Пробував јас и со професионални масажи, и подолго и на неколку места, заклучив дека тоа нема ефект. Сега се мислам да одам на некој третман со апарат во силуете ама не знам и тоа дал ќе има ефект
Како и да е, се треба да се одржува очигледно. Може одреден период ќе биде топ, исхрана вода масажи и после едно опуштање одма пропаѓа се во вода Им се дивам на девојки што немаат мака со оваа проблематика
За да се намали целулитот, треба пред се да се регулира исхраната, прво се почнува од тоа. Друго, не мораш да одиш на скапи масажи, јас дома се масирам со еден обичен масажер како делфин е, секој ден една нога по 20 минути. Потоа, вода многу вода. Се што се разбило со масажа мора да се исфрли, а тоа се прави со вода. Редовно вежбање да не спомнувам, и топење на масти. Мазна нога може да се види по секојдневна работа, за околу 6 месеца. Зависи од килажа.