Хани јас го користам,се масирам секојдневно по 2 пати во денот ,воедно ја дрзам и диетава на УН и да ти кажам има резултати.Некои викаат дека нема врска,ама јас тврдам спротивно,мене ми одговара.Ако можеш користи го секој ден,насабајле и навечер масирај се,со тек на време ќе забележиш резултати.Позз
Знаете колку време треба за да го тргнете целулитот? Oсобено ако имате така малку повеќе. Било кој лосион и да го ставате, нема да Ви помогне од мачкање еднаш на ден, краток период, не пазење на исхрана и слично. Tреба да помине време, да делува тоа. Не бидете песимисти кога станува збор за ова, потребен е подолг период. Затоа според мене е и голема грешка што ако не видиме одма резултат, се откажуваме. Да се тргаше така лесно целулитот, сите ќе шетаа наоколу мазни, да не зборам!
Да точно така за да исчезне целулитот потребно е време и упорност и многу многу масажа, неможе да се исчисти само со мачкање на разни креми и готово, треба модринки ,модринки за да се одстрани
и претходно прашав ама не добив одговор,па ке си се пробам пак од Сатвата ми се вцрвува местото ас не ме печи или нешто така,чувствувам жештина ама не кој знае колкава...претходно прочитав дека некои ги печело многу...јас не се мачкам како што треба или....?
па што знам....пошто видов дека ним им било така ме интересирасе дали несто со моето мсаирање не е во ред или и на други им е како мене,само вцрвено и малку печење,не многу....
^Ваљда марина мислеше дали треба нежно масирање, дали со тупаници, со штипење, триење....пошо на некои ко например нивеа пишува и дека делува без масажа (јеа рајт) И јас ја земав сатвата и не ми прави ниту црвенило, ниту ме пече. Се мачкам и се масирам додека не се впие. Инаку тоа масажечето погоре ко делфичне што е татко ми ми го донесе, ми кажа 400денари го зел
е па погоди баш што сакав да прашам...мислев дека не е во ред масирањето мое,па затоа не ме пеце или незнам што,јас го имам Relax&tone ама прво се масирам со едно од авон што беше од Solutions заедно беше на кремата(таа ја потрошив) и со масажерот после тоа,се вцрува мн ама не ме пече...а резз?или уште е рано?
Несакам да те разочарувам ама кај целулитот за резултати потешко и подолго се чека. Јас веќе година ипол се борам интензивно, и уште е тука, пред летото скоро и да снемав, ама малку се олабавив цело лето и еве го пак, иако цело лето пливав по саат два, ама не пазев на храна Сепак нели кај секого е различно, јас последниве 4 месеци ептен пазам и на храна, и вежбам секој ден, се масирам, се мачкам....и првите три месеци немаше некои резултати, сега гледам почна полека да се намалува. Од друга страна има некои што викаат дека и за 10 дена гледаат резлутати, јас на тоа многу не верувам, ако беше така лесно, сите само во мај ќе се замараме, и на плажа мазни бавно го снемува, а брзо се појавува, малку се опуштиш и еве го
Не мора да те пече. Сите различно реагираме, мене малку ме пецка некогаш, но најчесто ништо не чувствувам.
И јас сакам делфинчееее!!!Од каде ти го земал татко ти?! Мене па брзо ми се намалува,ама исто така и брзо ми се враќа.Гледам резултати многу брзо,условот е тоа што ќе зацртам строго да му се придржувам и се случи есента,само на стискање почна да се познава,ако продолжев може и тоа ќе го снемаше...ама после тоа дојдоа колоквиумските,дојдоа празниците и еве си го тука си е,моментално си седам на него.
Ајде утре ќе му се јавам да прашам, касно е сега, па ќе ве известам од кај го земал Сепак нели се зависи од организмот, мада упорноста, порано или покасно ќе се исплати.
Ги имате на зелено пазарче масажерите делфини, и помали и поголеми(од 400-600 ден ).. и стварно добро делуваат бидејќи имаат топчиња за масирање со боцки и стварно се погодени за масирање на места со целулит.. многу побрзо и подобар ефект отколку со рака..
Од битпазар го зел, некои како тезги, незнаеше ни он точно местото да ми го каже пошо не е од Скопје, и така на минување, не го знае убаво местото....ама ми кажа дека на повеќе такви тезги го сретнал
Морам да се поправам за релакс енд тоунот оти ќе ме гризе совеста што го искритикував. Не сум го користела правилно цело време, глупо дете бе . Цело време го држев дур да ми се загрее местото и после го преместував , место да го шетам низ бутот. Е сега го користам како што треба и ок е ептен почнаа да се познаваат резултати
!Mолам???????????????од кај знаеш за ова??? леле и јас исто ко тебе правев. долго држев на 1 место..... затоа месец дена масирај секој ден- резултат ништо ауау! и колку време исправно го користиш??и забечежителни резултати имаш?
Па го користам 2 недели вака правилно и гледам ептен резултати, ама само брановидниот дел и се мачкам со антицелулитна пред тоа. А пред тоа 2 месеци исто само со брановидниот ама го држев на едно место и по 2 саати се масирав дневно . Иначе на рекламата видов дека не го движат така како јас што го движев и ми текна
Aма тежок е масажерот, рака ќе ти падне е трпи сестро за убавина...инаку јас мислам дека со брановидниот дел повеќе ефекти има, некако повеќе вибрации создава отколку оние топчињата јас со брановидниот дел...Xм епа ајде, и јас ќе почнам така да масирем секој ден
А што ми се случи менеееееее....купив од див продавач рилекс енд тоун цело време додека одеа известувањата за диви продавачи си викав, кој дебил ќе наседне на ова, што гњават со предупредувањава.....ама...ете, баш јас се заебав дојде еден ме смота, па и тоа пустото, исто, со виолетово, и додатоците и го купив за 1500, ми рече дека сум стален купувач (а сум), по повод роденденот, ни легитимација, ни гаранција му побарав, се залетав и го купив... е сега многу е сличен на оригиналот, само многу повеќе ти ја тресе раката додека се масираш, и дури почнува да те чеша раката од што дрма, мислам дека ќе има и со него ефект, затоа што се чуствува како го тресе целулитот (го немам на површина, ама длабоко некаде ама не го применувам, имам одбивност, поради тоа што ме потсетува дека се зезнав ... ама по вашиве кажувања, ќе почнам превентвно да делувам, ќе почнам да го користам, па може ќе излезе не сум се зезнала, туку само сум го купила поефтино.... во ќар дури ќе излезам..... Pa сакав дA ве прашам тие што го имате дали ви ја дрма раката, до степен да почне да ве чеша??????????