Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Целулит

Дискусија во 'Тело' започната од Mimi, 19 ноември 2009.

  1. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    јас против целулит ја користев на афродита кремата,од бршлен мислам,скапичка беше 3.000 ден имаше ефект колку,толку,со фолија се мотав со недели ама мислам дека ке имаше и повеке ефект со масажи или вежби ама јас сесија,факултет ова она и не се замарав толку со вежби.Инаку генерално мислам дека тие креми во комбинација со многу вежбање и физичка активност стварно имаат ефект,али наредното лето пак иста прикаска.....освен некоја операција или таков зафат не гледам некој по долгорочен ефект

    А,да за тој сапунот од божен козметика кај може да се најде,во аптеки го има ли?
     
  2. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Женски
    имам читано дека целулитот е природен слој на кожата и да сакаме нема шанси да се тргне со време пак се појавува,јас немам многу ама и тој што го имам ме нервира баш ке пробам со вашите совети и ке ви напишам резултат :D
     
  3. JATAGAN

    JATAGAN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    156
    МИСЛЕЊЕТО Е ИЗБРИШАНО ОД МОДЕРАТОР
    Нарушена е точка 4.8 од правилата на форумот. Корисникот е опоменат.
    Користењето на форумот како место за реклама е забрането.

     
  4. free

    free Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    75
    Proizvodite na Bozen kozmetik mozete da gi najdete vo TCC Plaza vnatre imaat prestavnistvo (malo dukance), inace jas gi imam probano i apcinjata za slabeenje, definitivno go reguliraat metabolizmot i mnogu pomagaat dokolku imate tvrda stolica, hemoroidi itn.
     
  5. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    29.042
    Пол:
    Женски
    Немам многу целулит, али кога ќе видам дека некаде почнува поуочливо да се познава...тогаш ми текнува да превземам нешто. не сум за фрлање пари за многу скапи кремови, гелови, пилинзи...од искуство на мои поблиски,тоа било само залудно фрлање пари. јас лично правам многу “скап“ пилинг :D Кога пијам кафе, талогот си го собирам, ставам неколку лажици морска сол, и неколку маслиново масло. месам се додека сите состојки не се соединат, и пред да се бањам убаво се мачкам, стои неколку минути и плакнам. не само за целулит, имам заприметено и дека откога го правам овој пилинг, многу ми се намалени и поткожните влакна на нозете, а за тоа колку е мазна кожата потоа не правам ни муабет.
     
    На hermosa, Twetty и Elen.b им се допаѓа ова.
  6. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Fala na prethodniot post od Victoria, bas ke probam, bidejki imam mnogu osetliva koza, i se imam otkazano od depiliranje zaradi potkoznite vlakna. Pa sega imam masinka za bricenje na nozete.

    Inaku vnimavajte so kremite za celulit, bidejki jas imav ogromna reakcija od kremata na Avon, taka sto imav ogromna alergiska reakcija, sto duri stignav do inekcii. Prvo isprobajte na raka, kako sto se preporacuva za sekoj krem, dokolku imate osetliva koza.

    pozz
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Има ли некој нешто користено од Докторс колекцијата затоа што гледам имаат интересен асортиман на производи за овој проблем?
    Јас ја користев сатвата од алкалоид.На почетокот одлично,измазни колку-толку,си викам понатака ќе биде уште подобро.Арно ама втората половина од шишето...брада...ем се мачкав,ем се врати на старо.
    Ослабев што ослабев,физички активна сум,пијам вода 2 и пол литри дневно,не јадам масно и пржено,ама целулитот стана уште полош и поистакнат од било кога.Дури и кога бев позаоблена не се познаваше толку,а сега...како сунѓер се чувствувам.Грдото е што имам доста мускулна маса со оглед на тоа дека редовно вежбам на другар ми орбитрек,а и бивши спортист сум,целулитот си стои врз мускулите и абер нема и колку повеќе вежбам,толку повеќе добивам ефект на жабиј батаци,а ова нема абер,сеуште си стои.Ме иритира што го имам на колковите долж бутот надоле и над колената,особено над колената ме вади од такт!
    Лек?
     
