Zdravo devojki kje go spodelam moeto iskustvo so madero terapija vo beauty box coko vo Aerodrom 10 masazi madero za 6000 denari. Sekako pred da uplatam bev na konsultacija. Devojkite mi rekoa lele pa ti nemas celulit mnogu ama i toa sto go imas kje go sredime. Uplativ sekako, posle vtorata masaza mi se pojavija ogromni modrici. Potrosiv dve kutii hepatrombin do 10 masaza. Ne mozev da sedam od bolki, imav modrici i na grbot poso pravev na celo telo za spojlerite itn. Celulitot mi izleze na povrsina, izgledav poloso vo nozete nego pred da se odlucam da praam madero. Taka da ne si gi davajte parite za gluposti samo sportski aktivnosti i masazi anticelulitni
Затоа не се прави во секакви козметички салони мадеро. Сега секоја втора прави мадеротерапија. Да имаш големи хематоми е контраиндикција. А тоа шо излегол на површина е океј, целулитот мора првин да се извади, па после да се среди за да го нема, инаку како. Ти треба уште да правиш. 10мадеротерапии се многу малку. А и првин се третира една регија, пример нозе средуваш, или стомак, спојлери. А така со шетање по цело тело ништо не правиш.
Nisto vekje ne pravam, ne smeea da si dozvolat modrici da imam tolkavi. Za drug pat kje znam povekje i kje se informiram. Sama sum si kriva.
Модрици секогаш ќе имаш, но не преголеми и НИКОГАШ на стомак / грб. Жал ми е што си имала такбо искуство а пари многу.. Се согласувам Мене по 6та масажа ми исплива се на површина па продолжив 15 да напраам
Јас мислам дека сум добила на ,,генетската лотарија''. Мајка ми нема целулит, немам ни јас, а не внимавам на исхраната и не сум особено физички активна т.е. не спортувам. Но малку целулит не пречи, мислам дека се ретки жените што немаат.
Здраво девојки Од која крема за целулит сте најмногу задоволни? Немора да е крема, било што сакам да ми препорачате но да помага.?
Сатва, не е крема, гел е. Евтино а ефикасно. Сепак најголема улога игра масажата, што се однесува до крема, и најевтината ќе ти се покаже ефикасна доколку ја нанесуваш со масажа, има еден куп на интернет.
Јас користам Сатва и предобар е , го имам и сапунот. Имаш помали,поголеми од 300,500,1000мл , јас обично од 500мл зимам околу 500денари беше мислам али не сум сигурна и сапунот околу 200ден.
Сега ве читам луѓе, арно девојчево ми пиша лп, еве ви број од Снешка, пишете како ќе минете. 070962282 Чисто, ако не ја слушате што кажува не очекувајте резултати. Режим на исхрана, се' што ќе ви каже за успех 100% . Инаку Снешка се наоѓа до Сити Мол у малиот трговски кај Џакомо пицеријата. Пишав погоре, извини стварно не сум ја видела нотификацијава... Ако ви треба совет било каков пишете ми ве молам лп. Нотификации ми стигаат многу некогаш во исто време и не гледам таг. Тие што мислите дека со 5, 10 или 15 ќе ги решите масните наслаги - не си ни давајте пари ич зашто : 1. Не може никоја масерка да знае колку вам ви требаат точно за да се отстрани (сите сме различни) 2. Колку почитувате она што ќе ви се каже 3. Има период од месецот кога се почнуваат да се применуваат третманите (не се почнува пред циклус) 4. Мора прво да ослабете ако имате многу килограми, мадерото прави форма на тело и чисти целулит, кај многу дебели жени не помага, нека не ве лажат. 5. Мадеро летно време не се прави, се прави зимно за да можете без стрес да го исчистите целулитот. 6. Модринки може да се појават кај тенка кожа при работа и тоа е се' ! 7. Боли третманот и не е пријатен (не е неподнослива болка, ама еве мене лично ме боли на одредени делови кај имам апла мн) , поготово онаму каде има целулит 8. Секој третман е се побезболен со самото разбивање на целулитот 9. Има повеќе типови целулит, не е еден И уште мн мн работи... Прашајте доколку имате плус прашања у лп.
