Имам направено преку 40 мадеротерапии, комбинирано со трчање (по 15, 20 мин), не внимавав на исхраната, а изгубив дури 20 цм во обем Битно е да не одите кај козметичарки, одете кај професионалци, резултат мора да има
Девојки здраво, ваше искуство со мадеротерапија и вакумслим48.Јас за две недели имам закажано, мислев само мадеротерапија за отстранување на целулитот кој на нозе го имам премногу, но ми препорачаа за топење на мастите во комбинација со вакумслим48
Здраво девојки. Сакам да прашам во која аптека го има антицелулитниот крем на нивеа bye bye cellulite или гел кремата firming+cellulite Q10 нивеа и дали ја знаете цената од прилика колку е
Драги девојки, дали некоја ги има користено овие креми за целулит, доста се промовирани последно време ама некако ми изгледаат како добар маркетинг само?
Без грижи, тие две во комбинација се бомба. И многууу добро делуваат Па јас одев на мадеротретмани и на вакумслим , во салон за убавина
јас ги имам користено , но немам многу целулит и имаше ефект на затоплување и кожата ми беше црвена, има ефект но секако ако во мегувреме пиеш барем 2 литри вода и барем некоја физичка активност и здрава храна , инаку така само да се мачкаш не вреди
Здраво @LadyC , дојдов на форумот баш за да видам име кое други девојки го препорачуваат. Те молам пиши тука, или пиши ми во дм каде работи жената која ја спомна? Фала
Еве ќе ја тагнам @kirra.n да каже јавно како и е, она почна на третмани кај Снешка ( Лиде мислам ја масира) па најубаво е јас да не зборам вака пристрасно, нека каже девојчево.
Zdravo zenski jas sega kupiv sattwa gel protiv celulit, ne deka imam mnogu duri i ne se zabelezuva kaj mene ama sakav i toa da go nemam. No se namackav i ne osetiv nisto samo blago zatopluvanje kade sto se mackav. Gresam nekade pri postapkata na stavanje na gelot ili...... Bidejki nekade procitav po tusiranje treba da se stava na shisheto pisuva samo da se macka so kruzni dvizenja.
И јас почнав со мадеро и исто и мене ми рече жената.. резултати ке сум имала за 10 третмани. Кога отидов да прашам за мадеро ме легна на креветот и ми направи кратка рачна масажа да го видела целулитот. Јас имам премногу целулит на нозете и тоа бајаги одамна го имам. Сега ептен ми излезе и решив да пробам со мадеро. Жената ми рече дека во комбинација со вакумслим ке имам подобри резултати. Ми даде совет дека првите 3 третмани е подобро преку еден ден за да се навикне кожата. Јас поради работа идев 2 еден по друг, и сега баш имам модрици. Ама и тоа ми го кажа.. дека после 2 и 3 третман ке имам модрици. Сега сакам да вежбам на орбитрек паралелно за подобри резултати, ама исто имам слишнато дека е подобро да се вежба после завршени третмани зашто ако се вежбало потњшко се разбивал целулитот. Некој со совет?
Чим те легнала да види целулит врска од животот нема . Леле извини, не ми е парите што ви ги зимаат, нестручноста и немањето соодветна обука. Ај прашај ја нареден пат каков тип целулит имаш? Оти не е еден вид. Аууу... Се изнервирав. Се ќе ти нуди нормално за пари да ти земе плус. Извини стварно, сакам конкуренција, ама саглам да е. Еве баш се пишав со @kirra.n , прашајте ја какви резултати има. Нити ова, нити она, само мадеро...
Препорачајте салон во Скопје за Вакуум слим 48 ? Дали навистина има ефект, т.е намалување во см по првиот третман?
Ке видиме како ке биде после 10 третмани, баш ке ти пишам. Се договоривме 2 вакумслим да направиме додека ми прави мадеро и наводно нема да се покајам топ резултати ке биле. Ке ти пишам како напредувам. И мене ми стана чудно толкава количина на целулит за 10 третмани.. ама ајде. На секкави глупости фрлив пари па и козметичаркава ке ја пробам Едит: ептен ја фалеа женава, се надевам дека ке биде добро