1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Целулит

Дискусија во 'Тело' започната од Mimi, 19 ноември 2009.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.012
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Јас одам на мадеро масажи, и не може секој ден, да. Секој втор или секој трет е пожелно. На почетокот немав воопшто модринки, иако масерката не е воопшто нежна и беше прилично болно. Сега, после десеттата масажа (идам уште на третмани), имам на места модринки, ама се ситни и не се темни воопшто, освен една, таму не чепкаме засега. Зависи од кожата и од крвните садови дали ќе се направат или не, секако и од стручноста на масерот. Мене лични мадерото многу ми ги измазни нозете, и сум задоволна исто како од рачната масажа.
    Инаку модринките не ми се направија од оклагиите, туку од чашките за вакуум. На почетокот тие чашки не ги користеше, чекавме прво да престане да боли (на почеток доста болно ми беше, после третата масажа ја снема болката). Сега кај што имам модринки ме поминува само со оклагиите и рачно.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, buba4e89 и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  2. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    11.674
    Пол:
    Женски
    Што е поефикасно според тебе? Мадеро или рачни?

    Инаку да, ситни модринки се во ред ама не и огромни подливи.
    Јас имав во еден салон многу лоша случка. Одев на рачни, имаа ученичка во моментот и ме прашаа дали дозволувам да ме прави и таа на едната нога, јас дозволив, тргнувајќи од помислата дека и таа мора да вежба за да научи.
    Ме уби, огромни подливи имав, како некој да ме има претепано, фармерки не можев да облечам. Им се пожалив и им ги покажав подливите. 100 пати ми се извинија, а неа ја отстрани ја од салонот бидејќи имале повеќе жалби.

    Затоа, сега многу ама многу внимавам каде одам и барам само места по препорака.
     
    На IamSexyAndIKnowIt и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Па и не се прават секој ден пожелно е секој втор или по една недела во зависност од кожата. Имав виолетови модрици таа и врз модрици масираше со окаглиите, секој е различен и не би рекла ова што зборат нормално е модрица да имаш.
    Има професионалци знаат до каде треба ама има и такви што не знаат.
    Инаку, не беше скап третманот 10€ по 30мин секоја недела правев. Така да, голем ризик ми е.

    Едит: Сега каде што бев ептен добро масираше не ме болеше ама ми избија модрици темни и зелени на различни места и вените ми се гледаат на места каде што не ми се познавале претходно.
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mateica

    Mateica Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    1.997
    Пол:
    Женски
    https://www.crnobelo.com/zivot/ubavina/25870-domasna-krema-protiv-celulit-dava-rezultati-po-7-dena
    Мене многу ми помогна.
    Само не ставив мумио таблети внатре.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.012
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    И тоа и тоа имаше ефект кај мене, со тоа што рачните масажи одеа во пакет со електро стимулации.
    Рачните масажи и електростимулациите ги правев после првата бременост и беа помалку на број, штом прекинав со доење, а сега чекав многу повеќе (6 години после породување, а мене во бременост ми се прави целулит, инаку немам многу), и мислев дека нема да има ефект, ама после 10 третмани кожата ми е видно измазнета, дури и имам изгубено обем на некои места.
    Се плашев и јас за мадерото, оти имам во фамилија историја со венска тромбоза (мајка ми), ама засега немам проблеми. Кожата ми е прилично бела и вените многу ми се познаваат, имам и испукани капилари од креми за целулит со загревачки ефект, ама модринки немам големи, моиве се ситни и светли, на места не се ни гледаат.
    Уплатив пакет од 20 масажи, одев секој втор ден, ама сега малку поретко, на трет или четврти ден, ради модринките, оти користи и чашки со вакуум, од нив се прават тие. Од оклагиите немам ништо, нема ни болка, ама чашките болат доста. До крајот на јуни се надевам да ги завршам, од крај на април сум почната, со пауза кога имав менструација.
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    11.674
    Пол:
    Женски
    Ти Благодарам за исцрпниот одговор:l:
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. VirgoStar

    VirgoStar Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2021
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    767
    Пол:
    Женски
    Јас имам супер искуство со комбинација и рачни и мадеро пред бременост ама за жал после корона не работи веќе девојката. За кое студио се реши и дали комбинации ќе правиш? Јас мое искуство е 2 литра вода обавезно и навечер чај литар магдонос или зелен многу побрзо имаш ефект :)
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    11.674
    Пол:
    Женски
    Првпат слушнав за студиото ама као препорака добив, Double duty the beauty се вика негде кај Кјуби се наоѓало. Прво ќе пробам, после ќе одлучам дали ќе уплатам за повеќе.
    Фала за советот, мора да пијам и вода и чај.
    Инаку, прво закажав мадеро, а после може и ќе комбинирам.
     
    На VirgoStar му/ѝ се допаѓа ова.
  9. PoisonIvyFatale

    PoisonIvyFatale Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2016
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Каков масажер да си земам за дома да си правам масажи?
     
