Ви помогнала ли некоја од кремите против целулит што ги има во Авон, ДМ и сл.? Зборувам за оние на Bioten, Eveline, Avon итн. или можеби имате подобар предлог.
Која кал ја употребуваш? Мислам дека имаше кал што загрева и кал што лади... Едит: Видов погоре дека си одговорила. Други производи од Гуам имаш пробано?
Како ги комбинирате Вакуслим48 и мадеротерапија. Дали може да се прават во ист ден и по кој редослед, или мора преку еден?!
Пожелно е во ист ден да се прават за супер резултати мадеро + вакуслим48 во ист ден, па преку еден ден пак мадеро + вакуслим.. и така да се истераат неколку пати во комбинација, во зависност од потребите
Ти благодарам многу. Така и ми препорачаа, но некаде прочитав дека не се прават во ист ден, туку преку еден (еден мадеро, еден вакуслим).
Јас ги правам во комбинација и имам супер резултати прв пат слушам дека не се прават во ист ден искрено, обично сите ги прават во ист ден
kolku cinat od prilika ovie 2 proceduri? I nekoj da ne znae koj dermatolog vo Skopje e najdobar za niv
Во Велес цените се од 500 до 650 за третман Вакуслим48, и 300/350 за третман Мадеротерапија. Верувам дека во секој град е различно. А за дерматолог не би знаела да ти кажам.
Здраво на сите. Ја зедов кремава вчера и денес ја пробав за прв пат. Дали случајно некој има искуство со кремава? Па искрено и не е ефтина баш 987 денари за 100 грама ама ќе видиме баш. Претходно имав позитивно искуство со крем на афродита ама не можам да го најдам, не се сеќавам точно на паковката. Розев беше со грчки букви напишано.
Некое искуство со кремите за целулит ама што ладат или бар што не загреваат. Евелин видов има една во дм ама не знам дал е ок.
Бошке, јас зедов на Гуам крема со загревање и имам одлични резултати. Сега наредно планирам да земам крема со разладувачки ефект, прочитав дека имало и таква. Соленки се со цена, ама кај мене првпат е да се намали целулит од крема.
За поголем резултат мачкај крема, масирај кружно да загрее и сама умотај ги нозете со се бутки у фолија обична проѕирна што е за храна. Измери со метро пред и после. U r welcome