јас ова го земав. природно масло е- МАСЛИНОВО МАСЛО • БАДЕМОВО МАСЛО • ЕКСТРАКТ ОД ЧИЛИ, 700 денари ,во космо го има. неколку дена секоја вечер се масирам, ќе кажам за ефект откако ќе го потрошам. Ова го пишува: Изработено од екстракт од чили пиперка со анти-целулитно дејство кој има превентивен ефект и го намалува целулитот. Јапонска зелена мача и екстракт од микроалги кои помагаат при заштита од урбаното загадување.
@LadyC Дали имаш слушнато за оваа нова метода за отстранување на целулит? Ми излезе на фб од еден нов козметички салон. Вакуслим 48 се вика. Пишува дека е и за слабеење. Секако било кој што има некоја информација нека сподели
Не е ново ова мила, ова е боди врапинг , односно топење на масти преку овие вреќи или има и др начини, а тоа е со електрично ќебе . Процесот е ваков: Те мачка со антицелулитна крема или за ладење или за греење ( и тоа е битно зашто луѓе со попуштени вени треба да користат што ладат, а не што загреваат) и те пакува ( боди врапинг) . Еден начин на исфрлање на целулит е преку потење како оваа метода, а еден е преку мокрење. Овие вреќи заедно со се кремите се продаваат, мојата едукаторка ги користеше и се одлични. И јас го работам истото само различен вид пакување. П.с. без антицелулитна масажа - џабе е само боди врапинг. Ќе те ослаби, детокс прави, исфрлаш масти, отрови од телото, ама не го "поттикнува" целулитот да излезе . Затоа се комбинираат најчесто или со рачна антицелулитна или мадеро.
@LadyC Фала многу на одговорот. Се мислам да појдам на некој третман за целулит ама ке видиме што ке биде, најмногу сум заинтересирана за мадеро .
Како досегашните впечатоци од маслото? Имам користено доста производи од овој бренд, конкретно преку ecco-verde ги имам нарачувано, но ова го немам пробано, па ме интересира некој што веќе го користи да сподели искуство.
Мене талог од кафе, помешано со сол и балсамот од сатва и многу физичка активност, ми помагаат да се намали целулитот колку толку. Го имам и јас ептен, таман лето ќе се поднамали, зима пак се враќа...
задоволна сум! јас имам водест целулит ,не од оној тврдокорниот. секоја вечер се масирав по 10 минути,5 мин една 5 мин друга нога. И приметив дека ми ми стана поситен,некои поголеми дупки што ги имав се раситнија ептен. И не ми се познава толку,дефинитивно има разлика. А само две недели го користам, го немам потрошено цело шишенце. Е сега дали конкретно е од маслото или заради масажата, не знам Реално,самата циркулација што се прави со масажата многу помага. А маслото е многу пријатно,не пече ниту загрева и ептен хидрира. Мислев дека нема да ми направи никаква разлика искрено,скептична бев,ама повеќе ми помогна од било кои креми што се за целулит како на пример сатва или авон или други од дм. зимно време нон стоп сме стиснати во фармерки ,и дома сме по долги. немаме циркулација ич во нозете и не ни дишат воопшто. и зимно време навечер масиркај се кратко со било кое кремче или масло и навечер спиј без долни пижами и мислам дека ќе има подобрување
Супер, фала ти на деталниот одговор. Тогаш ќе го земам и јас да го пробам и секако, како што кажа и ти, ќе го нанесувам со масажа за да го зголемам ефектот.
Луна, како го препознаваш водениот? Сега баш гуглав и читав описи, ама на слики не можам да најдам. Јас немам тврдокорен сигурно, па се сомневам на воден. Причина плус е што имам тек-тук испукани капилари, најверојатно поради слаба циркулација.
Тврдокорниот боли на допир и тврд е . Водениот не боли и не е толку тврд. Мислам дека тврдокорен ретко кој има, ептен хард кор треба да е за да те боли кога го фаќаш. И јас сум со капилари ептен. Мене ми помага масажава гледам, сепак била ептен важна циркулацијата. Повеќе е до масажата него до кремот мислам... Еве баш едноставно и убаво објаснето https://www.google.com/amp/s/www.he...s/201104275300/types-of-cellulite/?viewas=amp
Па да ти кажам, јас до пред малку ќе се заколнев дека имам тврдокорен. Сега кога се расчитав, сфаќам дека изгледа немам. Инаку, не ме боли. Денес купив гел за испукани капилари и има разладувачко дејство. Пишува дека помага да се повлечат капиларите. Масажа правам со кремата на Сатва, таа што е за обликување и гледам многу повеќе ми одговара отколку таа со загревачко дејство. Исто и масажа со талог од кафе.
Dali satwata pravi mestoto da slabee? Kazhete mi nekoja krema ili losion sto namaluva mevce. Nemam mnogu 3 santima od gz sakam da skinam.