Има ли некој пробано мадеро терапија? Да каже од искуство дали е ефикасно или можеби рачните масажи се подобри.
Јас го имам користено гелот на Авон, но не помага многу. Пилингот со талог од кафе помага во некоја мера да не се познава толку
Две недели пијам по 2.5 L. вода дневно. Неможам да опишам колку ми се исчисти целулитот. Како не направив пред и потоа фотки. Втор пат го пробувам овој експеримент и ми успева. Само што првиот пат брзо се откажав, сега веќе не се откажувам. Одам до крај. Ова со водата го правам бидејки немам многу слободно време и енергија за вежбање, работам во 3 смени, иако сум нонстоп во движење, ако би одела и на теретана редовно, мислам дека уште побрзо ќе стигнам до целта. Сега само строго здрава исхрана и многу вода и движење. Нема благо, нема пржено, нема брза и преработена храна. Само свежо, варено, печено. Сепак водата одигра наајголема улога. Чудотворна е. Се прашувам како некои луѓе јадат се и сешто, не се физички активни, а немаат ни целулит, имаат чиста мазна кожа, тонирана кожа, изгледат помладо. Јас за да бидам таква како тие луѓе, треба да се откажам од секаква храна. Пошто само тогаш мојот најдобар физчки изглед излегува на виделина. А мене брзата храна и благото одма ме дебелеат, кожата ми изгледа постаро, целулит се ствара. Дали мислите дека гените сепак си го прават своето? Дали гените имат најголема улога во физичкиот изглед, наспроти животните навики?
Женски од секогаш сум била слаба со одлично тело. Од кога се породив ми остана стомак, и сакам малце задникот да го затегнам. Што мислите дека највеќе ефект би ми дало? Мадеро или?
Теретана и исхрана. Јас сум таква, буквално морам да сум на здрава исхрана нон стоп и вежби за да си го одржавам телото. Научив кој намирници не ми влијаат добро па ги избегавам иако до пред 2-3 месеци иако бремена си одев на вежбање, ориз и млеко за мене се смрт. И јас познавам девојки који не пазат воопшто на храна, вежби никакви не направиле па се слабички. Сепак јас си го сакам тој затегнат изглед кој издава дека се работи напорно за совршено тело.
Да, и мене млечни производи, ориз и тестенини не ми влијаат добро. Ги заменив со оризово, кокосово и бадемово млеко, посно сирење, интегрален ориз, ржов леб, лосос.. и уште што не најдов. Како и да е, водата ми е "главна улога" за борбата против целулит. + редовно кардио и вежбање со мали тежини. Добро е што си сфатила дека треба да го сакаш и цениш изгледот добиен од напорно вежбање и пазење на исхраната. Тие што го имаат тој затегнат изглед, а сепак не пазат на ништо, не значи дека се здрави. Сепак здравите навики се од огромно значење. И чуството кога ги постигнуваш саканите резултати и гледаш дека ништо не е за џабе.
Najefikasni se kremite shto mnogu przat ama jas ne smeam da gi koristam poradi kapilari. Drugite kremi dzabe frleni pari.
Има ли некоја искуство со slim tone третмани против целулит? Гледам во Силуете имаат некој попуст на групер и се мислам дали да земам нешто. Имам ептен тврдокорен целулит на бутовите, не знам што најдобро би помогнало. Пијам вода, вежбам, ама друго е ова, многу одамна го имам.
Дали некој ги има користено производите на GUAM ги има во Зегин. Читав коментари на Амазон и има и позитивни и негативни нормално. Се мислам да си се почастам за денот на жената меѓутоа ме интересира искуство бидејќи не се воопшто ефтини.
Домашно и ефикасно чаре за целулит ако може? Пијам по 2-3 литра вода секој ден ( ко по норма), почнав да вежбам, ставам од Satwa лосион ама сакам побрзо да го снема. Ако може домашно чаре да кажете, да помине карантинов ќе трчам по други препарати.Не ми се бафта сеа да купувам
Да. Инаку до сеа 5-6 пато ставам пред туширање (секој ден) Држам по 15 минути, се вцрвенувам ко ќотек да сум јадела , ме чеша телото. Уште видлив резултат немам. Пошто сум слаба не ми е видлив целулитот освен ако не се штипам, тогаш се гледа иначе вака на око површински не се гледа. Читав на интернет за талот од кафе @SofiMar_ ко што кажа, читав и за маслиново масло со лимон, ќе пробувам и со тоа. Мора да го снема
Јас имам масер од авон, пред неколку години со некоја антицелулитна крема го користев и навистина приметив резултати, ама си сака убаво масирање до болка. Е сега не знам што крема користев тогаш, не знам и дали кремата воопшто играше улога или од масирањето беа резултатите. Да ми препорачате некоја крема што би можела да ја користам со масерот, по можност во ДМ да ја има.