Jа дрма раката и тоа мнооогу, а дали ме зачешало не знам, не памтам оддамна се немам масирано така да не се секирај, ако има ефекти и од него во ќар си...зашто вака ти е 3000 денари и +150 пратка
Тоа дрмањето е нормално за сите вибрациони апарати... ама не го држи долго време со една рака, менувај ги рацете почесто. Оти ни вибрациите не се баш за занемарување
vo 1 litar rastopena nesolena svinska mast(moze i bilna mast ili maslac) dodate 50 ml tinktura od brslen 50ml cickovo ulje i 50 ml ulje od neven se zagreva na 70 stepeni iso postojano mesanje mu se dodave vosok(od pceli) gotovata smesa se stava vo sad staklen po moznost da se oladi potoa se zatvara sadot so nekoe kapace. pred spienje sekoja vecer mackajte gi zafatenite delovi so celulit, i masirajte gi 15 minuti. од фејсбук е воа еве линк http://www.facebook.com/note.php?note_id=399585828589
А кои масажерчиња се поефикасни,тие обичните во Џамбо што ги имало или тие делфинчињата?!Се мислам сега што да купам.Делфинчињата поскапички ама ако се поефикасни не жалам пари.
Еве што најдов на една страна за целулитот : Целулитот е проблем кој не може за еден ден да се реши. Се уште не е време за кратките здолништа и бикини, но доколку сакате беспрекорно да изгледате на плажа, треба да се позанимавате со овој проблем доколку го имате. Како да го сторите тоа? Како да го отстраните во домашни услови? Цимет Циметот го стимулира лачењето на заостанатите и отпадните материи со што ја намалува телесната тежина. Како да го користите? Користете го со млеко за тело кое е исто така антицелулитно, намачкајте ги бедрата со кремата, а потоа врз неа нанесете цимет. Потоа завиткајте ги бедрата со алуминиумска фолија и оставете да делува половина час. По тоа отстранете ја фолијата и исплакнете ги бедрата наизменично со млаз ладна и жешка вода. Глина Глината служи за детоксикација на телото на тој начин што за неа се врзуваат сите отпадни материи. Како да го направите рецептот со глина? На глината додавајте и вода се додека не добиете густа смеса. Не ги мешајте туку оставете ја глината сама да поприми вода. Потоа смесата нанесете ја на местата каде имате целулит и местата замотајте ги со алуминиумска фолија за да се загрее местото убаво. По 15 минути, извадете ја фолијата, глината измијте ја со топла вода, а потоа местото каде стоела мијте го наизменично со топол и ладен туш. Потоа местата намачкајте ги со крема против целулит Кафе Кофеинот кој се наоѓа во кафето ја поттикнува циркулацијата, а воедно тој е главна состојка на сите антицелулитни креми. Кафето може да се користи против целулитот, доколку го употребувате во исто време со пилинг гел против целулит. Но, како? Во гелот за туширање додадете доволно количина мелено кафе и измешајте ги. Потоа, нанесете на местата каде имате целулит и со кружни движења, масирајте ги неколку минути. По масажата мијте се наизменично со топол и ладен туш.
без да падне пот нема слабеење и нема губење на целулитот. Не знам што да се проба ке биде неуспешно или успех минимален ептен. Потребно е многу вежбање упорност за да се изгуби и потоа одржување на телото во форма. Сите тие масажери креми се залудно трошење на време и пари доколку не се поддржани со физички вежби. Од искуство девојки...не знам што се немам пробано...не знам колку пари имам дадено по креми и се залудно беше. Значи физички вежби и не само подобар изглед на телото туку и повеке здравје
Добра физичка активност проследена со здрава храна која се состои од зеленчук и овошје без користење на храна од животинско потекло,тоа е рецептот за целосно здравје и збогум на целулититеееееее .Сето друго применето е само експеримент кој за брзо ќе биде од вас заборавен.
Ова за мене е научна фантастика, ако некој се храни вака нека ми се јави, ќе му пишам и бројче по лп. Зеленчук, овошје и физичка активност, а мевце, па не сум јас вегетаријанец, а лебче, кифлички, зелник, слатки од Зафир,сендвич од Амати...добро и јас малку претерав со сендвичов и слаткиве Туку да пишам за гелот Сатва, еве го користам , скоро секоја вечер се мачкам и мора да признаам дека има ефект,. Не дека сега сум како Лима, ама нема веќе длабоки дупки од целулит, малку е измазнета кожата. Имав некои критични места и се фокусирав на нив, приметувам разлика. Е сега треба да се потрудам уште малку, планирам редовно да го користам гелот, претходно имам напишано како се хранам и колку вежбам , и искрено се надевам на добри резултати. Не ми е целта да го снема до лето, целта ми е да најдам начин никогаш повеќе да не се вгнезди во моите бутчиња.
И мене ми стигна тој масажерот релакс и вака од прва да ви кажам се осеќа разлика. Многу повеќе "дрма" од она делфинчето и така осеќам вибрации, за резултати неможам да кажам пошо 3-4 пати го употребив само ама разлика од она делфинчето ехееееее Само што овој ми е така потешок за користење и држење, па ќе си го користам најизменично со делфинот, зависи од расположение, делфинчето е лесно и не не боли рака
Уште еден мал детаљ кој мозе да помогне е тоа на крајот на туширањето пуштете ладна вода од колковите надоле да тече мијте ги нозете со ладна вода секојдневно,тоа ја забрзува циркулацијата и помага при отстранување на целулитот
Ми кажаа рецепт за целулит и јас бев скептична за ова АМА после 1 месец користење можам да се пофалам дека целулитот ми се намали повеќе од 80%. Па си викам морам да го споделам со феминките Навистина е едноставен и ќе ве чини точно 31 денар (барем во тинекс ) 1 кесичка цимет и 1 кесичка зачин каранфилче се мешаат и при бањање сапунот (може било каков сапун јас порано користев од авокадо и трици а сега баш најобичен) се топка во оваа смеса и се трие местото исто како со обичен сапун и после се плакне. Најчесто прво го поминувам местото со пожешка вода и понекогаш го оставам да постои околу минутка две. Многу лесно, многу евтино и многу ефикасно
За ова имам читано но кесичките да ги раствориш во гел за туширање и така да масираш неколку минути и после да исплакниш. Пошелно е да се тушираш со топла в.ода за да ти се отворат порите
каков чај да си купам за слабеење и против целулит? не дека ќе има некој ефект ама сакам да пијам 3-4 месеци барем ќе покаже малку од малку? некое искуство?
Lina 24 јас едно време користев слим-микс на алкалоид го има во аптеките на зегин околу 50-60 денари е побарај не е лош со е најбитно и не е грозен на вкус поздрав
Девојки , ќе сакате ли да споделите резултати доколку има од користење на делфинчето и каде поточно на бит пазар може да се најде ? позз...
Бубрези откорнав денес од чајов,2 литри вода и 2 литри чај...па и мајка ми ми ја утнала тоалетната,купила перфекс со мирис на праска,трослојна со боја...да не ви кажувам што ми се случи,те ќе кажам,ама на друга тема.Нејсе,ако истерам камен,има да ве избацам сите,не мора целулитот да го нема.Ми крцка го чувствувам. Него,да ве прашам,шо викате да си земам еден гел за туширање,помал така,да го наполнам со цимет и каранфилче,а не на секое да го сипувам и да се туширам,а?!
свекрва ми има една вики крема............. цела година ја шмекам, така и стои......... ќе си крадам по малце баш ме брига, де, да не и помине рок само не верувам дека ќе има некој ефекет, зашто имам користено една друга на вики и ништо