Леле штета, видов дека имаш познавање околу целулит. Мојот е фиброзен ми се исчисти малку од лани ама ми останаа дупките. Сега ми се појавува на раце и стомакот и нема спас гледам.
@deskarada @LadyC Скорс рандом ви се уфрлам во муабет, но сакав само нешто да пишам. Патем физиотерапевт сум, се уште не работам тоа, но имам завршено средно и факс (уште дипломска) физиотерапија. Мадеротерапија не сме учеле по ниеден предмет. Би рекла затоа што се недоволно заинтересирани да ја обноват програмата во средно и на факс за понови техники кои се користат во медицината, не само мадеротерапија, туку општо, многу техники од физиотерапија и рехабилитација кои секаде во светот се користат со години наназад а нашиве физијатри и физиотерапевти уште немаат слушнато за тоа. Па и како би слушнале, кога се уште учиме од учебници напишани во 90ти години, од кои пола се на српски затоа што очигледно немаме квалификуван кадар да напише наши учебници или барем истите да ги преведе. Ама нејсе тоа, забегав со муабетот. Муабетот ми беше дека мадеротерапија не сме учеле. Имам видено неколку курсеви за мадеротерапија и така и се заинтересирав да видам што е точно тоа и кои се придобивките од истата, но на тоа остана. Можеби и ќе се посветам на тоа во иднина. Го кажувам ова затоа што џабе е да барате сигурност во физиотерапевт за ваква работа кога и самите не сме учеле ништо околу тоа ниту во средно, ниту на факс. Ако наидете на физиотерапевт кој знае мадеротерапија, тоа е затоа што си одлучил сам да инвестира во себе и да заврши курс/обука. А за лимфна дренажа уште помалку сме разглабувале како дел од студиите. Тажно но вистина. Со овој факултет во нашава држава. ако не одлучиш да инвестираш сам во себе со додатни курсеви, обуки и читање стручна литература, џабе ти е се. Да, можеби со текот на работата, стекнуваш искуство и знаење и за тоа, како и за се останато во праксата. Пак ќе кажам, не ми се укажала прилика да работам како физиотерапевт се уште, се она што го имам видено и работено било на пракса како дел од студиите. Се надевам дека ми ја сфативте поентава на муабетов. @LadyC Баш ме заинтересира па сакав да те прашам. Можеби си пишала претходно а не сум видела, но стекнав впечаток дека не се занимаваш со мадеротерапија само со некој завршен курс. Па сакав да те прашам како стигна до тоа - каква обука заврши и каде? Малку е оф-топик и се извинувам за тоа.
@Arja Не знам во кој град студираш, братучеда ми студираше физиотерапија и тие учеа лимфна дренажа, со пракса се, посебно пракса многу имаа. Оти имаш Скопје, Битола и Штип. Муабетот ми беше, да треба да се усовршуваш, имам многу работи посебно стручни за по семинари, дополнителни обуки, ама ти си во нештото, си физиотерапевт, си учела за тоа и имаш широк спекатар за усовршување. А друго е пример си економист и ти текнало ај курс за мадеро ќе земиш и за две недели мадеро ќе правиш толку готово.
Јас изучив средно во Скопје, а тука и го завршувам факултетот. Имам познаници од средно кои студираа во Штип и ептен лесно си поминаа - Испити за кои јас се утепував од учење, тие ги завршија со семинарски, без никакво практично знаење. Не знам како е за Битола ама не очекувам да е поинаку. Тие се предметите, тие се книгите. Е сега каде учеле лимфна дренажа, баш ме заинтересира. И доколку е така, блазеси и на знаењата и на посветените професори. Да, имаме подобра основа од некој што ќе заврши само курс, но сепак, верувам во преквалификација. Оној што сака да научи нешто ново и да промени професија, може лесно да го направи со овие курсеви. Истото е и за масажа - реално не ти треба факс, затоа што пак ќе кажам, не се посветува толку внимание на тоа, најверојатно сметаат дека со праксата си доаѓа знаењето. Така што според мене барем ми е тотално океј некој да направи промена на професија и да заврши курс/обука за масер или мадеро па да си работи, под услов да си се доусовршива во текот на работата. Ова е само мое мислење.
