Не ти треба. Од хормоните ти е, а и не треба ништо да мачкаш баш сега. Ако веќе ти е до толку, масажа со некое масло и толку. После бременоста кога се ќе се врати во нормала, дел и од целулитот ќе се изгуби. Естрогенот си го прави своето.
Дали некој друг освен мене приметил дека Сатва на Алкалоид (зелената) не е повеќе тоа што беше? Земав пакување од 500мл и зажалив, не забележувам никаков ефект, ниту пак пече и ја вцрвенува кожата. Минатата година користев скроз поинаков беше.
Да се пофалам, исчистив добри 80% целулит. Како? Душата му ја извадив со масажер два ипол месеци (копија на релакс енд тоун), душманска рачна масажа, стискање, гмечење и било каква крема/гел/масла антицелулитни колку да лизга. Потрошив се: сатва, крем фитофарм, гел бршлен, евелин тие што загреваат, едни крем и гел заедно во пакет исто на фитофарм на акција двете 180ден. и од ниедна посебно нешто не приметив, значи до масажата е. Плус по нешто вежбички и многу вода обавезно. Вежбам и на орбитрек може и тоа има врска.
Нанесуваш со кружни движења на деловите зафатени со целулит, најдобро е после туширање бидејќи ти се отворени порите. За да имаш ефект потребно е посилно масирање, со стисната тупаница или со масажер ако имаш најдобро. Самиот препарат нема да ти даде ефект без масажа. Јас периодов го третирам целулитот со т.н. техника на суво четкање пред туширање, да ја одморам кожата од сатви и чуда. Кожата после тоа е мазна и мека, а приметувам и подобрување, макар што и немам којзнае колку целулит.
Не е многу. Боли издржливо и тоа најчесто болка се појавува кај што имаме најмногу целулит натапкан (фиброзен) на бутините странично. Ние имаме и на задник, ама нема коска таму па кога се работи со една од оклагиите која оди до хиподермисот (према коската) не боли на задник како на коска. Но тоа масерот треба да знае колку смее да стиска и начин на работа и правилно користење на оклагиите. Инаку предобро е. Резултат од прва има.
А дали мора секој ден третманите да бидат? зашто девојкава ми реце мора 10 третмани напоредно секој ден..
Како може она да знае дека можеш секој ден? Ако имаш тенка кожа и омодриш? Прво кожата треба да навикне дека се работи па после може интензивно да се почне секој ден ако не си нежна. Ептен е битно тоа. Јас не работам мадеро моментално ради бременоста инаку се има своја политика нормално и убаво е да се почитува. Ако ти рекла дека со 10 третмани ќе се исчистиш одма батали ја. Никој не може да ти гарантира колку време ќе е потребно да исчистиш нешто од тебе поготово ако е чуван целулит со години. Мој совет ти е ова обавезно да го гледаш. Или ете ќе земеш уште 10 после. Што ако е воден целулитот и се исчисти пример со 12 третмани? 8 третмани како ќе ти надомести? Пиши лп ако сакаш малце подетално да те упатам да не ги замараме тука девојчињава , оти мене ме обучаваше жена која мадеро работи кај нас меѓу првите. Не ти кажувам за да те разубедувам, најпријателски пари да не си фрлаш за џабе само.
Девојки, каде да најдам четка за суво четкање? (во Охрид) Последниве 2 години ми се појави многу многу целулит. Редовно вежбам, трчам, пијам многу вода, но сепак целулитот ми е премногу видлив, премногу, порано само кога ќе ја стиснев кожата имав, но сега сум дупки, бетер од кора од портокал на задникот и нозете. Знам дека не може да се ослободам од ова во потполност, но сакам да прашам како да ја намалам видливоста.
Јас ја земав од Рамстор околу 150 денари и можам да кажам дека има намалување на целулитот. Исто ми помогна и со поткожните влакна.
Здраво девојки. Прочитав дека неколку имаат веќе искуство со мадеротерапија, па сакам да ве замолам да ми препорачате добра масерка или место каде што сте оделе на мадеротерапија.
Мене ми имаат кажано ако се прават антицелулитни масажи,не е добро во тој период да се вежба зошто целулитот ќе се згрутчел (или ака нешто ) и уште потешко ќе може да се отстрани...што мислите ?вистина ли е или ?