Здраво видов неколку коментари за Мадеротерапија. Па сакам да ви објаснам од стручен аспект бидејќи го работев тоа. Зошто се појавуват модринки, и дали е нормално? Мадерото не треба да биде насилно, особено првите три третмани кога се подготвува ткивото. Повеќето знаеме дека антицелулитна масажа не прави модринки, но доколку не е изведена правилно и таа знае да де модринки. Мадерото е подлабоко кршење на масното ткиво - целулитот благодарение на дрвените оклагии. Затоа мора да се има осет до каде може да се оди. Внимавајте кој го одбирате да ви прави мадеротерапија, не уплаќајте пакет пробајте подобро еднаш да ви биде направен третман. Има исклучок има клиенти со побледа кожа кои се свесни дека и при најмал удар се прават модринки. Затоа моја препорака за таквите клинти е антицелулирна мазажа за да се ослободат од целулитот. Искрено и јас се имам соочено со многу модрици и неквалитетно мадеро да не можам на газ да седнам. Модринките само го одложуваат процесот на чистење додека да заздрават не се работи на исто место. И не заборавајте има страшни модринки црни, сино темни тоа никако не смее да се случи. Најдобро мадеро е мадеро без модринки да се постигне ефектот на загревање и длабоко обработивање степен по степен а не нагло. Кога сме кај антицелулитните креми од мое искуство можеби е поскапа но има ефект на GUAM а исто така што може секој да си ја дозволи и дефинитивно имав ефект ја омекнува кожата и ја мазни ја има во дм на EVELIN. Кавитација во процес на доење не се применува бидејќи мастите кои се топат по пат на липолиза доаѓаат во црниит дроб. А постои можнос масти да се исфлат и преку млекото како што се исфрлаат преку мокрачата(погуста, жола, чуден митис) како последица од топењето со кавитацијата. Затоа не се применува инаку можеш да топиш и со шестчоларен ласер. Вакум слим сум правела во Битола, но Скопје не знам. Можам да ти кажам дека третманот ако го изведуваат правилно професионалци тогаш е предобар потиш и вода течи од тебе. Зави од термо ќебето во што те ставаат да се загрееш. Инаку јас навистина се истушив со нив, детокс прават измазнува кожа ама нр нешто wau како антицелулитни третмани. Извини но ќе те ДЕМАНТИРАМ И ЈАС СУМ ФИЗИОТЕРАПЕВТ, И СО ОВА САМО ЈА ДЕГРАДИРАШ СВОЈАТА ПРОФЕСИЈА. САКАМ ДА ТИ КАЖАМ ДЕКА МАДЕРОТЕРАПИЈАТА НЕ Е ДЕЛ НИКАКО ОД ФИЗИКАЛНАТА МЕДИЦИНА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА. САМИТЕ ЗБОРОВИ ТИ КАЖУВААТ ШТО ЗНАЧИ. АКО ТЕ ВЛЕЧИ КОЗМЕТИЧКИ ПРОЦЕДУРИ МОЖЕШ ДА ЗАПИШЕШ КУРСЕВИ ИЛИ КОЗМЕТИЧКО СРЕДНО. МНОГУ МИ Е ЖАЛ ШТО ПОВЕЌЕТО ВО ДРЖАВАТА НЕ ЗНААТ ШТО ЗНАЧИ ФИЗИОТЕРАПЕВТ. (НО КОГАИМААТ МАЛА СКРШЕНИЦА ОДАТ НА РЕХАБИЛИТАЦИЈА, КОГА НЕКОЈ ВО ФАМИЛИЈА МУ ИМА МОЗОЧЕН УДАР И ТУ КАКО ЗНАТ ДЕКА ПОТОА ГО РЕХАБИЛИТИРА ФИЗИОТЕРАПЕВТ, ТОЈ ШТО Е СПОРТИСТ ИЛИ ИМА ВО ФАМИЛИЈАТА И ТУ КАКО ЗНАЈ ЗА СПОРТСКИ ПОВРЕДИ И РЕХАБИЛИТАЦИЈА... ИТН МНОГУ ОПШИРНА СТРУКА ИМАМЕ) НО ИМА РАЗЛИКА ФИЗИОТЕРАПЕВТ ОД МАСЕР ОД КОЗМЕТИЧАР. ПОМЕЃУ ОВИЕ СТРУКИ ИМА ГРАНИЦА. КАКО И КАЈ ДРУГИТЕ СТРУКИ ИЗВИНИ НЕ БЕШЕ ДА ВЕ НАВРЕДАМ НО МЕ РЕВОЛТИРА КОГА САМИТЕ НЕ СИ ЈА ЦЕНИМЕ И ЗНАЕМЕ ПРОФЕСИЈАТА ТОГАШ ШТО ОСТАНА ЗА ДРУГИТЕ. САМО ВО МАКЕДОНИЈА ВИ ТРЕБААТ КУРСЕВИ ЗА ФИЗИОТЕРАПЕВТ ЗАТОА ШТО РАБОТОДАВЦИТЕ ИМ ТРЕБААТ СТРУЧНИ АМАЛИ, А НИКОЈ НЕ ПРЕБИРА БИДЕЈЌИ МУ ТРЕБААТ ПАРИ ИНАКУ НИКАДЕ ВО СВЕТОТ ФИЗИОТЕРАПЕВТ НЕ СЕ ДООСОВРШУВА СО МАДЕРО ТЕРАПИИ. ИМА ДА СЕ ОПРЕДЕЛИШ ДАЛИ САКАШ ДА СЕ ЗАНИМАВАШ СО БОЛНИ И СЕ ЗАПИШУВАШ НА МЕДИЦИНА - НАСОКА ФИЗИОТЕРАПЕВТ( УЧИШ 53 ПРЕДМЕТИ КАКО ДА ИМ ПОМАГАШ НА ПАЦИЕНТИТЕ И ДА ГО НАПРАВИШ НИВНИОТ ЖИВОТ ПОДОВАР) И ИМАШ НАСОКА УБАВИНА СЕ ЗАПИШУВАШ КОЗМЕТИЧКО И СЕ ОСОВРШУВАШ СО КУРСЕВИТЕ ЗА НОКТИ ЗА ВЕЃИ ЗА ТЕЛО ИТН....
Зарем човек не може да има други интереси надвор од професијата? Малку ли физиотерапевти одат по дома и масираат за екстра пари на страна? И на тој начин ли си ја деградираат професијата што одат и се однесуваат како обични масери? Или ако сум физиотерапевт не можам да учам козметички процедури и тоа да го работам надвор од работно време ако сакам? И нејсе, не ти го сфаќам муабетот. Мојот муабет беше дека баш би сакала да научам мадеротерапија во иднина, доколку имам шанса, затоа што изгледа доста интересно и од корист и сакав да потенцирам дека како физиотерапевт не сме учеле затоа што точно, нема потреба да учиш козметички процедури како физиотерапевт ама можело да се спомене во делот за масажа, не е на одмет.
Да! Човек учи додека е жив. Се согласувам и можеш да изучуваш што ти сака душа. Но не може да ја додаваш мадеротерапијата во факултетот за физикална медицина. Тоа и ми беше муабетот видов дека велиш не е добро образованието за физиотерапевтите и дека немаме мадеро... дека не сме учеле, нормално нема да имеме. Но никој не ти брани да изучуваш и козметички процедури. Не си ја деградираш професијата со изучување настрана работи од неа. За мадеро не ти треба воопшто медицина ни физикална. Кога сме кај масирањето по дома. И самата знаеш дека во целиот свет физиотерапевтите се признаени како самостојни медицински работници само кај нас тоа не е регулирано. А бидејќи платите и те како се катастрофални дали на државно или приватно тоа е. И затоа повеќето одат да извадат некој бонус на плата. И поради тоа НАРОДОТ МИСЛИ ДЕКА ФИЗИОТЕРАПЕВТИ СЕ МАСЕРИ. Се си е поврзано. Нашата струка е неспоредлува со физиотерапевтите со странство. Знаеш по што по ставот кон физиотерапевтите прво, многу ценети и почитувани, а тука не ни станува збор дали ќе те масира физиотерапевт. Имав случка побарав масажа ид физиотерапевт и ми рече вака - НИЕ ТОА НЕ ГО РАБОТИМЕ Јас моментално сум надвор од Македонија со македонски пасош, со изучување на странски јазик, далеку од блиските, си заминав оти нема иднина. Создавам мое семејство тука како и многу други. Овде платата е 4000 евра за физиотерапевтите, знам колку вредам колку сум вложила во учење, не за да ме наречат масер, и да ми дадат 900 ден од 1ч. Јас те охрабрувам доколку навистина ја сакаш нашата струка да се надградуваш, (има мулиган има кинезитејпинг курсеви) имаш плус 2 години да се насочиш што сакаш да специјализираш, во медицината секогаш се учи нема застанување. Во Македонија е грешка што на факултет се запишуваат голем број на студенти а нема толку работни места. Лошо е што сега не се критериумите како порано. Секој завршува факултет.