    На sanny08 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.431
    Пол:
    Женски
    А дали некој ви кажал дека никогаш, ама баш никогаш не можете да се ослободите од целулитот?!
    Тоа е нормална појава за женското тело, пред се затоа што ние имаме масно ткиво особено на колковите, бутовите, задникот и стомакот и под дејство на естрогените хормони тоа уште повеќе се потенцира... тие масни клетки се склони кон насобирање на вишокот течности и масти кои ги внесуваме во организмот и набабруваат, се заоблуваат и доаѓа до појава на т.н. кора од портокал која навистина грозно изгледа :evil: целулитот е проблем на женската популација (блазе си им на мажите, го немаат, ама затоа и не го препознаваат како таков :lol: ) и не може да се искорени... единствено може да се ублажи грдиот изглед на кожата со сите тие разноразни кремови и масажи и масла и вежби и што ли уште не, ама за тоа треба секојдневно тинтрање, што и не е така возможно, освен ако по цел ден немате друга работа, освен тоа да го правите...
    и не се лажете дека познатите немаат целулит... тие имаат едноставно решение - PHOTOSHOP :lol:
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Па знаеме дека не може да се искорени,ама бараме решение за да се ублажи.
    И не е нормална појава,туку се смета за болест на кожата те длабоките слоеви на кожата затоа што практично е врзан за нејзиниот последен слој и не се отстранува ниту со липосукција.
    Доволно е што боли при стисок за да укажува на тоа дека не е нормален.Лошо е воопшто во животот да се помируваме за било што кога знаеме дека секогаш може подобро.Не барам лек за целосно искоренување затоа што знам дека е невозможно,ама пак затоа постојат многу жени кои успеале да направат нешто околу тоа.Мене на пример не ми ја намалува самодовербата и баш ми е гајле за истиот и што ќе речат другите(особено затоа што не се забележува под облека,а за на плажа пак,во состојба сум и гола да излезам ама ич мува не ме лази ),мене ми пречи што е болен и што потекувам баш заради него и ми задава потешкоии особено пред добивање.Мислев дека имам проблем со јајниците,но по консултација со специјалисти (и гинеколог и ендокринолог што ми ја води терапијата за тироидата),како и гуглање по интернетов разбрав дека токму тој е причинител за овие непријатни искуства.Толку многу ја задржува водата во мене(што е и дел нормално пред циклусот) што кожата ми добива благо розеникава боја,а површината изгледа како проѕирна,нешто како оток од каснатина од пчела.Ужас!
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.431
    Пол:
    Женски
    Па да, еден вид болест е тоа, ама ете, не знаев дека може и такви проблеми да прави, барем досега не сум сретнала никој со такви проблеми како твоите... искрено се надевам дека ќе најдеш начин барем отокот да го ублажиш, т.е да го намалиш задржувањето на вода (а бе има апчиња за тоа, ама такви пијат оние што имаат проблеми со висок притисок, не треба ти да го пиеш тоа, башка и не знам дали ќе имаат ефект, а не да се труеш без потреба)...
     
