На фб страната на Гуам имаа објавено и доле во објавата имaше #zegin. Од утре почнува попустот. А мислам дека само во Зегин ги има.
Не се лажни производи туку дејствуваат површински, ја измазнуваат кожата. Никој не се надева дека ќе му влезе длабински и пуф! аш целулит. Замисли има методи што помагаат, масажи што го разбиваат последниот целулит што ни кардио ни вежби со отпор не го топат. Целулитот многу често се појавува поради хормонски влијанија, а не зашто некој не пие вода и не си го дига гзот од кревет. Вакви постови со проповедање јас сеа ќе ви кажам вие сте многу наивни ме вадат од такт. Он: Искуство со GUAM Антицелулитната крема, не кал? Оваа: https://zegin.com.mk/mk/guam-anticelulitna-krema-250-ml
Што да ти кажам, ако вистината те повредува до тебе е. Производите ко што кажа, може само површински некоја кратка илузија да напраат, што значи не помагаат да се отстрани целулитот. Одредени видови на масажи помагаат, но само со масажи исто така не можеш да го отстраниш целулитот. Јас не наведов причини зошто некој можеби има целулит, наведов како можеби со многу упорност може да се отстрани целулит.
Што бараш во тема за целулит кога очигледно не те засега и го имаш хакнато системот да не ти се појавува сега секогаш и во вечни векови? Јас не се навредувам зашто знам дека секој заслужува да си ги троши парите како сака, па дури и само за визуелен ефект и мазна кожа на допир. И не проповедам како некој да си го лечи целулитот на мојот начин, а да го девалвирам неговиот, како што правиш ти. Борбата со целулитот е цел живот и бара одржување зашто сме осудени на хормонски бури од бремености ПЦОС, итн.
Од што заклучи дека мене не ме засега тема за целулит? Реков јас дека не ми се појавува? Ако кажам што мислам на темава одма проповедам. Слободно троши си ги парите на што сакаш, никаде не спомнав на што некој да си ги троши парите. Знам дека борбата со целулит е доживотна борба и човек би пробал се', па и вакви некои креми и гелови, ама баш зошто знам колку е тешко, за повеќето (реално) невозможно да се отстрани, затоа кажав (според мене ) како МОЖЕБИ би можел да го отстраниш. На темава не се зборува само за козметички препарати...
Некој да има искуство со крената за целулит од аптека Стојанови, ми се виде евтина али нз дали вреди да се проба .
Се сложувам со @MissChievous кремите против целулит се залудни, ако не вежбаш, внесуваш многу вода и внимаваш на исхраната. Креми, гелови и слично само ја измазнуваат кожата моментално и можат да бидат плус, ако не се придржуваш до горе наведеното. Масажите се супер, ама само кај професионалци и пак мора да пазиш и на друго. Но колку толку ке се намали. @Noemi Мој, твој начин на отстранување на целулит нема. Се знае кој е начинот. И џабе давате по 3000ден за креми. Никогаш не би, подобро уплатете си пакет масажи.
Целулитот не е нешто што може да се отстрани, само евентуално може да се намали. Јас и кога сум била во најдобра форма, со вежбање редовно, и со јадење ептен clean, целулитот си го имам. Помирена сум со фактот дека е дел од телото, од мојата генетика, па дури и на подлактицата да ја стиснам кожата се забележува. Инаку не сум со вишок килограми, никогаш не сум била.
Мадеро кај луѓе шо се разбираат у комбинација со поздрава храна и физичка активност е добитно трио за мене. Никогаш не сум имала којзнае какви проблеми со целулит, али без мадеро, само вежбање и храна, кај мене не давало којзнае какви резултати.
Во ред, а колку пати во неделата смее да се користи ? И дали може на модрица да се става? Фала ти многу
Штом не е наведено на страницата на Алкалоид, би требало да може секој ден да се користи. Може и на модрица да се става само што нема да можеш да се масираш на тоа место.
Од секогаш сум имала проблем со целулитот, ама во скоро време изгубив дваесетина килограми, имав физичка активност и пиев вода нормално ама до пред некое време немав забележано дека дупло повеќе ми се забележува, откога ослабев буквално како да ми излезе целиот на површина. Знам дека и генетиката многу влијае кај мене ама многу ме нервира и грдо ми изгледа на мене зошто вистина е многу на цели нозе и задник. Читав за Сатва, но гледам дека има повеќе антицелулитни производи, па дали според ваше искуство мислите дека ви ми помогнале и кое од нив е најдобро?
Мислам дека со редовни масажи, суво четкање, доволно внесување на вода, правилна исхрана и физичка активност може да се подобри изгледот на деловите од телото со целулит. Сатва имам користено многу одамна и нередовно и не знам дали имав оформено некакво мислење за балсамот. За масажа сигурно ќе биде добар. Секако е еден од поевтините антицелулитни производи. Јас се мислев дали да купам производи од Гуам кога беше попустот и на крај се откажав. Не ми се даваа толку пари.
Покрај редовната рутина што ја имам од скоро почнав да практикувам и суво четкање и пилинзи, се надевам дека ќе има резултати.
Вежбам секој ден Пијам по 2л вода дневно, ама не пазам на исхрана пошто сакам да се здебелам.И иам целулит, вака не се гледа пошто нозете ми се тонирани, и буквално мускул ми е малтене сѐ, ама кога ќе се фатам, гледам нешто што не сакам да видам… Чаре? Време за масажи немам, да одам по салони.Вака не се гледа, ама јас знам дека си го имам и ме нервира, а јадам доста џанк фуд, пржено, транс масти..Не можам на брокули да живеам Кажете некоја крема Мајка ми имаше на Сатва една црвена, се шлапав порано се масирав, само не памтам дали имаше нешто резултат
Ако немаш време да одиш на масажи, масирај се домче. Јас си купив Сатва , и се масирам секој ден со масажерот на од Топ Шоп, и брка работа да ти кажам. Прво ми исплива на површина, а сега и полека го снемува. Немам голема килажа, 58 кила сум, моментално се трудам да дојдам до 55, па се надевам оти нема да имам многу килограми, и дека нема да се познава ради тоа. Една нога ја масирам по 10-15 мин секој ден, навечер или преку ден зависи како имам време, после тоа пијам доста вода, за да го исфрлам.