Значи вака да се разбереме, целулитот од боди врапинг нема да ви се исчисти целосно, тој "мазни " и слабее во обем. Не може никој да каже дека се глупости кога јас лично гледам пред и потоа кога ги мерам моите клиентки. Некои луѓе едноставно не се за совет зашто се сезналици. Пошто се знаете не прашувајте на форум луѓе со искуство, терајте сами .
Во Мај бев во Мк и цел месец одев во салон за слабеење во обем и погоди што ? Немаше ефект Јас цел живот сум на 40 - 42 величина на панталони и фармерки , и од ко се здебелив во стомакот , истата величина ми се фаќаат само што стомакот ми е подуван долниот дел. Кај мене ќе да е друг проблемот , сабајле кога се будам , стомакот ми е навлечен, таман седнам да јадам , одма ми се дува ко балон Бев и на испитувања, се е во ред, изгледа ќе треба да правам тест за интолеранција на храна. Друго чаре нема Или имаш некој совет да дадеш ?
Ne veruvajte na site "soveti" sto ke GI procitate na forum. Nekoi lugje se zlonamerni I sakaat da se poigraat so vas. Otidete direct kaj lugje sto Im e rabota da se zanimavaat so problemot sto ve maci. Eve jas dzabe I pari dadov za krema I ne mi go resi problemot mi se javi drug problem.
И јас го имам истиот проблем. Кога се будам, рамен стомак, а се напијам вода или јадам нешто ситно одма ми е поддуен, таков ни е организмот и градбата, нема чаре, дури и кога ослабев истото ми се случуваше. Инаку веќе 10дена го користам гелот против целулит на НИВЕА, нема некои wow резултати, ама колку толку ја затегнува кожата. Јас 5 дена пазам строго на исхраната и после 2 дена јадам све како бишка и се така во круг. Затоа и не очекувам некои максимални резултати. Е сега земав и талог од кафе, ќе пробам и со него некои маски против целулит. Мене искрено само многу вода пиење и кардио вежби ми помогнаа најмногу. Иако неможе на цело да го снема, генетски цела фамилија жени го имаме, дури и оние нај физички активните што пазат на исхрана. Сепак се трудам шо помалку видлив да е.
Зачленета сум и можам да ти го набавам по цена од 761 денар. Но искрено, немам време за доставување на производи, и секогаш препорачувам лично зачленување, и потоа си ги набавувате не само антицелулитот, туку сите производи по членски цени. Бесплатно е членството, само се регистрираш и купуваш што ти треба.
Jas se pooraviv 13kg. od togas mi se pojavi celulit koj prethodno sum go imala mn malku. Jas vekje 3 meseci koristam 2do 3 pati vo nedelata aloe vera gel no direktno liestot go secam vo blender go stavam i se mackam i potoa stavam folija i sedam takaa saat vreme. Se mijam so malka voda i potoa domasno si napraviv krema od aloe vera i kokosovo maslo i se mackam so kruzni dvizenja. Od rezultatot sum pre zadovolna. probajte i vie
Другарка лани купи цел сет антицелулитни кремови од истата фирма, редовноно се мачкаше, плус редуцира исхрана, вежбаше и немаше никаков ефект. Само кожата и беше хидрирана дваесет минути после ставањето и толку. Пробај измешај три лажици алое вера, изрендај цела кора од портокал, испасирај краставица во блендер, стави талог од турско кафе, или ѓумбир во прав, измешај се заедно дур не стане хомогена смеса, обвиткај се со фолија и спиј со сето тоа. За две недели ќе има ефект. Не фрлајте пари попусто на колекции и компании чии производи се базирани на екстакт и вода. Три пати неделно мачкајте се и дојдете да пишете резултати.
Значи целулит има кај секоја жена и дебела и слаба. Но,ако не се испотите со вежбање и не пазите на исхрана џабе е сè,верувајте од искуство ви кажувам. Има на Јутјуб видеа колку сакате за вежбање,затегнување на нозе и редуцирање на целулитот. Со креми и мачкање ништо не правите,мора се вежба.
Изинете јас да прашам ако може некој предлог за која масажа би ме советувале за целулит баш на задник високо, моментално ја правам бамус, мадеро ја правев долго време ама на тој дел ми остана?
