Ќе може да ми кажете како се движат цените за мадеро отприлика? Воопшто немам претстава, дали се наплаќа посебно по третман или вкупно да речеме за 10 третмани?
Има од 200 па нагоре од третман. Има 10 за 2000, 10 за 4000 и сл и сл. Има секакви. Проблемот е што ретко која е обучена, ама сите грабнале оклагиите и работат мадеро. Ќе треба време ама од уста на уста ќе се исчистат тие.
Има секакви. Јас пример не работам пакети. Себично е да ветиш некому дека со толку и толку ќе го средиш кога не зависи од мене. Од многу фактори зависи. Колку време е таложен, вид на целулит, дали ме слуша што кажувам кога ќе почне кај мене, дали има хормонален дисбаланс, естроген и сл. Не е тоа лесна математика и никој кој ќе ви вети дека ќе ве исчисти со толку и толку третмани не е ок у мадеро. Значи ние не сме Ванѓи, а тој што го таложи 10 години не може да очекува дека со 10 третмани ќе го извади. Напротив, ќе излезе на површина и уште погрдо ќе изгледа . (П.с. јас немам добивка од ова што ви кажувам, мадеро не работам сега, а ни набрзо пак оти сум трудна . Значи се е добронамерно споделено) .
Нормално, значи со 10 третмани може убав резултат да се добие да се измазни прилично доста кожата ама да се извлече целулитот цел,не. Поготово ако е таложен со години.
Не. Со 10 третмани може ако е воден целулит да се исчисти. А ако е фиброзен ќе изгледа ужасно. Таман почнал да излага на површина - останал таму. Се е дискутабилно. А како би се измазнил целулит освен да се извади? Секоја оклагија има своја функција. Една мазни, една работи до хиподермис, една обликува, една го крши, една го разредува итн итн...
Послушај ја sneki ubica celulita на youtube , она самата вели дека кога ќе излезе на површина целулитот такс 2-3 дена седи и тоа портокал ефект потоа се повлекува. Во секој случај ако е личноста со стар фиброзен целулит , НОРМАЛНО дека со 10 третмани нема да се исчисти.20-25 би тренале сигурно.
Јас срце пракса гледам, работам професионално тоа и резултатите ги знам. Ако си убедена ти во некоја јутуберка ондак слушај нејзини совети. Не гледам поента да се докажуваме, терај како мислиш, сепак секој си знае најубаво за себе.
Ср срцка ти од таа “јутјуберка” најпрво си дошла до таа работа да ја работиш. sneki ubica celulita е првата жена која во Србија ја донесе мадеротерапијата како нов изум за отстранување целулит, тоа се рашири низ цела земја па потоа стигна кај нас. И таа не е “јутјуберка” туку 2 личности и правеле интервју и она така сподели некои совети, tips and tricks.. Но секако, зошто нашава убава македонска нација би слушала некој друг освен себеси? НАЈПАМЕТНИ СМЕ СИ.
i jas imam problem so celulit, poslednite 2 godini mi se pojavi , ne sum debela no celulit imam od kolenata do strukot , i na dieta nesto sum no celulitot si sedi 9znam od dieta tesko da go snema) nekoja delotvorna krema ako znaete ama poeftina da e pisete
@LadyC заборавив да ти пишам. Моите мадеротерапии испаднаа ко што ми кажа ти, значи после 10 те (кои беа секој ден никако не упсеав да се убедиме бар преку еден ден зашто веќе имав уплатено цела сума и ми кажа дека ќе ми пропаднат парите) ми рече дека минимум уште 20 ќе ми требаат, ме болеа првите 5 многу после не толку, со модрици цела по нозете, со многу малку намален целулит.. значи навистина човек треба да знае каде да отиде не е за сите оваа метода...ама памет за другпат...
@andrejko82 да внимаваш многу каде одиш. Не знам кај си била, ама друг пат да одиш кај физиотерапевт, кој го знае телото, лимфна дренажа, не кај козметичар, обучен со курс само. Мадертотерапија ти е еден вид линфна дренажа. И целулитот се таожи со години не можи одма туку така да се намали и зависи каков целулит имаш. Боли на почеток да, боли каде шо имаш целулит. И се прават преку еден ден, не секој ден. Со мадеротерапија, мораш многу вода да пиеше, не знам дали тоа ти го кажаа, без вода пиење ништо не правиш. Мора внимавање на исхрана и ако вежбаш никако со тежина, оти така го стегаш целулитот. Зависи каков целулит имаш, ама треба време и зависи колку го имаш. И ако се решиш треба упорност, оти ако само почниш и не довршиш, тој ќе излези на површина и бетар ќе се познава.
И тебе морам да ти се умешам. Никогаш не можеш да знаеш дали е физиотерапевт со 6 месеци курс или е со средно, факс. Плус не сум чула физиотерапевт да работи мадеро. Ама и да има , исто е. Пак е се дискутабилно. Или знае, или не знае. Инаку и ние знаеме што е лимфна дренажа, применуваме, применуваме и рефлексологија, ама сме обучени од доктор. Така да... Кадарот е необучен тоа зборам. Сите купија оклагии, диплома од 6000 денари и отворија фирма. Тоа не чини. Секому се е дозволено. Да не зборам колку на црно работат... Ама и од тие има ептен саглам. Тоа е груба вистина.
Не можи да бидиш физиотерапевт со курс првин, никако.Не за џабе има факс за учење, да познаваш физиологија, да ги знаеш нервите, мускули се. Јас бев кај физиотерапевт правев мадеро. И едно е обука, друго е да изучиш курс не кај доктор кај сака нека е и друго е да го познаваш телото на човекот. А за тоа шо викаш да сега општо секој втор зема курс за нешто и одма отвора. Затоа треба да се внимава каде се оди. Лично јас кај козметичар не би одела, шо направил некој курс и ајде ќе прави сега.
Па јас познавам курсисти. Има во Кочо Рацин курс за физиотерапевити. Не ти треба ништо, само пари. Не зборам на памет. А за изборот твој слободно, секој бира кај оди, никој никого на сила не тера, тоа не покажува професионалност повеќе или помалце, баш напротив, доктори има со купена диплома кај нас и неструки во дадена бранша. Нема везе, битно е да се распрашате убаво пред да правите било што. Ја од Анчевски пр знам девојки со дупки у лице. Сепак доктори се, нели?
Епа не знам дали можи да работи во болница, уште помалку во странство. Смешка со курс еј, А од анатомија не знаат. Вака дупките на лицето се од акните, деца шо имаат низ цело лице ако му остануваат дупчиња и нема споредба доктор и со курс. Ако беше за со курс немаше никој да учи, посебно не се години. А кометичар шо бил на некој курс за лице, не можи ни со Анчески ни со друг да се споредува, ако беше за со курс, зошто учеле за Дерматолози? Немам шо да коментирам повеќе, јас се изјаснив. Освен депилирање, а за мадеро, а најмалку за третман на лице не би пошла кај козметичар.