Целулит на задникот Одев на третмани за целулит,ми помогна, видов резултати ама одев само еден месец а треба да се оди почесто, така сега откако си се опуштив и се здебелив пак ми се врати.а во креми и др чуда не вервам пошо се имам пробано..
Целулит на задникот СПРАВУВАЊЕ СО ЦЕЛУЛИТ- МЕЗОТЕРАПИЈА Доколку сакате ефикасно да се справите со целулитот можеби е вистинско време да се обидете со мезотерапија. Сепак, внимавајте истата да биде изведена во професионален и стручен кадар. За сите оние кои се уште не знаат што се подразбира под оваа постапка еве неколку корисни информации. Процесот на мезотерапија претставува внесување на определени коктели во мезодермот, односно средниот слој на кожата, преку мали тенки игли. Станува збор за неинвазивна метода која секојдневно се спроведува на околу 60 илјади пациенти. Техниката за прв пат започнала да се спроведува уште во далечната 1952 година, а од 1987 година е во воведена како медицинска специјализација на пет најдобри универзитети во Франција. Во зависност од тоа за какво разложување на масни наслаги станува збор зависи и каква комбинација на коктели се вбризгуваат во кожата. Најчестиот состав на овие коктели се сведува на витамини, аминокиселини, ензими и слично. Мезотерапијата може да биде изведена кај лица на возраст од 18 до 75 години. Несаканите реакции кои што може да се појават по интервенцијата се модринки, црвенило и чешање, но тие се од привремен карактер. Предноста на мезотерапијата во однос на други процедури како на пример што е липосукцијата се состои во тоа што таа директно го третира целулитот. Освен тоа нема потреба од хоспитализација, третманот трае 10 минути, нема општа анестезија и големи трошоци, додека ефектите веќе се видливи по 2-3 третман. Го ископирав од една веб страна,кузнај дали помага,дај нека проба некој и нека каже
Целулит на задникот Па го користам да, не скроз секој ден ама преку еден се трудам. Не ми е скроз изгубен целулитот ама има подобрување. Јас се масирам само со брановидниот дел, некако ме мрзи да ги мењавам, тешко е , ама искрено очекував подобри резултати За мезотерапијата, не сум пробала, ама сите третмани што вклучуваат апарати и вбризгување на нешто под кожата.... имаат многу краткотраен ефект, за да се одржувате сигурно нема после третманите еднаш неделно да одите на lpg или мезотерапија
Целулит на задникот Целуит на задникот најчесто се појавува кај покрупните и јас имав одев на масажа кај една жена и по неколку дена помина..
Целулит на задникот Еј нема везе,јас имав целулит и кога бев послаба..А тебе по масажата ти "помина" целулитот??И не ти се појавува повеќе Ако си склона кон создавање целулит,пак ќе ти се појави...Не сум слушнала за поминување
Целулит на задникот Со една другарка еднаш се расправав на темава, таа тврдеше дека сите девојки имаат целулит на задникот. Јас имам 50 килограми а сум висока 1.60. Имам релативно тртлесто газе (дечко ми ми го обожава) но немам ниту ронка целулит. Кога и кажав дека го немам тој проблем иронично ми рече: Е ај да не те соблечам па да видиш дека и ти имаш. Па валда знам што е целулит Како и да е сама си се соблеков задоволство ми беше да докажам дека го немам Инаку таа редовно оди на масажи и вели дека со редовен третман не во целост но успева колку толку да го намали целулитот на задникот.
Целулит на задникот Со масажа се намалува да, од искуство можам да кажам, ама дека скроз ќе се изгуби нема шанси. Кој еднаш имал целулит ќе го има засекогаш! Ако се вратиш на стариот живот после масажа и те како ќе ти се врати. Мене мојата козметичарка ми рече дека после масажите треба еднаш до два пати неделно да правиш пак масажа за да не ти се врати. Уште немаат измислено чудо што ќе го отстрани засекогаш! Ај можда мене ќе ми се посреќи кога ќе завршам факултет :geek:
Целулит на задникот Масирање е бр.1 начин за намалување на целулитот. Јас користам гел од Авон, го мачкам и со масажер се третирам... ама без оглед какво средство за мачкање се нанесува, најбитна е масажата. Значи и со павловиќева може да се намачкате - масажата е тоа што ги активира крвните садови и ги поттикнува да работат на оние места што се закржлавиле и сега што личат на кора од портокал Сум слушала за антицелулитни масажи на козметичар, доста ефикасни, но доста и скапи, а зошто да плаќам кога можам во домашни услови сама да го направам истото а и да заштедам?! Исхраната е исто така од суштинска важност, многу овожје и зеленчук, премногу вода, помалку сол и мрсна храна може да придонесе за да не се шири. Вежбање, движење, трошење калории, одличен начин за добивање енергија на телото и активирање на топењето на наталожените наслаги.
