Јас работам мадеротерапија вече 3 години и со сигурност ти тврдам дека НЕ СМЕЕ да се појават модринки ни под разно.
Здраво има ли некоја да оди на вакум слим 48 да ми каже дали навистина има резултати и од колку минимум третмани? Во салон ми велат дури од еден па се слабее ? Мене повеќе ми е за целулит претходно имам правено мадеро и сум презадоволна од резултати сега после пораѓај имам пак па би сакала да го решам.
Од салон се ќе ти кажат, само за да легнеш на масата. Не се разбирам доволно во тоа, мислам дека ако смениш исхрана и вежбаш, подобро е. Ама чим викаш сега после пораѓај, сигурно немаш време за сето тоа. Пешачи, пиј многу вода, масирај се со креми (не мора да трошиш пари на креми против целуит, масажата јас мислам дека многу повеќе помага отколку самата крема ). https://www.glamourmagazine.co.uk/g... like cheese,fat, including that of cellulite. https://www.smudailycampus.com/sponsoredcontent/promoted/5-foods-that-cause-cellulite https://www.healthline.com/health/how-to-get-rid-of-cellulite-on-thighs#Home-remedies-for-cellulite
Јас ги користев антицелулитните креми на Avon, и можам со задоволство да кажам дека воопшто нема никаков ефект )))) само ме натераа повеќе да си го засакам телото.
Ја подолго време користам природни средства од билна аптека стојанови и после 2 потрошени креми веднаш имаше резултат.
@LadyC Ако може вие да ми одговорите веќе кога имате познавање, претходно сум имала ефекти од мадеро и тоа ептен, вакум слим несум пробала, дали би имала ефекти за време на доење или пак да не фрлам оари уште? Фала однапред
Додека доите и година дена после пари не си фрлајте. Хормоните се сите несредени и им треба отприлика година да се средат бар малку од малку. Инаку резултати особени ќе нема.
Колку сакам вака коа некој ќе се пофали дека си го решил проблемот многу лесно ама нема да сподели како. И не разбирам како тоа подолго време а после само две креми.......?
Пред да се почне со третмани, најважно е да се испита кој терапевт како работи. Нормално, преку искуства од други и слично. Приказни од типот " нормално е да се појават модринки " и слично е аларм за опасност. Во моето искуство сум видела девојка модра од задникот до глуждовите, правела некојси вакуум третман и терапевтката и рекла дека тоа е сосема океј. Девојката дојде за консултација кај мене ,бидејќи сакаше да продолжи со мадеротерапија. Глетката беше страшна, буквално не постоеше еден сантиметар квадратен без модринки, па заврши на трансфузиологија, со Хепатромбин и антикоагулантна терапија. Три месеци потоа, состојбата беше сосем стабилна, изведовме 10 мадеротерапии и ниту една модрина не се појави. Пред да се преземе било што, најважно е да имате сигурни информации. И друго, состојби со нарушена венска циркулација се апсолутна контраиндикација за мадеро и други антицелулитни терапии. Многу ми е жал за твоето искуство, се надевам дека во иднина нештата ќе се подобрат
Јас одев на мадеротерапии,и малечки модринки се појавуваа. Во приказни како- “не треба ниту една не смее да се појави” не верувам. Најдобрата терапевтка која мадерото го донела во СРБИЈА а тек потоа се пренесе во МАКЕДОНИЈА е всушност Снеки Убица Целулита ( има свои оклагии + масло ) самата во 2 интервјуа изјави дека нормално е да се појават модрици. Бев кај една терапевтка која пренежно ме работеше и без модрици, и 5% резултат после 5 третмани, и кај друга до малку модринки и резултати 80% до 10 третмани. можеби е и индвидуално, НЕ ЗНАМ.
Некој да ми каже дали body wrapping и електрично ќебе имаат ист ефект, а ако не кое е подобро? Исто така колку може да се ослабе и во кој временски период? Ако имате искуство со некој салон да ми препорачате и да ми кажете како се движат цените и дали на пример од 10 третмани би имало ефект или мора повеќе.
Не одат заедно, ама тој што ја знае техниката знае дека не треба тој модринки, не треба модри, хематоми ич, може некоја што за ден, два да минуваат ептен кај тенка кожа...
Се согласувам во целост ,сепак е најважно кому го поверуваме нашето здравје ,затоа што на денешницава постојат еден куп самоуки "професионалци" кои прават сериозни штети и шират невистини околу текот и исходот на третманите. Не би сакала да го пропуштам летниот одмор поради кој сум одела на мадеро од срам и страв од хематомите, кои се појавиле поради нестручна манипулација. Иронично..