Здраво девојки, јас од денес почнав ова да го правам, ептен пече, па ќе видиме за резултати уште е рано. Исто така и 2 месеци веќе сменив исхрана. Помага наводно и за целулит. Ако некоја од вас го има користено, нека сподели искуство... или некоја ако е заинтересирана, ќе пишам резултати. https://www.zivotistil.mk/domashen-tretman-za-instant-namaluvane-na-obemot-na-teloto/
Девојки дали со комбинација мадеро и вакуумслим се намалуваат масни наслаги и целулит? Мене ми е потребно за намалување обем?
Додека се бањате гледајте што повеќе да трите таму каде што имате целулит. Повеќе физичка активност, помалку седење/лежење/стоење во место. Повеќе овошје и зеленчук, помалку брза храна. Печената и варената храна нека ја заменат пржената. Мене ова многу ми помогна и сега не ми се знае целулитот ич. Од мене толку, од тие со повеќе знаење - повеќе.
Дали го смени начинот на исхрана? Џабе ти се масажи ако секој ден си на бургери. Гледај повеќе да внесуваш здрава храна и повеќе вода. Реално мора и ти да се потрудиш, да не ти бидат џабе парите.
Да споделам искуство, Мене ми помогна антицелулитен крем од лимес. Не сум зачлената значи не го рекламирам за да продадам или било што го порачував од кај една пријателка потрошив 4 кутичина во комбинација со метабо чај грам немам целулит на нозете редовно го користев два пати на ден и ослабев искрено некое килце. Топло ви го препорачувам сега сум бремена неможам да го користам во моментов оти не се користи во бременост ама само што ќе се породам ќе земам пак оти сигурно ќе ми излези повторно после порајѓаот
Се хранам многу здраво, внимавам речиси на скоро се. И физички сум доста активна, а вода пијам +1.5л во денот. И храната има улога мнооогу, потполно се согласувам. Ама ете, целулитот и кај мене е присутен, а водам доста здрав начин на живот.