Во петок ќе одам на Мадеро па ме интересираше на што да обрнам внимание, за колку време има резултати и колку третмани се доволни за тврдокорен целулит?
Mislenje za siluette,endosfera gledam se reklamira 250€ cini toa megjutoa dali e eftikasno konkretno za celulit
Почнав со масажите и попатно дома се мачкам и со оваа крема. Само да напоменам на кремава пишува дека е само за оние кои се физички активни, ама јас ете ќе се мачкам кога веќе ја имам.
Сега почнав,првата убаво ми беше ама ми искочија модринки бидејќи имам осетлива кожа. Многу вода ме тера да пијам и многу мокрам. Во принцип тоа е. Утре идам на втора масажа. Инаку, јас во Малта плаќам 10€ од третман,во Мкд имаш варијабилни цени и поисплатливо е во пакет да земеш. Целата работа е да пиеш многу вода и да не јадеш многу бел леб,благо. Упорност треба. За ефект е рано да кажам после трета или четврта масажа. Првите две се болни,после е релакс.
Благодарам многу за одговорот. А да ве прашам во Охрид од кое место сте задоволни, кој се занимава со вакви масажи, пакет цена дали нешто знаете? За Охрид нема да добијам многу одговор, искрено досега се немам никаде распрашано за ова.
Поконкретно за кои масажи станува збор и каде? Сакам некој пакет но не знам кој дава најбрзи и најдобри резултати
Мадеротерапија за целулит. Најдобра е. Јас сум во странство, за Мкд распрашајте се зависи од град до град и професионалец.
Исто и јас. Го имам од мои 12,13г, а слабичка цел живот. Таква ми е кожата... Сега и вежбам, јадам здраво, пијам вода и пак си имам... Се мислев да мачкам крема некоја, која би ја препорачале? Бар колку толку да пробам да го намалам...
Пробај со мадеро. Со крема ништо не правиш. И јас немам вишок ама имав целулит. Кај мене многу брзо имаше ефект. Конкретно за крема, на Гуам се најдобри.
Цените на мадеро варираат. Од 500 од третман па нагоре. Често прават и пакети, зависи од салонот. Гуам ги има во зегин, изгор се 2.500-3.000 ама се стварно добри.
Има различни. И за обем и за целулит. Најдобро да им пишете на инстаграм или фејсбук каков проблем имате и ќе ве советуваат кои креми се најпогодни за вас. Ама не се ослонувајте само на крема. Без добра исхрана, физичка активност и еве кај мене мадеро има ефект, само крема сигурно нема да направи чудо.