Слабо срце шознам ама ми се чини дека нема промени баш .Незнам веќе аман стварно , да лежам цел ден и да јадам се нема да ми биде жал да имам .......ама вака станувам сабајле во 7 возам велосипед па на јаже скокам , после во 6 попладне трчам пред легнување стомачни правам и не јадам леб , благо и мрсно ....Плус и кремите ги косристам незнам шо треба повеќе А да не заборавам и зелен чај пијам секој ден ... И незнам веќе шо да се проба, мајка ми сака да го нарачаме масажерот од топ шоп , плус и за целулит има нели тоа.Ако знаете уште нешто за целуилит кажувајте веќе незнам друго .... И појас сега ќе си купам за при трчање па ќе видиме . од август сме на припреми таму ептен ке не трчаат ај може тоа ќе помогне .На толку активно спотрување пак ми се појави , аман више од него
^^^ плус ако е 200 мл јас едно такво трошам за една недела. За месец ќе ми требаат 3-4. А математика до толку знам , да му се сневиди, многу е стварно. Повеќе вежби и вода, зелен чај, и солидна крема се наоѓа до кај 500-800 ден, и тамам си е .
Абе за тие пари ќе си платиш и антицелулитни масажи во салон. Многу е...што вика Трендафилка,јас едно такво за една недела ќе го испостискам... Гуглав малце,истражувале и дошле до откритие,вијагра измешана со обична крема или антицелулитна крема давала магични резултати,па во идина може ќе излезе вакво нешто на пазарот. Мислам дека дедо ми утре ќе го пратам во аптека.
Ами ваљда нема да тресам самата од себе ,искуство се разбира мое и на најблиските со кремот.Гарантира фирмата и јас ти гарантирам од проба,а трајно таму мајка ми си знае
Па за 4 недели имаш резултати така да со две ќе поминеш,нема толку да претеруваш не е убаво,а и јако е оваа..Јас поминав со едно .
не сум имала целулит ..ниту ќе имам мислам ...нели донекаде е тоа вина на гените , па баш добри гени имам жените наназад во мојата фамилија немале проблеми со тоа , верувам нема да имам ни јас
абе ова кремиве ако се на база на бршлен ..... шо сте ги купиле.... ја ке ви кажам се мачкам 3 месеца со тоа па што знам не е нешо вов разлика... треба најмалце 4 месеца да се мачкаш со крема од бршлен за да има ефект
Имало некакви таблети од докторс на природна база за отстранување на целулит, околу 200 - 300 ден. во Зегин. Ги пробал ли некој?
sakam da ve prasam dali moze da mi preporacate nekoj salon kaj sto ke mozam da dobijam onaka nekoj saglam masazi ili stimulacii,tretmani za namaluvanje na telesna tezina i gubenje celulit.pozdrav
Салон Сандра,не знам тел.број,ама во вчерашна теа има,побарај има. Имаат пакети од 3000 до 9000 денари.
Јас одам на третмани во салон Две срца-одма до ТЦ Бисер. Имаш различни третмани и пакети и се доста ефикасни, кажувам од искуство. Поздрав.
Дали некоја го пробала Cellugel, од РеплекФарм, сега видов реклама со три цурици облечени во розево, со розеви стегачиња, како се шлапкаат со гелот.
Јас го имам пробано,уште кога беше во старата амбалажа,врска нема.Ја вжештува кожата само и толку брзо се суши што нема да имаш време убаво да го размачкаш,а нема ни резултати,што е најважно. Пробај го од гарние тоа во туба што е,со гумичка зелена на капачето,не ваљаче,туку гумичка.Јас од тој некако најзадоволна сум...сега ми е касно веќе за мачкања,одморот ене го кај ми е.