  11. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    29.042
    Пол:
    Женски
    Девојки, целулитот постоел и ќе постои и сите ние сме свесни за тоа, но ние му придаваме многу големо значење. па што ако имаме, што ако се гледа :roll: не постои некој/а што нема..за познатите на сите ни е доволно познато..гледаме слики пред фотошоп и после.тие кутрите имаат поголеми маки...секогаш да се средени, да не се познава ни сало ни целулит оти после новинарите живи ќе ги изедат. затоа бидете си раат , нас барем никој не не задева и не не малтретира зошто имаме :D
    Точно е дека целулитот не може да се искорени, но затоа може да се ублажи неговата појава. погоре некоја членка напишала дека колку повеќе вежба толку повеќе се познава.тоа е така затоа што не го третираш целулитот, со вежбањето се третираат мускулите. А за колку толку да бидете поуспешни во борбата со целулитот јас ве советувам да делувате и преку исхрана, преку вежбање но и локално со пилинг или некој крем/гел со масажа при нанесувањето, а не само намачкај и чекај чудо да се случи.
    Кај мене со резултат е нормална исхрана,повеќе оброци на пократко време, вода и зелен чај, физичка активност 3-4 пати неделно и пилинг и масажа додека се туширам- 2 пати неделно. И не очекувајте реултати по 1 недела, потребно е повеќе време, ама не очајувајте.сметајте дека си вложувате во себе си и ако сте упорни резултатот на крајот ќе биде повеќе од очигледен! ;) :up:
     
  12. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    100
    Мене козметичарката кај што одев на масажи, ми рече дека антицелулитен чај морам постојанооооо да пијам, дури да ми стане замена за вода, затоа што тој го прочистува организмот од внатре, ги топи масните наслаги и многу често тера на мокрење, а со самото тоа се исфрлаат штетните материи од телото. Пробајте во комбинација со здрава исхрана, физичка активност и континуирано пиење на било кој антицелулитен чај, ќе видите какви се ефектите. позз
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Preporacaj nekoj...jas slim miks imam nekoj na alkaloid...
     
  14. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    100
    И јас го имам истиот, не е со филтерче туку мешовити билки се се вари и се цеди после.
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Дечки,а оние хеланките што затоплуваат,имаат ефект и каде можам да ги најдам,да не знаете?
     
    На MemoryOfUniverse му/ѝ се допаѓа ова.
  16. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    100
    не знам, а и мене многу ме интересира и ако знае некој нека пише дали имаат ефект.
     
  17. anastasija19

    anastasija19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    51
    за ова целулитот слушнав масажа со мед па не знам колку е ефикасна ако проба некој нека пиши
     
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    a be pijte si najmnogu voda moze do 8 casi na den..vezbajte posebno vezbi za noze,zadnica :) ..dvizete se i ako sakate moze da koristite anticelulitna krema..a ne caevi ova,ona..kako si odat godinite nagore taka i celulitot go ima poveke..toa e normalna pojava :)
     
  19. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Вака женски мои :lol: ...јас за среќа немам целулит видлив, сеуште, иако кога многу ќе притиснам ме боли и се познава, што би значело кај и да е ќе избие на површина...многу здраво се хранам, па и често вежбам но еве ме фати страв дека ке му текне да избие на површина и покрај се...посебно што овие 2-3 месеци од оправдани причини скоро воопшто не бев физички активна...и затоа решив да преземам нешто, и пред 2 недели порачав од авон крема против целулит и стрии, на солушн, на попуст беше некои 450 денари, и секоја вечер пред легнување вмасирував на задникот и бутините, посебно натколениците...ама вмасирување до коска... :lol: 5-10 минути силно ги тријам местата...и оп за изненадување супер резултати...првите две три масирања ми беа прилично болни и при масирањето, стискањето, се покажуваше целулитот...по две недели е мнооооооогу намалено...а болка воопшто немам при масирање и мислам и дека и тоа е знак дека го снемува целулитот...многу видливи промени има, и сум прилично изненадена пошто немам многу верба во креми и такви работи, виткања во фолии...ама ова изненади :o сега мислам и во овој каталог е на попуст и ќе си порачам уште едно-две, и почнувам со активно вежбање пак и мислам уште поголем резултат ќе има...пробајте, кај мене стварно има видливи резултати....ама трењето со кремата да биде јако...без оглед на болката, за два дена ќе се намалува и како што ќе поминува време ќе исчезне, а тоа значи и целулитот си одииии ;) ;)
     
  20. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    161
    Enca.69 a moze li da mi kazes kako se vika kremata protiv celulit od AVON ? Pisi te molam ... Pozdrav :)