Марге, мислам дека до 3 литри е доволно, ако се пијат 7 ќе се оптеретат бубрезите- нека ме исправи некој ако грешам, сепак сме луѓе, по 7 литри пијат коњите
Јас го знам тоа и затоа и напишав дека не пиев по 7,само кажав како прочитав и што мене ми помогна,чисто мое искуство...ако ти одговара прифати го,ако не твој проблем
Абре типични жени, место да се негуваат цела година тие сакаат за 1 месец да го снема целулитот, пред одмор темата беше само хелп, дајте некој совет. Е така целулитот не исчезнува, треба дисциплина
така е сесилија се потполно се согласувам преку целата година треба да се работи на целулитот а не само еден месец пред одмор
lele majkoo od 2am do 5 am citam od prva do posledna strana...ocite krv mi se)) fala na site za sovetite.Od utre jas pocnuvam strog rezim pa koga ke se pokazat prvite rezultati ke go spodelam iskustvoto so vas! dobra nokj
Јас овие денови забележав дека ептен ми е намален .Скоро цел август тренираме 2 пати дневно , и тоа изклучиво кондиционо , а со оглед на тоа дека откако почна распустот секојдевно трчав и вежбав има резултати.Не верувам дека кремата што ја користев многу помогна , но мислам дека и зелениот чај се покажа како добар против целулитот. Ќе продолжам да пијам зелен чај , тренирање обавезно, и ќе се масирам со антицелулитна крема ..а да не го заборавам и талогот од кафе И плус секое утро , пијам 2 лажици јаболков оцет во чаша вода . Цела година планирам да работам на случајот...таман ќе си биде се ок за наредните одмори одгодина здравје Сега скоро ич не ми се познава , ама може и подобро секако борбата против целулитот неможе да биде успешна ако трае само 1 месец.Потребно е време и секојдневен вложен труд . И ајде малку активирајте се во врска со темава ...пред одморите сите бараат совети , сега слабо..Па не се намалува целулитот за еден месец Уште сегаа во акција ..и до наредните одмори сите со топ тело
Јас уште вежбам и пијам доста вода,а и не планирам да престанам...мотив ми се сликите од одмор!Доста сум ослабена,нозете ми се супер затегнати,мешето исто,само целулитчето под задникот нервира,иако и тоа многу ми е намалено,ама ќе почнам сега и со креми и масажи,имам рачен масажер со топчиња.
леле луѓе бе мене многу ме мрзи , посебно сега со испитиве и завчера пак јадев во 7мица , шо убаво ми го снема кога се мачкав со таа кремата од авон, ама пак се врати пустиот, ај после испити ќе превземам нешто, се надевам
Јас продолжив да се мачкам и после одморот секоја вечер со било каква крема имам во моментот, имаше нешто останато од таа на Фитогал и на Гарние, важно со таа зелената гумичка од пакувањето на Гарние се масирам. Во најскоро можно време планирам да си купам некое апаратче и да го брмчам по дома. За талогот од кафе имам забрана (ова како мало дете) , ама кадата поцрнувала, а и лошо им мирисала бањата после тоа. Како и да е, решена сум полека , но сигурно, цела година да војувам со целулитот. Инаку вежбам на орбитрек секој ден и се' уште пијам многу вода.
Аман, не можеш да одделиш 10мин во денот да си пружиш една антицелулитна масажа ? Зарем цело време учиш? Девојки неможам да поверувам дека сте толку мрзливи- признавам и јас некогаш ќе прескокнам и нема да се намачкам, ама зарем не ве мотивираат резултатите? И најефтината крема дава резултати ако пиете многу вода, и ако се масирате секоја вечер се додека не се впие кремата и тоа прожелно со тупаница, т.е. со тие коски на кои броевме кој месец колку дена има, ако сте правеле така знаете за што зборувам
^^ убав одговор даде сесилија точно е, целата фиинта во намалувањето на целулитот е во циркулацијата на крвта. јас немам целулит ама некогаш како да ми се познава кога ќе се притиснам со раката, па затоа скоро пред секое туширање со обична крема се масирам со тупаницИ како што објасна сесилија или пак со луфата за бањање се тријам со пената од гелот за туширање и супер е има резултати а тоа го правам само 5 мин..
Абе јас се мачкам со антицелулитна, и со кафето се масирам, сакав да кажам дека ме мрзи да ги правам сите тие ритуали како пред одмор, многу вода, посебен режим на исхрана и сл. Не дека баш ништо не правам , ама не е тоа тоа
леле девојки на мене незнам што ми се случи ама овие 2-3 недели екстермно ми се појави целулит и тоа и ногата да ја свиткам или прекрстам ми се познава а никогаш не ми се познавал до толку... јесда сум имала ама толку екстермно да ми се познава не никогаш! се чудам и ја и другарка ми и ми вика леле што ти бидна ја и викам паднав у депресија ( пред извесно време раскинав со дечкото.. ама депресијата ме фати после недела дена некако таква бев ко разочарана и на фб ставав некои разочарувачки постови и сл.. ама не за него не ми беше многу тешко заради ИДИОТОТ! за него и не патев многу зашто тој направи многу лош и непростлив потег.. ама ај тоа не припага во оваа тема.. ) и целулитов ме нападна сега почнувам со масажи секоја вечер а и ке се вратам повторно на посебен режим на исхрана- не нешто строго туку ке им речам не на паштетите, саламата, пиците, солот и др такви бљак работи
Леле и мене истото ми се дешава!Незнам дали дека мислам на тоа цело време или сега баш ми се има појавено повеќе....иначе го имам сменето начинот на исхрана пред извесен период ама аман веќе од целулитов а слабичка сум.Бев и болничка до пред некој ден и ослабев две килца,и мислам дека колку по слаба толку повеќе ми се познава!
па и јас сум слабичка а вријам со целулит е ај сега а некои па дебели немаат ни грам целулит! Ништо еве ке се посветам на масаживе, ке пијам вода и ке пазам што јадам и многу малку СОЛ зашто солот ја задржува водата и е најголемиот причинител за појава на целулитот!! А сакам да почнам да идам и на она микс аеробик кај олимписки ама некако немам со кој другаркиве некако не се заинтересирани... па ке видам ако се решам сама да се запишам ок ке биде...
Да да мора да се вежба иначе само менување начин на исхрана и пиење мн вода не верувам дека ке помогнат многу баш...мислам дека везбањето е неизбежно
Не е до дебелината за целулитот, еве и јас немам проблеми со тежината, ама сега баш забележувам дека имам ептен целулит. Проблемот е во исхраната. Решив од утре да сум повеќе на овошје и зеленчук, а не на месо, пици, брза храна и што уште не. Веќе си порачав антицелулитни креми од Авон и сум спремна за акција
^може и само да се намачкаш, ама повеќе има ефект ако после тоа се завиткаш со проѕирна фолија и ја оставиш да стои пола саат