Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Целулит

Дискусија во 'Тело' започната од Mimi, 19 ноември 2009.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.561
    Допаѓања:
    42.971
    Пол:
    Женски
    Целулит на задникот

    Јас си имам,според новите истражувања значи многу сум интелигентна :D :D :D Шалата настрана,јас имам само на задникот бидејќи тој дел заедно со бутовте ми е најсклон на дебелење,онака структурата на телото ми е нормална,и не сум дебела,но и слабите девојќи го имаат.Јас секоја недела правам масажа со талог од кафе и маслиново масло и ја користам кремата од авон на anew шо е,ама ми е скапа бре а малку е и брзо ја трошам.Е сеа кафето не ми помага кој знае колку,ама кожата ми ја прави многу мека и сјајна зошто го користам како пилинг и на целото тело и ваљда ради маслиновото масло.Целулитот на мене ми е наследен,мајка ми има(била спортист на времето, а не била имуна на него ни тогаш)баба ми има,сите тетки имаат,односно понежната половина од целата наша фамилија го има...така да верувам дека шо и да напраам нема да ми се тргне,може ќе ми се намали или пак со сончање во лето нема толку да ми биде видлив,ама како и да е ќе си го имам,така да не се замарам ногу со него,не повеќе.
     
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Целулит на задникот

    како и секоја жена, така и јас си имам целулит како на задникот и на бутовите, малку наследно (и мајка ми има)
    до сега го имам пробано кремот за целулит на Орифламе, и на Авон, ама само едно кутивче потрошено редовно мачкање немаше ефект, ама од едно кутивче нема шанси да помогне секако дека не.

    една козметичарка ми кажа дека помагаат и масажите за целулит а не се скапи околу 400 денари, и секако физичка активност течности, а од кремите чув дека помагале и тие на афродита С-секаде ги има а знам дека и возење на велосипед наназад-на Орбитрек помага за зацврснување на задникот

    талогот од кафе верувам дека помага ама не сум пробала сеуште, кога ке пробам ке пишам кави се резултатите.
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Целулит на задникот

    Јас сум слабичка така повеќе и сепак имам само на задникот, нема којзнае колку но доволно е за да ми смета.
    Кога спортував, т.е. тренирав пливање долго време немав целулит, после тоа ми се појави видливо :!:
    Знам дека пливањето е најдобро за елиминирање на целулитот. Сега одам на пилатес па се надевам дека ќе има некој релузтат!
    Креми антицелулитни не употребувам, но дневно пијам по 2-3 литра вода, и се амсирам со обични млека за тело, и со ладна вода :)
     
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Целулит на задникот

    Пробала ли некоја ЦЕЛУЛИТ - МИКС чај кој го помага отстранувањето на целулитот на Алкалоид?
     
  5. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    Целулит на задникот

    Кревам два прста...Да ти кажам баш и некој ефект не видов :| Го пијам уште ама онака ко за чајче,не дека очекувам нешто повеќе.Искрено и вежбам и внимавам шо јадам ама многу е досаден овој пуст целулит!Eдинствено во лето практикувам плус и да трчам скоро секој ден, па тогаш се намалува, инаку во зима забушавам па си се враќа..и така си се бркаме со години..ме анд мај френд целулит :lol:
     
  6. marija.d

    marija.d Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Целулит на задникот

    натаму би направила и неколку третмани за да го отстранам целулитот,мозеби за летото кога ке одам на одмор!!!!
     
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Целулит на задникот

    Јас сум видела машки со целулит, обично на задникот а многу почесто на стомакот према грбоот. Баш сум ги приметила на плажа кога зјапам по машки :lol: ама сите биле полнички ( да не кажам дебелки ). А кај жените целулитот се јавува и кај слаби, имаше една слика со Парис Хилтон, таква слаба, висока и целулитче на газето :)
     
  8. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    200
    Целулит на задникот

    Да бе луѓе имаат и мажите многу помалку од нас, ама сепак го имаат. На стомакот најчесто. Баш заради хормонот естроген како што кажа анатх го имаат мнгу помалце од нас, ама има и мажи со целулит. И да досега немам видено слаб маж со целулит, што не е случај со нас :worried:
     
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Целулит на задникот

    1. Машките имаат целулит, и јас се запрепастив. Второ не дека има врска со темава ама на глава ми се качуваат нивните коментари види ја онаа целулит како на баба ми и слично, какви јаки женски има во странство, стегнати. Да, и машките во странство по плажите се со плочки па нашите уште на 16 години имаат стомак 2 метра пред нив. -.- Морав да си го кажам ова, извинете. Ама...морав!
    2. Какво лето бре? Ако правите нешто правете го преку цела година. Чајот, лосионите, кремите, масажите како би ви помогнале ако преку зима кркате и не сте активни, а само преку лето се преокупирате со тоа. Колку и да лупнете на ден, многу или малку крема, пак истиот ефект ви е.Ако имате целулит и навистина сакате да го тргнете тогаш преку цела година ќе си се пазите. Ако немате, може да забушавате малку од малку (според мене), но доколку сакате да го тргнете се надевам сте известени колку тешко се трга тоа чудо од вас.