  10. tweety123

    tweety123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    29
    Здраво. Сакам да ве прашам дали може да се направи мадеро т.е даде заврши третманотнедела две пред да се одам на летување? На 2 места кај што прашав ми рекоа месец дена да има простор бидејќи лошо изгледале нозете, на друго место па ми рекоа можам две недели било доволно :|
     
  11. Smurff

    Smurff Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Zdravo barav tema za strii ne najdov pa tuka da prasam dali ste ja koristele kremata i kako ste zadovolni?
    Ili pak preporaka za druga krema
     

    Прикачени фајлови:

  12. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски

    Мене не ме болеше воопшто, само ме чешаше кај стомакот од вакуслим кесата. Инаку колку време ти трае мадеро масажата после вакуслим? Кај мене 10мин. и не ме болеше, најверојатно дека сега сум по стегната дека вежбам секој ден, инаку друго девојче што не и се толку затегнати нозете се жалеше дека ја боли. Инаку модринки ми се појавија минимално, сметам дека тоа е нормално кај чуствителна кожа, сепак се користи прави притисок врз кожата, јас и малку да се удрам онака ептен нежно, веднаш ми излегува модринка. @vericka

    Смешно е кога некој ќе напише А ЗОШТО НЕ ВЕЖБАШ СМЕНИ ИСХРАНА ПИЈ ВОДА, ете цело време го правам тоа и целулитот не си оди, може минимално да се намали, ама од вежбање не се повлекува целосно. Не сум јас атлета па секој ден да тренирам интензивно и ненормално многу, и не можам да пијам по 4л вода, ми се повраќа. Масажите и третманите и те како се решение за целулитот. Дополнителна помош покрај вежбањето и исхраната.

    Инаку цел живот имам целулит, од основно школо од 6то оделение ми се појави, еден совет од мене, секое утро пијте цеден цитрон со ладна вода(не мраз ладна туку онака да не е млака или топла). Многу ги убрзува резултатите.
     
    На malasimba му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    8.186
    Пол:
    Женски
    Го имам, не којзнае колку многу или ептен видлив но ако добро се загледам на светло присутен е, посебно на задниот дел околу бутовите и задникот, кај што е вообичаено нели.
    Сметам дека со правилна и балансирана исхрана би се средило, секако и физичка активност како и одмор и доволен и квалитетен сон, исто и генетиката да не ја забораваме си има удел и те како. Моментално, а и веќе уназад два месеци, не практикувам ништо од тоа за жал.:|
    Да ми смета нешто многу или да се стресирам не но добро ќе беше да го немаше ама што е тука е.:)
    Си имам други побитни работи од глупавиов целулит.
    Топ модели, славни личности го имаат и не се замараат, зашто ние да се потресуваме до толку.
    Самите си ствараме комплекси, никој друг.:nod:
    Да сака некој маана да ти најде и да си "совршен" пак ќе ти најде некоја забелешка така да олабавете и не се нервирајте толку за банална работа. Никогаш нема да сме 100% задоволни од изгледот, го знам тоа.:mm:
    За утеха ако ви е, годинава тешко лето да видиме, така да не се замарајте. Добро, освен вие што ќе идете во тропските краишта па сакате да сте тип топ. Мала шала. :lol:
     
    На TinkaGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. simstb

    simstb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2021
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Девојки, дали може некој да ми даде предлог салон за антицелулитни масажи, по можност мадеро во околината на центар- Скопје?
     
  15. iva555

    iva555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2020
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Се наоѓа кај Кјуби, презадоволна сум https://instagram.com/doubleduty_the_beauty?igshid=NTc4MTIwNjQ2YQ==
     
    На simstb му/ѝ се допаѓа ова.
  16. simstb

    simstb Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2021
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    На TinkaGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. iva555

    iva555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2020
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Јас имам уплатено пакет од 10 масажи сега сум на 5 та и за 50% ми го снема целулитот. Зависи колку имаш ако имаш помалку ке ти бидат и 5 доста. Најубаво отиди си да те видат и да проценат
     
    На simstb му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ena_11

    ena_11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2015
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Здраво, може ли препорака за вакум слим третмани, во кој салон сте правеле и дали сте задоволни и има ли резултати? Фала
     
  19. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    Денес го правев седмиот третман вакуслим+мадеро. Сега за сега целулитот ми е излезен на површина и раздробен е. Бара многу многу внес на вода за да се елиминира. Мадеро масажата се повеќе боли откако целулитот исплива на површина. Многу ми е тешко да внесувам по 3л вода, комбинирам со чаеви без шеќер, вода со лимон, цеден цитрон, добра вода актив понекогаш и се собира околу 3л течности. Модринки имав само две три ситни и брзо поминуваат. Имам уште два третмани до крај. Одам секој втор ден. Дома понекогаш си правам рачни масажи со бебешко масло(ептен ја омекнува кожата).
     
  20. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    8.186
    Пол:
    Женски
    А талог од кафе сте користеле ли против целулит? Демек помагал ама зборам редовно да се користи, пример 6 пати неделно, месец-два и поише.
    Само пак ако помагаше до толку ќе постоеа сите овие третмани? :?:
    Сакам да почнам да нанесувам да пробам, иако пишав погоре дека не се замарам ама глеам како поише да иам, немав толку коа редовно имав физичка активност. А исто шо ме интересира, може ли тесни фармерки оние цевка што се да се причина за целулит меѓу другото? Онака стегнати нозете цело време, а баш па све у такви сум..:^)
     
    На TinkaGirl му/ѝ се допаѓа ова.