епа затоа после трчаме во веце нонстоп ама затоа после од бубрезите сета вода и штетни токсини ги исфрламе преку мокрење... така да таа вода не се задржува во бубрезите... хммм по моја логика па сега видете си вие, најдобро си знаете.. позз
Ако ја држите фолијата саат, саат и пол не е штетно, не може за тоа време да се врати водата во бубрезите, а не чини цела вечер да се замотате и така да спиете, е тоа е веќе штетно
Девојки еве неколку состојки што ги имало во најефикасниот серум против целулит. Можеби сега е доцна да се спреми за летово, но за догодина може. Сите овие состојки ги користиме скоро секојдневно, исушени може да се стават во маслиново масло (или во масло од бршлен купено од аптека) да отстојат два месеци, а потоа да се помешаат, па за догодина ќе имате најефикасен серум против целулит Состојки на серумот: - масло од кора од лимон - делува како природно средство против крварење и како антисептик. - масло од семе од морков - го стимулира растот на клетките и ја регенерира оштетената кожа - ловорово масло - балансира помеѓу масните киселини во клетките и ја измазнува површината на кожата. - масло од ѓумбир - ја подобрува циркулацијата, ги отстранува проширените вени и целулитот. - масло од розмарин - ги активира природните регенеративни способности на клетките. - масло од чемпрес - ги стеснува порите и ги лекува површинските испукани капилари. - бршлен: квалитетен е за отстранување на вишокот вода и маснотии. Ја стимулира микроциркулацијата, ги разбива маснотиите и спречува таложење на нови. - цимет: ги растопува маснотиите под кожата. Брзо и ефикасно го разбива целулитот На пример кората од грејпфрутот може да се стави во тегличка со маслиново масло да отстои два месеци. Слично подгответе си ги и другите масла и помешајте ги.
Јас сабајле влегов во Тедико и случајно го видов кремот од Фитофарм и го купив, околу 200 ден беше кремата од 100 гр. и плус 200 гр. гел гратис. А уљето од бршлен побарај го во Зегин, јас порано од таму го имав купено.
Ме интересира дали некоја девојка го има користено антицелулитниот гел со пилинг Танана од Фарма Логист? И какви ефекти има? И...дали од подолго време користење на овие гелови и тоа редовно има некоја негативна последица осим што целулитот малку од малку не се познава и ја прават кожата фина?
И јас го барав тој на Фитофарм во Тедико али ништо,ни акција ни попуст ни бутур.Сакам да ве прашам дали е Леа тој што го користите вие или некој друг?Јас тој го зедов,мислам дека 18о денари беше 100 мл.
Јас денес бев во тедико и имаше уште акција .Ама сеа зависи и во кој град барате .Инаку да на леа е , и 210 денари се кремот 100 мл и има гратис гел 200 мл .Јас уште малце имам од кремот може пак ќе си земам , додека се на акција
Јас користам на Гарние и ќе видиме.Откако ќе го ставам по некоја минута чувствувам ладно на нозете па ќе видиме дали ќе има некаков ефект
Добар е тој на Гарние, јас потрошив веќе две пакувања и имаше ефекти. Секако е подобар од тие на Меилаб и Фитофарм, мене воопшто не ми делуваа тие два, ниту сапунот од Докторс.
odam veke 3 meseci na vezbenje i ne koristam nisto za celulitot i bas vecerva zaprimetiv deka ne kako so beshe duri i ne se poznava pa zato vi preporacuvam odete na vezbanje
jas gi imam probano skoro site kremi i gelovi za celulit (tie sto se do 600-700 denari) i nemalo nikakov, ama bas nikakov efekt. Nitu pak vezbanjeto i pesacenjeto mi pomognale. Sega go zemav ovoj gelot Celugel na replek, ama i se masiram so tupanica t.e. so koskite na prstite, i mozam da kazam deka ima nekakov efekt.Znaci mnogu e bitno da osetite deka celulitot se pridvizuva pri masiranje, so drugi zborovi - treba da boli. P.s Dali moze da pokazete nekoja slika od tie peperutki ili bilo kakvi slicni masazeri.
Скап е ,ама мајке ми прави магии ..Остајте корените,солта и кафето,и јас така се правев ко свиња у кочина се додека не сфатив дека нема резултати и за целулитчето треба чиста хемија.