Имам во Работнички, жената е професионален масер (не знам дали е физиотерапевт) повеќе од 26 години, тоа спаѓа како дел од програмата што ја терав како дообука 6 месеци ( една од обуките) , но најмногу научив кај жена што можеби е смешно, ама е козметичар и физиотерапевт со курс, која е меѓу првите која работи тука мадеротерапија и меѓу многу девојчиња е позната. Пратив веќе едно девојче кај нејзе, мислам баш пиша дека со 7 третмани има видливи резултати, но женава има ненормално познавање и искуство , па верувам дека сум обучена од прав професионалец зашто јас за разлика од неа тоа го работам само 3 години и нема до сега девојче кое не било задоволно. Не е до мене, мајстор прав имав навистина. Пак ќе кажам, немам никаква добивка, жената ми е муза, имам преку 8/9 обуки и дообуки до сега земано, планирам да продолжам, но се, буквално се' што научив е од Снешка, без оглед дали е медицински/спа/естетски/луксузен педикир, дали се масажи (и не навлагам во дел за физиотерапевти, не чепкам ако имаат болести, препраќам кај стручни лица) , депилации, мадеро, габични инфекции... Едно ќе кажам. Многу, многу си ја сакам работата. И секогаш ќе си учам и секогаш ќе се дообучавам зашто сум исполнета на работа. За себе учам. Не учам некому да се докажувам, но сепак ме исполнува кога имам со кого да дебатирам и да споделам искуство или мислење.
И јас имам низок притисок те сфаќам,ама мислев умерено не ставај многу. На мајка ми и смета солено одма отекува цела
Дека ми се правиш паметна ко секоја втора тука, а сите знаеме дека едни од други учите за мадеро. Ја лично со 10 убаво светнав, а мајка ми (45) со 20ка вешти раце, тоа е. Ти сигурно ги имаш во секој случај не ти го потценувам занатот. Позз
На крајот од денот терај кај сакаш, ама да потценуваш и да зборуваш кој од кого и како учи воопшто немаш право! Нити знаеш, нити ме знаеш, нити можеш да кажеш нешто што ама баш уопште не се разбираш! Зашто си го бараше ќе ти кажам. Да не коментираш многу немаше ни да ти се ставам сега, ама нити знаеш што е мадеро,ни лимфна, нити знаеш нешто за мојата струка, ама битно се докажуваш со мене оти сестрата на комшиката од трети спрат имала познаничка што завршила физиотерапевт што ВРСКА нема со она кое ние го работиме! Ама нели. Ние сме правници, доктори, градежни инженери, сезнајќи и сл. Ќе те блокнам да не ме замараш мене бар со изјави. Полесно ми е него да ме полниш негатива. Од такви како тебе бегам подалеку. Поздрав
Сум за масажи кај стручни лица, но верувам дека треба и самите да стекнеме навика да се масираме во домашни услови. Целулитот не се отстранува со 10 20 30 третмани засекогаш. Треба одржување на телото константо и стекнување навики.
Jas denes pochnav so madero,prv pat vo kombinacija so vacumslim48.Mn bolno mi beshe....dali kaj site e taka posle 1 tretman ili jas sum nezhna,pa ne znam dal ke go izdrzham vtoriot zadutre Imam i mali modrinki na nekolku mesta,ne znam dali i kaj drugite e taka...
Дали има некој искуство со Sattwa гелот паралелно со вежбање? Дали се нанесува пред или после вежбање? И дали воопшто има резултати од него?
После вежбање, односно после туширање кога се отворени порите.. Повеќе е до масажата отколку до гелот, обрни повеќе внимание на тоа, резултати мора да има.