Целулит на задникот Порано немав целулит на задникот ни грам, а сега две години работата ми е со седење и ми се наталожи, иако пешачам секој ден од работа до дома по 30 минути. Мислам дека тоа што седам на работа е причинител за целулит, а вежбањето помага, знам имам пробано месец пред одмор , ама пуста мрза....
Целулит на задникот Сакам да прашам за третманот со кафето,колку количински талог треба отприлика,сакам да пробам па ако сака некоја да ми одговори позз
Целулит на задникот Колкава ќе биде количината, ти зависи од тоа колкав ти задникот.. Се шалам Мислам дека доволно ќе ти биде талогот што ќе ти остане од шолјата што ќе си ја испиеш.. Јас така си правам, ќе си го испијам кафето а после талогот го мешам со маслиново масло 2 лажици и таман ми е
Целулит на задникот Па јас не знам само два пати имам ставено,не знам колку ќе помогне за целулитот,ама кожата е прекрасна.
Целулит на задникот Па ако редовно го употребуваш да, јас за една недела имав резултати, а и кожата ми беше баш она неверојатна
Целулит на задникот Употребував и антицелулитен гел, така да верувам дека во комбинација со овие 2 ќе имате позитивни резултати
Целулит на задникот Јас не сум користела креми,не сум ни имала целулит до пред некое време...многу малце али ужасно ме нервира,е сеа една другарка имаше проблем и одеше на масажи,многу е битно и како ја прави масажата треба да фати на одредено место,иначе може ако не е искусна да го избутка целулитот и бетер да направи,јас бев со нејзе и кога ја масираше целулитот буквално пука дури и се слуша,одеше 3 недели и стварно имаше резултат,сега таа го затвори салонот,дали знаете некоја што знае стварно да масира добро а да не е изгор....
Целулит на задникот edinstveno fizicka aktivnost a tie kremi gelovi ne se delotvorni sami posebe mora dobra masaza so niv redovno za da se ima rezultat i nacinot na ishrana mnogu vlijae kako i hormonite [mod-kirilicafufw6k6][/mod-kirilicafufw6k6]
Целулит на задникот Пишував еднаш уште на почетокот од летото дека ќе си правам домашно масло против целулит. Го направив и мнооогу е ефикасно. Состојките се следни: Масло од бршлен 200 мл. (купечко), кафе -- 2лажички, цимет-- 2 лажички, ѓумбир -- 2 лажички, рузмарин --2 лажички , зелен чај --- содржината на 3 филтер кесички, етерично масло од портокал ---50 мл. Сето ова измешано го чував на затемнето место 3 месеци. Сега го користам и дава одлични резултати. Овие состојки ги има во квалитетните креми против целулит. Го подобрува тонусот на кожата, ја подобрува крвната циркулација, загрева, ја забрзува размената на материите и со тоа ослободувањето од токсини во клетките, прави пилинг и ја мазни кожата, ја зголемува еластичноста на ткивото. Нема да ве чини ништо, пробајте, ќе бидете презадоволни.
Целулит на задникот да и јас го имам ова правено ама наместо масло од бршлен јас ставав зејтин и бршлен (содржината од чајот)многу е ефикасно ама мора со интензивна масажа секој ден најмалку 10 третмани во зависност од тоа колку има целулит на местото и многу вода и чаеви додека траат третманите и 100% има резултати
Целулит на задникот Целулитот кај жените е знак за висока интелегенција, тврдат американските научници, кои се уверени дека масните... ... станици кои го градат целулитот во исто време го снабдуваат телото со масни киселини кои се исклучително важни за правилна работа на мозокот. Тие додаваат дека целулитот е знак на оптимално производство на женски хормони и плодност, поточно развиена сексуалност и либидо, па верувањето дека целулитот е лош го толкуваат како сосема погрешно. Статијата и новите научни гледишта кон женскиот целулит во целост се објавени во угледниот американски магазин "Science". Преземено од zazabava Е ајде де...што убаво информација!
Целулит на задникот Да ви кажам право јас одлучив пак да ја напаѓам оваа мојава "интелегенција". Се ок и памет и плодност ама многу ружно изгледа. Се чудев дали масажи или масажерот од топшоп да си го порачам и се одлучив за вторава варијанта Ги препрочитав од почеток сите 46 страни па се надевам дека нешто ќе профункционира од сите нови тактики што решив да ги применам. Кога ќе ми текне лани шо ми беше убаво кога одев на масажи имав стигнато до степен само кога ќе го стиснам да се познава. И се мачкав со гел од бршлен после тоа и пак ништо, пак се врати
Целулит на задникот Масажерот од топшоп го има моја братучедка, после пораѓај го купи, вика дека е ефикасен дека се чувствуваат вибрации на масирање и разградување на салото, сега времето не и дозволува повеќе време да посвети на употреба на масажерот но сепак е задоволна...
Целулит на задникот И јас сакам да уништам малку интелигенција, на плажа не сакам никој да ми го мери И-КВЕ-то врз основа на мојот задник А кога поарно ќе размислам, па и нека го мерат, туку чисто онака, ми се смачи кога ќе се видам во огледало да си кажувам - машала! Пукаш од интелигенција! Прашање: го има ли некоја од вас пиено анти-целу чајот од Алкалоид?
Целулит на задникот Освен што ќе се убиеш од мочкање...ништо арно нема да осетиш.Барем кај мене така беше. Колку попаметна станувам,толку повеќе ми се лепи.Од утре станувам глупава...сакате да ви раскажам моето чудо колку траеше?!Две недели пауза од активни третмани ради обврски,само со задолжително вежбање(не за целулитот,туку ради кондиција)смалено на три пати,место пет пати неделно и пиење 2л вода....пак се појавија видливи дупченца.Колку е верен,никогаш не те напушта!Никогаш!Проклетствие грдо!
Целулит на задникот Лилит верен е и не не напушта за да не прекинеме со третманите. И јас сакам малку одмор, ама веднаш се прават дупчиња, тоа е