Целулит на задникот Имаш 23 години и сигурно добри гени...Ама да не те плашам ќе видиш со време,покасно ќе ти се појави...Никој не е имун на целулит.
Целулит на задникот џули и мајка ми воопшто нема целулит,а има 35 години...еве сега за сега и јас и сестра ми воопшто не сме покажале никакви знаци на целулит..... ах таа женска болест-подобро што ја немам
Целулит на задникот Против целулит со домашни облоги Масажа со кафе Кафето - затоа што содржи кофеин кој ја поттикнува циркулацијата - е главна состојка во анти-целулитните креми и препарати. Кофеинот помага во разградувањето на масните клетки кои ја предизвикуваат карактеристичната “кора од портокал“, и го поттикнува метаболизмот и протокот на лимфа што ја намалува отеченоста на кожата. Кафето во борбата против целулит можете да го користите така што во гелот за туширање (по можност нека биде пилинг гел против целулит) ќе додадете соодветна количина на мелено кафе и ќе го помешате. Потоа мешавината нанесете ја на подрачјата погодени од целулит и со кружни движења масирајте барем неколку минути. Се заедно измијте со наизменични млазови на топла и ладна вода. Уште поделотворно ќе биде доколку масажата ја изведувате со ракавица или четка. Таквите можете да ги купите во секоја подобро снабдена продавница или апотека. Облоги со цимет Циметот го подобрува излачувањето на заостанати, отпадни материи од кожата и подкожјето и така ги намалува кожните наслаги. Искористете го така што со млекото за тело (би било најдобро и тоа да е исто така против целулит) ги намачкате бедрата а потоа на таа крема обилно нанесте цимет. Бедрата обмотајте ги во пластична фолија и оставете смесата да делува половина час. По тоа отстранете ја фолијата, а бедрата измијте ги со наизменични млазови на ладна и топла вода. Можно е да мирисате како божиќен колач, но крајното позитивно дејство е секако вредно за несаканите споредни дејства. Напад со глина Глината е еден од најдобрите де-токсификатори на телото затоа што со себе ги врзува отпадните материи. На глината додајте и вода во количина потребна за да добиете густа смеса. Водата и глината не ја мешајте, туку оставете глината сама да се впие. Потоа смесата нанесете ја на погодените подрачја и се заедно обмотајте со пластична фолија, што дополнителни ќе го загрее тоа подрачје. Така дејството ќе биде поголемо. По 15 минути (никако повеќе) отстранете ја фолијата и измијте ја глината најпрво со топла вода, а потоа наизменично со ладна и топла вода. Потоа истријте ги бедрата со пешкир за да постигнете подобра прокрвеност и исхрана на ткивото и намачкајте ги со крема против целулит. Покрај овие облоги не заборавајте и на здравиот начин на живот и секојдневната масажа на подрачјата погодени од целулит, најдобро со ракавица или четка за масирање Превземено од кајгана
Целулит на задникот Имаат, имаат, ама многу помалку ѓи напаѓа, во споредба со жените . И многу потешко се приметува на површината, бидејќи кај нив е во подлабоките слоеви, а не одма под кожата
Целулит на задникот Јас немам целулит, ама откако ќе се истуширам, пуштам студена вода и се поливам од задникот надоле. Некаде го имам ова прочитано дека помага во борбата против целулитот, па пробајте и кажете дали има некакви ефекти!
Целулит на задникот Јас сметам дека секој може да има целулит,но кога ке слушнам некој кога вели дека спортистите немале не е точно дури и тие имаат,имам блиска пријателка која спортува значи од млади год. и сум видела дека и таа има,а мн внимава на исхраната не јаде солена храна пие премногу вода,а задникот и е како кора од портокал. Нека ми извини ама стварно е така,познавам и мн слаби девојки кои имааат премногу целулит нема што да кријам и јас имам па ретко која нема,верувајте дека освен со третмани целулитот не се остранува ма колку сакајте спортувајте внимавајте на храната незнам такви креми користете,правете масажи нема фајде,можеби некоја од вас нема и и давам рака за тоа,можеби тоа е секако и од гените и од тоа колку водата и се задржува во организмот.
Целулит на задникот Мажите немаат целулит. Ние го имаме заради естрогените хормони, а мажите немаат такви хормони, евентуално во минимални количини што не е доволно за кај нив да се појави целулит. Како и да е, токму хормоните се причина што 99% од жените имаат целулит, без разлика на телесната тежина.