Пијам мноопгу вода, вежбам , исхраната можеби не ми е перфектна , јадам се ама по малку, и пак имам целулит. Приметив дека dry brushing многу ми помага. Е сега покрај вежбање сакам и некоја крема. Која крема би ми ја препорачале?
Кои третмани се најдобри, немам многу но се познава, мадеро 10 лани немаше ефект, рачни 10 пред некоја година исто нема ефект, tesla former да не има пробано некој или нешто друго?
@PoisonIvyFatale не знам дали си пробала антицелулитни масажи, помагаат доста. Кремите се повеќе маркетиншки трик, можеби нешто минимално површински , но сепак масажа е масажа.
Дали некоја била на вакуслим третманите за топење на обем околу стоак после пораѓај? Гледам доста имаат ефект со тие ако има некој и студио да препорача ко гума да имам околу стомак хах
Истражи си малку на гугл, ама третмани како Тесла, Емскулпт и слични се ефикасни ако масното ткиво не е многу наталожено, некаде како да читав дека има начин да се измери со штипење на површината. Инаку се супер како третмани, ама само за enhancementна резултати постигнати со вежбање, не очекувај чуда. Исто како со ЕМС вежбањето, ништо магично. И плус рачунај дека тесла е бајаги скапичка, емскулпт може да е малце поефтин. Кремата не ме свиѓа, не осеќам дека нешто менува, калта е супер, чај(?) не сум сигурна на кој чај мислиш, ако мислиш на дима дрен, тоа се ќесички концентрат кои се раствараат во вода, не се лоши ако се работи за не знам, некој период после празници или кога си ждерела многу, па малку да се издишеш, инаку повторно, ништо посебно, и сите овие не се трјни решенија и не водат кон трајни резултати. Голем минус што во Македонија се изгор скапи, скоро дупло разлика има меѓу цените во Италија (или Србија на пример). Малце претеризам.
Бев на мадеро после една година, за жал не смеам повеќе масажи ризик е ради здравјето. Се уверив денес. Дали има некоја навистина ефикасна крема што ќе го топи а притоа нема создаде дополнителни проблеми?
Извини, каков проблем предизвикува мадеро? Оддамна размислувам да почнам. За креми и гелови, Гуам гледам многу се фалени,заедно со хеланките…размислувам и за нив
Можат да се јават модринки, ако е неправилна и полош проблем. Ако имаш проблеми со вени дефинитивно не е за тебе. За гуам не знам. Треба да се топи, многу вода да се пие и претежно здрава храна.
Оооо не ми текна на тоа….немам проблем со вени Гуам,јас ти ги препорачав, да се консултираш со нив дали се безбедни
Јас моментално ги користам овие на Натура Сиберика детокс и особено сум задоволна од кремот со бела глина (се одмива). Пробај ги https://biodevojka.blogspot.com/2023/05/detox-kamchatka.html
Ако имаш проблем со вени земи си од Гуам геловите со разладувачки ефект. Тие со загревачки ефект не се препорачуваат за проблематични вени и капилари. Пиши им, ќе ти кажат и тие.
Гледав вчера нешто, имаат хеланки и нешто за разбивање на цврст целулит.. колку ќе има ефект не знам.
Многу ги фалат ама сепак јас мислам дека е многу индивидуално, плус сите имаме различни барања и очекувања. Лошо помина на мадеро? Јас утре ќе почнувам, досега немаме працело. Години наназад сум правела рачни антицелулитни ама ајде реков да пробам мадеро како поефикасно само баш се плашам да не дојде до многу модрици. Ќе видам како ќе реагирам.
Имав длабока венска тромбоза пред една година и пред да се случи тоа идев на масажи и бев ужасно модра. Кога ја прашав дали смее врз модринки да масира кажа дека така избивал целулитот и дека ќе се повлечат. Праев 5 третмани изби на површина ама за жал ги прекинав затоа што ми се откачи тромбот и ми заврши во плуќа. Нејсе, сега после една годна пак бев ама имам модрици и се уплашив да не биде пак по старо и ги откажав третманите. Ризик е, така да тие што имаат проблем со вени и капилари, да внимаваат модриците не се баш наивни.
Баш ми е жал за лошото искуство. Реално, масерките знаат да се многу безобразни само за да извлечат пати. Имебо, на едно место каде што прашував за мадеро, ги прашав дали може да се прави секој ден, ми рекоа да да, најпрепорачливо е секој ден. На друго место кај што прашав, притоа масерката беше дипломиран физиотерапевт, ми рече дека ниту мадеро ниту антицелулитни не се прават секој ден бидејќи од големиот притисок ткивото се оштетува и ќе се направат модрици. А доколку се направат повеќе модрици не смее веќе да се прават масажи додека модриците не се повлечат затоа што било ризично.