Глеам сите ја зборат, од кај ги земате? Не ми одговара таква што загрева ама чим има и друга да разглеам.
Не смеам, имам испукани капилари на 2-3 места и сега да ја дотрошам кремава, па ќе ја земам таа со разладувачки ефект. Со оваа не мачкам кај капиларите, гледам колку можам да пазам. Во Зегин ги има сите производи на Гуам.
Од ладна депилација имаш испукани капилари ако имаш нежна (тенка) кожа. У тој случај воопшто не смееш да користиш др освен разладувачки.
Јас 1800 ден. ја зедов на попуст, а мислам дека е околу 2200ден. редовна цена. Ама трае, ја користам скоро 4 месеци и уште има. Да, многу нежна кожа имам. Ама не знам ни од што, ни од кога ми се направиле. Пред да се депилирам со шеќерна паста последниве 4 години, се поминував со машинка.
Од влечење се прават. Затоа мислев дека ти е од ладна, таа е погруба од топлиот... Која ја влечеш кожата пукаат капилари
Луѓе и јад се загреав за кремите на Гуам, ама многу скапи бе... За крема толку не. Уште 1000ка и ке си уплатите мадеро или рачни масажи, што во секој случај сигурно има многу поголем ефект него креми. Моментално одам на мадеро па ке пишам резултати кога ке ги завршам масажите. Е кој има пренежна кожа и не поднесува масажи ок е во добра крема да се вложи, ако стварно има ефект.
@LadyC Да те прашам ми треба стручен совет. После кој третман мадеро целулитот треба да почне да се намалува? Уплатив 10 третмана, ми останаа уште 3. Целулитот ми е излезен на површина, но сеуште не е намален. Ми е страв да не си направив беља да ми остане така на површина ... Почнувам да се нервирам ем пари лупнав, па уште да не видам резултати или бетер да ми е целулитот .
Со 10 третмани не се чисти целулит срц... Пакетите се ужасна работа, може ќе ти требаат пр 15 третмани, а ти мораш 20 да уплатиш... Натапкан, стоен целулит треба да се третира целосно и после обавезно на месечна база да се одржува за да не се врати... Не би знаела да кажам уште колку ќе ти требаат, зависи од кожа, од целулитот, од севкупна слика, ама малце ќе се уште 3 ако дури сега излегол на површина... П.с.Бетер не е секако, веќе е излезен на површина, сега најгадно изгледа, ама мора да го завршиш и исчистиш веќе кога си почнала. Сега само останува да се разбие.
Да да стварно изгледа ужасно, како да имам повеќе одколку кога почнав со масажи. Мислев барем ке ми се поднамали од 10 масажи, не мора целосно да го снема, ама сега за сега тешко. Во право си за пакетите, можеби ке ми требаат уште пет, зошто да плаќам десет... Ке видам што ке направам па ке пишам пак кога ке ги завршам.
Јас имав многу целулит и минатото лето секој ден пред туширање се мачкав со мешавина од кафе, кафеав шеќер и маслиново масло стоев неколку минути и го мијав. После одреден период забележав дека значително се намали целулитот и не изгледаше толку лошо
Јас планирам да закажам мадеро. Ама не знам колку третмани? Ми рече девојката 10 да закажам, пакетот е таков, па ако не се доволно не морало цел пакет туку ќе си плаќам од масажа по 300 денари.. Што мислите? Да закажам ли 10? Немам многу целулит, ми се намали кога почнав со диети и вежбање, трчање..
Дечки, имам 19 год и таа ми кажа дека целулитот не ми е малку за моите години. Денес ми беше 4та антицелулитна и штознам ја прашав дали има надеж за ова, а таа ме праша а правиш ли ти нешто друго освен масаживе? Малку се издепресирав дека дадов џабе пари како и таа да сакаше да ми каже нема лесно да се среди. Дечки ве молам пишете мислења и совети.
Бидејќи си помлада верувам дека ќе се среди со 10-15 масажи, но секако треба многу вода пиење и пазење на исхрана. Нема да се среди само од масажите доколку дојдеш дома и изедеш хамбургер, чипс итн... Таму кај што е таложен целулитот со години треба многу упорност, јас го средувам од месец февруари, имам уплатено 4ти пакет од 10 мадеро и дури сега ми се гледа крајот. Се трудам да пазам и на исхрана, иако имам отстапувања. Среќно
Девојки да препорачате некој салон во Ск кадешто одите на мадеро, а не ви се појавуваат модрици? Имам мн нежна кожа со капилари и вени на површина па не би отишла негде без препорака.