Мора да се внимава на исхрана што и да правиш тоа е најосновни, ако одиш на масажа со бамбус напомени им да го работат тој дел каде има фиброзен целулит повеќе, зашто и тој прави дренажа и чисти целулит, ако е тврд и натапкан ќе одземе повеќе време за да се исчисти што е и нормално, но мора да го работат. Ако си одела на мадеро подолго време значи не го фаќале тој дел за да се искрши прво, да се разреди и да се исчисти. Кажувај си слободно за твои пари сепак треба доколку они не фаќаат, да си обрнат внимание мила. И пак ќе кажам, не си фрлај пари за џабе ако не планираш да ја регулираш исхраната. Тоа иде заедно во пакет: бар 2 литри вода на ден, без благо, без многу внесување на маснотии, поприродно и поздраво јадење. @Herrera извини мила касно враќам. Дали стомакот ти го работеа? Искрено не значи дека секаде кај што идете знаат што прават. Јас во студиото кај што се обучавав за масажи, кое постои повеќе од 26 години на пазарот, воведе мадеро без никаква обука , па така и со апаратите за лице е, па и со сите други. А убаво е да се провери и со доктор зашто има дуење на стомакот, можеби гастро? Не сум доктор, сепак не навлагам подлабоко во ова што не е моја бранша, и јас учам не знам се нормално, ама се што не знам прашувам стручни лица. За кожа со доктори кожни имам обуки, за стерилизација со стручни лица исто така, за масажи исто ... Извини што не можам подлабоко да дадам одговор.
Не за исхрана немам проблем со години веќе имам некој режим на исхрана што дури ми велат не јадам ништо.. но сепак работа ми е седечка по цел ден и тоа многу влијание има нормално а вода пијам да доста и искрено многу промена имам откако почнав со масажи но уште задник сакам да го средам не е нешто многу страшно но кога го соберам и се гледам на огледало го гледам аа ја сум многу и перфекциониста
За целулит единствено што помага е масирањето, а кремата нема толку голема улога. Не можат да се добијат резултати само од најобично нанесување на некој гел/крем или што и да се користи. Целулитот е всушност вода и токсини кои што се формираат во вид на масно ткиво. Вежбањето помага но најефикасно е масирањето со раце во тупаници и се масира нагоре да се подобри циркулацијата и да се разгради целулитот. Јас се масирам со антицелулитното масло од зиаја, и за ефектот од тоа не можам да коментирам ама во комбимација со масажа е топ. Најпрво е тешко да се створи навика ама после 1 недела автоматски ви доаѓа да се масирате на тој начин. Што се однесува до мадеро не сум пробала, но не е препорачливо да се оди во било кој салон, бидејки ако не се професионално обучени вработените можат да се предизвикаат проблеми од сериозни размери, пр хематоми и сл. А за масажа со раце имам одено и во салон, може побрзо ќе се добие ефектот, но ова треба да биде рутина не само нешто што ќе го правите 1/2 месеци, затоа одлучив да го споделам моето искуство. Ова доаѓа од некој што пробал секакви третмани(освен хируршки). Поздрав
Леле , ако не ми ставеше @aceee99 лајк , немаше да ја отворам темава, воопшто не сум добила известување дека ме имаш тагирано. Да ти одговорам на прашањето- ДА , тоа беа третмани за слабеење на стомакот и џабе потрошени пари. Да те апдејтувам после 7 месеци со закаснување. Последниве 3 недели, видно ми е намален обемот и стомакот. Лекот бил за без пари. Пиење вода што е можно повеќе во текот на денот. Џабе фрлање пари за масажи, ма какви диети и глупости. Вода си е вода. Се осеќам ко пердув , видно ослабена, вратена во топ форма - зборувам за физички изглед
Здрава исхрана, тренинг и јак карактер сето тоа да го издржиш додека не ја постигниш целта, а одкако ќе ја постигнеш веќе ќе си навлезена во тој ритам и начин на живот па така да нема ништо да ти е тешко. Со креми не си го лажи умот, а масажите се ефикасни ама очекувај после пауза и седење дома пак целолитот да ти се врати.