Има ли некој искуство со третмани Ендосфера и Тесла Формер, дали стварно има резултати, сакам за зацврстување на задник и анти целулит
Супер се навистина во поглед на изведување на масажите ама не сум сигурна околу хигиената. Кога завршуваат само ги враќаат оклагиите на место без да ги дезинфицираат и исчистат, а тоа е реално голем ризик за кожни болести. На други места сум гледала дека одма ги прскаат со алкохол и ги бришат и веднаш ја менуваат целосно подлогата и дезинфицираат со алкохол пред да стават нова.
Го имам употребувано неколку пати и сум доста задоволна. Последен пат го употребував летото, ама многу силен ефект има на загревање, мислам дека ми гореа бутките и за летен период, посебно во август не препорачувам Ама за да се започне сега со употреба, си е таман. Кожата е многу позатегната. Баш сега би пробала комбинација и со маслото, тоа не ми е испробано.
Јас се имам масирано со тој од Топ Шоп и еден рачен мислам од Џамбо, евтин беше. Со Сатва крема секогаш, најдобра според мене.
Го има ли некој користено и Sattwa и Eveline 3d thermo fat burner да сподели искуство? Кој е поефикасен?
Здраво девојки. Дали може некој да ми препорача тука или во лп каде да одам на мадеротерапија, не сум била до сега, па сакам да слушнам од некој кој веќе има искуство(по можност салонот да е во центар/карпош). Благодарам однапред на сите
Ви ги читам коментариве за мадеро и се чудам. Не може да не боли, ама тоа не е трауматична болка и нормално е за да има ефект дека на местата како меѓуножните бутови да е понежно и малце поболно. Ама далеку од страшно! Сум кажувала и претходно дека МОРА да знае козметичарката што прави и како прави, може некое модриче да се појави, ама дека тоа ќе е хематомче или голема модринка значи дека врска нема од работа! Јас мадеро работам неколку години и до сега сум немала лошо искуство (без оглед и пауза што правев со работата 2 ипол години) а и нема лажги. Мора да мери пред и по третман. Кај покрупни се сантими во прашање на намалување на обемот! Кај послабички е обично помалку, ама резултатите секако се гледаат.
Не сеуште, а го мислам цело време и никако да го нарачам. Гледам сега добиле и стик и масажер и сега сакам да ги пробам сите во комбинација