Девојки, сите сме различни јас лани лето целулитот го скинав за три месеци, нозете ми беа мазни а имав цлулит многу особено на бутовите однадворешната страна. Трчање 3 пати недело, дома вежби од yt обично со Ребека вежбав 3 пати неделно и обавезно секое туширање талог од кафе ги триев нозете и многуу вода, течности внесување мора, лимон обавезно пиев по една чаша на ден некогаш и повеќе. Па сега не знам дали од вежбање, вода или талогот од кафе ама мене ми го снема. Така да обидувајте се ништо не губите, а имам пари предавано за антицелулитни креми.
Какви тежини какви глупости. Цел живот вежбам со тежини на нозете па целулитот пак ми стои. Нема врска тежините со целулитот. Од тие тежини само ми се зголемува мускулот на нозете и изгледам како маж. За целулит, само потење многу и мноогу многу вода пиење. Трчање 30-40мин. на ден со стреч фолија околу нозете или Hot Shapers хеланки. Само здрава исхрана. Масажи умерено. Сауна чат пат. Само тогаш ми се намалува целулитот, и тоа не целосно. А за вежбањето со тежини, вие опседнатите со тежини, со мускули, шо не личите на жени, немојте да ги лажете дека само така се губи целулитот, зошто во пракса не е така.
Не си вежбала правилно тогаш. Мускулот е секогаш подобар од салото, и да апсолутно го редуцира целулитот. Подобро стегнати големи бутови, отколку лабави. Мускулите топат повеќе калории и редуцираат вишок масти. Али како сакате уствари, правете работи што сметате дека ви помагаат. Не се тоа мои знаења туку цел еден фитнес инжинеринг стои зад тоа колку тежините помагаат во реформација на телото. Што не значи дека треба да кревате 20-30 килограми. И со помалку можете да се зацврстите.
Mene licno najmnogu mi pomogna aerobik tri pati nedelno vo kombinacija so madero terapija isto tri pati nedelno i voda.. Skoro i da mi go snema..
И јас имав целулит пред 2 години.. Го снемав со тоа што трчав и аеробик по 3 часа секој ден. Ми помагаше една другарка која и таа претходно имаше целулит и го снема.. Пред да легнaв да спиjaм исто така правев вежби од апликација од плеј стор. Повеќе пиев течности.. И сестра ми, ми донесе една маст од Холандија која многу ми помогна.. Па фала богу од пред 2 години немам веќе..
Девојки, храната е важна за топење целулит, но и вежбите се многу битни. Има разлика од кардио вежби, вежби за ставање маса и вежби за дефиниција на телото. Со вежбите за дефиниција ќе направите тело, кое што подоцна ќе можете да му дадете каква форма сакате таква. Немојте погрешно да вежбате, да не го губите времето залудно. Можете и само со вежби да изгубите и до 35кг, но треба да биде упорни, секојнден по 40 минути во теретана или фитнес Ви се доволни. Можете и со боди ластици од жива гума дома да вежбате. Кога ќе се осетите дека сте доволно силни, можете и street workout еднаш неделно. Резултати ќе имате за 6 месеци. За порано не се надевајте, постои ризик од стрии и вишок на кожа Гуд лак
Белки со зеленчук- некој домат, крставица, брокула, зависи што ке ми се најдеше при рака, а овес најчесто со јогурт, некад ореви додавав, овес со какао исто можеш и сл.
ептен се рекламира антицелулитното средство на GUAM на радио. во зегин го имало. Го има користено некој? На фб ова го пишува: Guam Tourmaline Liporiducente 2018 беше производот што најбрзо го снема од полиците! Најефикасната крема, наградена од COSMOPOLITAIN со награда највредна за козметичките препарати - сега во нова амбалажа и уште подобрена формула! GUAM Tourmaline Crema Liporiducente FIR делува неверојатно на редуцирање на целулитот и кожните адипозности, дури и најтврдокорните, локализирани во областа на бутовите и задникот со ефикасност демонстрирана од универзитетски клинички студии. Двојно слепиот тест (изработен за да се избегне плацебо) беше изведен од страна на италијански универзитет со инструмент - пликометар, посебна направа за мерење на дебелината на кожното превиткување. Резултатот покажа дека, по 30 дена од третманот, производот делува како ботокс на критичните места и го намалува целулитот и кожните адипостити, со просечен резултат од 2,5 cm
Не знам каква ти е сега ситуацијата, јас од Сатвата завршив со испукани капилари по бутовите. Лом ме направи од едно ставање и ја фрлив. Ова беше уште кога бев на факултет, ама искрено, повеќе срам ми беше на плажа да се слечам од капиларите отколку од целулитот. Се повлекоа, за среќа, ама не ми паднало на ум пак да се мачкам со овој крем.
Јас имам искуство со Антицелулитен гел на Лимес. На база на билки е, бршлен и див костен. Две во едно, и крема, и гел. Само се мачка навечер, и си легнуваш, без фолии, масажи итн... За две недели, половна паковање искористив, и ме дотера за на плажа... но треба и редовност... Сепак најважна е исхраната, како и вежбање, подвижност. Џабе се креми и слични работи ако потоа се изнајадеме и немаме физичка активнсот...
@LadyC Да те прашам после колку третмани со мадеротерапија има резултат? И познаваш ли некој од Прилеп?
Баш во Прилеп никој не познавам извини, инаку не може да се каже колку се потребни зашто зависи од организмот, зависи колку се почитува начин на исхрана, зависи каков тип на целулит е во прашање. Некои поминуваат со 10, некои со 20. Водниот пр се чисти ептен брзо, тој изгледа како да е отечено телото најчесто .Зависи се драга .
Има една на ФБ што ја гледавВикторија има свое студио и објавува и слики од резултати, се мислев за кај неа. 10 третмани за 4 000 денари е. Сепак фала. Инаку незнам каков е мојов целулит не сум била до сега никаде на третман.
Може линк? И мене ми треба за Прилеп. Инаку целулитот на нозете ми е ист покрај губењето 21кг., покрај сета здрава исхрана и вежбање не се намали. Многу си ги мразам нозете како вреќи со целулит се буквално. Само не знам дали да почекам уште за антицелулитна масажа или сега да ја направам (имам уште околу 15тина кила за губење и потешко ми оди сега).