно да немаш време да се позабавиш со таа проблематика, во тие случаи не осудувам. Но, не е во ред да се дозволи да се шират дезинформации од типот дека алтернативни методи како креми, масажи, пилинзи и проѕирни фолии ќе ви помогнат при ,,решавање" на целулитот. Понекогаш е потребно човек да биде реален, и да се соочи со предизвиците кои му стојат на патот. Мене пример целулитот ми е во одредена мера секси, естетски и женствен. Е да, just for the record - и слаби луѓе имаат целулит и стрии.
Барем означи ме кога се однесува за мене. Што да ти кажам кога или не ми ги разбираш муабетите или се правиш дека не разбираш. Убаво ти објасни @LadyC дека има воден и фиброзен целулит и првиот полесно се отстранува. Епа погоди што мојот е таков и мене лично ми помагаат антицелулитни масажи од козметичарка која разбира како да се прават кај мене бидејќи имам многу нежна кожа и лесно ми се создаваат модринки. Ми помогнало плус пиење и антицелулитни чаеви и држење диета. Е за вас другите кои имате тврд-фиброзен голема количина целулит како што пишала @malasimba слободно вежбајте ако тоа ви помага и со среќа во отстранувањето на целулитот. Или зачувувањето негово ако мислите дека е секси.
Првиот месец ми беше наречен "чистење" од масти. Буквално 30 дена јадев едно исто, односно 3 дена само протеини,( доручек белки, ручек и вечера варен стек со варен зеленчук )четвртиот протеин и јх ( доручек овес, ручек и вечера стек со ориз) и така во круг. Пиење вода 2-3 литри Вториот месец 2 дена протеини третиот протеин и јх. Во овој месец освен месото за ручек можев и плус грашок боранија брокула и сл. Салата колку сакав секогаш. Потоа ми беше дозволено и ред црно чоколадо, пуканки понекогаш, зелен чај исто така. По една рака на ден обаврзно ореви. Тоа вака ми текнува сега, морам да си ги најдам листовите таму имав се напишано. На јутуб пиши фитнес блендер и ке видиш милион вежби за секој дел од телото и ке си одбереш некои омилени ја така праев. Си купив тегови за раце и нозе. Верувај едвај чекав да си дојдам дома за да вежбам. После месец дена забележав први резултати и тоа и те како ме мотивираше. Само упорност треба. Ааа и да не заборавам, после секое вежвање пиев по една дозерка оној протеин во прав. Едвај чекам пак да се вратам на овој режим
Од сатвата се направив цела ко да иам изгореници и не верувам дека истите имаат врска со целулитот затоа пто црвена сум и на места каде врска нема со целулит и масти како внатрешен дел на подлактици. Дали има фајде од чудово ќе пишам после некоја недела. Иначе праам склекови, туш топло ладно, пилинзи со кафе 1-2 неделно , сега и сатва земав, вода пијам минимум 2 литри (порано не пиев ич), пешачам што значи војна му објавив на целулитов на сите фронтови затоа што веќе почна и по рацете да ми излегува што е и нормално за толку јадење чипс.