    До мене е, или навистина секој мој пост е долгометражен :$
     
  10. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Целулит на задникот

    Јас решив годинава на време да си почнам.
    Не знам зошто ми се појави целулитотв. Не пијам газирано, не пијам густи сокови, многу ретко јадам фастфуд, три пати неделно вежбам , си вртам на орбитрек па скоро секој ден, избегнувам леб и тестенини. Не пушам, пијам еднаш у две недели и тоа најчесто чашка црвено вино. Е кафе пијам секој ден и тоа по три дневно, благо јадам многу ретко, од чоколадото одамна се откажав, може само некое чоколадно колаче ама и тоа еднаш во месецот....и кога се гледам газов ми се наполнил со целулит, а не сум дебела, може имам 2-3 килца вишок , ама дебела не сум.
    Секој ден пијам чај и јадам по еден лимон.
    Што е работава не знам, можеби ми е наследно ?
    Го купив Сатва гелот, планирам редовно да го користам.
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Целулит на задникот

    Естроген имаш, тоа е ;)
     
  12. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    200
    Целулит на задникот

    Значи од летото немам ни прекинато да го третирам и пак го имам, уште што не ставив на мене, ама толку се заљубил изгледа во мене, што не ме напушта ни малце :@ Секој ден пијам зелен чај, последно време почнав и да вежбам, се масирам со талог од кафе, се масирам со рилекс анд тоун и тоа секој ден, не можам ни да ја опишам количината на ѓумбир што ја имам внесено во организмов последните месеци и + се мачкам со антицелулитна крема секој ден и пак е тука. Е сега само што не можам да се откажам од брза храна, никако :worried: ама јадам еднаш во 2 недели и ептен малце по пола сендвиче :tmi:
     
  13. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Целулит на задникот

    Пиј вода, кафето по можност без шекер, јас јадев благо како ненормална. Неколку моцарти на ден, па торта, па чоколадо. Живеам до зградата на Палма, и преку лето? Лом. Татко ми секоја вечер се симнуваше да ми купи 8 топки сладолед. 4 рум чоколадо, 4 парфе чоколадо. Сега јадам по 1 работа, не знам ни како ни зошто, многу ми е намалено. Прекинав да јадам фаст фуд наеднаш. Седмица ми е исто така блиску, јадев 1 неделно, меѓутоа 2 хамбургера. Од алкохол пијам само бело вино, порано и текили ама ми се гади од нив веќе, и нешто како белото вино било најдиетално -.- Наутро јадам 2 мандарини или било кое друго овошје, само не банана. Односно доручекот ми е од диетата на ОН :)
    Вежбајте си, мачкајте си се со што сакате и со што ви годи, пазете на фаст фуд, ќе помине време ќе го снема.
    Мене после 2 месеца ми исчезна тоа почетното, што значи сепак немав скоро ич, само не бев комплетно мазна. За повеќе целулит треба многу повеќе време.
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Целулит на задникот

    хахахахахаха, кој лош цитат сум го направила :D :D
     
  15. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    75
    Целулит на задникот

    Ајде кажи ни после како делува Сатва-та.Баш ми го фалеа,па мислам и јас да си го земам и колку пари е ако ти текнува ?!
     
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Целулит на задникот

    Бреееј очи ми паднаа цела тема ја исчитав.
    Имам и јас малку, баш се загледав пред некој ден и забележав дека имам малку повеќе. :D
    Ќе си земам некој крем и има да го решам. :!:
    Фаст фуд не јадам (можеби еднаш во три месеци јадам), газирано откажав одамна, ама многу јадам леб и тесто. Не можам без тоа. Наутро си станувам, отворам фиоката и си кршам лепче, така суво ми е најслатко. :tmi:
    Овошје Ливинг, овошје, има да си наредам.
    Па и оваа мајка ми не знае да престане со тие питите и кифличките ;( (што јас барам да ми ги прави :$ ).
    Не, не, мора малку поздраво. Вежбам вредно и упорно, немам вишок килограми, греота е да се предадам на целулитот, има да го решам. :muscle:
    Од утре повеќе вода и масажа :!:
     
  17. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    Целулит на задникот

    ах целулиту целулиту :lol: :lol: зашо вака напаѓаш млади девојки бе, ненормален еден, ете ти таму женчишта од по 50-60 години, оди заседни тамуу :devil: :devil:
    имам целулит малку повеќе, ама ке го решам како знам и умеам, нема тој мене да ме „расипува„ :lol: од утре 3л вода на ден и вежби, вежби солзушкееее!! е така
     
  18. missperfect

    missperfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    60
    Целулит на задникот

    Се мачам со целулит на задникот, но и на нозете, страшно ми изгледаат, ај што се полнички туку и бутчињата ми се целулитни. Сега почнав да одам на антицелулитни масажи, многу се болни. Одам секој втор ден и нозете ми станаа модри. Почна маж ми да реагира и да се чуди, но што да правам. Иако боли навистина помага,еве една недела одам и одвај сум жива, па ќе почекам два дена да ми се стабилизираат модриците, најмногу ме боли под задникот (ептен се поправив после свадбата пред една година кога нагло ослабев ). Инаку не пијам вода воопшто, сега не се ни движам, после работа го фаќам креветот и одмарам како пензионерка, а колку бев активна пред една година, само штетавме, но сега заради работава (ме утепува) гледам да се одморам. Така решив и дома да се масирам додека се бањам, па ќе видиме, се надевам дека пак ќе носам фармеки број 29 :$
     
  19. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Целулит на задникот

    Кафето горко го пијам, и најчесто турско, нес многу ретко .
    Ај ќе видам дали ќе има некој резултат од баламов.
    :)
     
  20. Ivona7

    Ivona7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    10
    Здраво девојки!!!
    Би сакала да ми кажете што мислите за ултразвучната липосукција...
    Дали би ја направиле доколку сте во можност?? Вечерва се обидов да најдам малку повеќе за тоа
    и никаде не прочитав дека постои можност од некои страшни последици што е многу добро, а исто така и дека се постигнуваат големи ефекти. Јас навистина сум заинтересирана за липосукцијата, немам многу вишок кг., но не знам зошто ама многу ми е тешко да ослабам.
    Ве молам за мислење... :)