pa krema za eliminacija na celulitot i striite...na solutions 150ml...450 den e...ili vaka otvori si www.brosura.tk na strana 121 mene mi pomogna mnogu...se nadevam i na vas...samo ubavo ubavo masiranje...pozdravceee
Ееех дечки,јас ги земав антицелулитната од авон и спрејот против целулит,ги употребувам еве веќе две недели,паралелно секое бањање и туширање правам пилинг на зафатените делови со талог од кафе и морска сол и морам да ви кажам дека има супер резултати.Измазнето е,не се познава многу,арно ама над колениците секогаш ми се најпроблематични и изгледа ќе му треба уште време и упорност... Дај кажете за хеланките...ептен сум загреана,ама не знам кај да ги најдам,колку чинат и дали имаат ефект,вака интересна ми се гледа идејата...
Јас сепак мислам дека зависи, тука зависи и генетскиот фактор, сум читала многу статии за целулитот, и секаде пишува дека тој неможе да се излечи. Затоа треба колку може повеќе да се спречи да не настане, а ако се појави тогаш можеме само да го стимулираме со креми, чаеви и такви чуда. Инаку има многу препарати, од авон производите се добри, ама нормално неможе само да се нашлакаш со некоја крема и да го снема целулитот. Треба малку и физичка актовност, вежби, пиење вода, здрава храна.... Не е само до тие гелови. Поздрав
Na ovoj forum procitav deka preparatot satvo e dosta efikasen za celulitot. Go koristam vece 2 nedeli i ne gledam nekoe podobruvanje. Isto taka napisavte deka pece i ja vcrvuva kozata no nisto od toa.Pisete mi kako go koristite mozebi jas nepravilno go upotrebuvam. Fala
Еnca, добро си направила што веднаш си реагирала, така има најбрзи резултати. И после 25-тата година чуда се случуваат. Почнува да ти се лепи се што ќе каснеш, целулит ти се нафаќа, кога држиш диета многу послаби ефекти има за разлика од претхоно... Мене ептен ми се има насобрано целулит, и веќе 3-4 години ми е видлив, не само кога ќе го притиснам, туку и онака. Имам купено антицелулитен крем од Нивеа, кој немам поим дали има ефект, затоа што се мачкам еднаш месечно. Почнав да вежбам поредовно на орбитрек од пред некој ден, ќе земам да се мачкам редовно со антицелулитната крема, па ќе видиме дали ќе има резултати. Инаку целулитот може да се отстрани, само ако си склон, и да го отстраниш привремено, џабе е ако не смениш некои навики. Мора движење и здрава храна. А и бара време - ако го имам 3-4 години, не може да очекувам да го снема за 2 недели. Се сомневам дека ќе успеам да го отстранам целосно бидејќи ако ми се натрупаат обврски прво на вежбање кратам, и при прв стресен период се фрлам на јадење висококалорична храна, ама ќе се обидам.
I jas pocnav da go koristam preparatot satvo no kozata nitu se vcrvuva nitu me pece. kako vie go koristite?
Не го користам повеќе,пишав и зошто,имаше ефект колку што имаше на почетокот и со тоа темпо си помислив ќе ме стопи,втората половина од шишето благе везе немаше,наместо да намалува пак ми се врати на старо. Инаку како може да се употребува?! Се мачкав наутро и навечер со силно масирање,а што се однесува до печењето не зависеше од мене и нанесувањето туку така самото си дејствуваше. Ти да не го штедиш многу,па по малце да ставаш,па нема ефект?! Абе дај некој нека ми каже за тоа хеланките што затоплуваат????Искуство?!Ениуан?????И каде да ги најдам и колку чинат и сВе?!
CELULIT-NEPRIJATEL NA SEKOJA ZENA.JAS PORANO NEMAV MNOGU AMA OD KOGA SE ZDEBELIV MI SE POJAVI I UZASNO IZGLEDA.SEGA SUM NA DIETA PA DA VIDIME DALI KOGA KE OSLABAM KOLKU STO SAKAM T.E 10 KG DALI TOLKU KE SE POZNAVA.JAS KORISTAM EDEN GEL OD TANANA I NE DEKA IMA KIZNAJ KOLKAV EFEKT AMA I JAS NE GO KORISTAM REDOVNO.JAS SE MACKAM SO NEGO I KORISTAM BEZBOJNA HARTIJA OD TAA ZA VO KUJNA I VEZBAM.AMA MISLAM DEKA SEKOJA UPORNOST I DOLGO KORISTENJE I MASIRANJE SE ISPLATUVA.SI IMAM I EDNO MASERCE STO GO KUPI TATKO MI ZA BOLKI VO GRBOT SE MASIRAM I SO NEGO PONEKAD I TAKA.A OVOJ GELOT IMA TAKVO DEJSTVO NA PECKANJE I ZEZENJE I SE MASIRAM OKOLU 10 MIN UBAVO PA KE VIDIME KE VI KAZAM REZULTATI POZZDRAVCE DEVOJKI I NE OCAJUVAJTE.SITE VELAT NE SAKAM DA IMAM CELULIT A DALI PRAVITE NESTO VO VRSKA SO TOA.A I SUM SLUSNALA DEKA TRCANJETO POMAGA MNOGU VO IZCEZNUVANJETO NA CELULITOT.A I SAKAV DA VE PRASAM ZA GELOT NA NIVEA GOOD BYE DALI NEKOJ GO KORISTI I DALI E DOBAR ZASTO MNOGU ZENSKI MI GO FALAT.MALKU E POSKAPICOK AMA AKO IMA EFEKT VREDI.
Знаете што? Ова чудово навистина помага! еве баш и гледам по себе :mrgreen: целулитот на бутуните ми е многу намален, па и на задников :mrgreen:
Јас сега си купив гел од Гарние со масажер, па ќе видиме, ама после три дена интензивно масирање кожата ми е понежна, што ми се бендисува. А целулитот нормално дека после три дена не може одма да го снема, треба време. Ќе ви кажам како ми оди, понатаму, освен ако скроз не го баталам и ова јас не можев тој на Алкалоид да го користам, го купив и почнав да се мачкам, печеше како ѓавол! Ама после тоа приметив дека се нафрлав ептен, и престанав да го користам, шубе ми беше. А за хеланките, немам никакво искуство, ама гледав дека има такви од Афродита и тие се нешто околу 1000 ден или поскапи, а има и едни Танана, тие се нешто поефтини, ама не знам колкави се, дали само на бутовите или по цела должина на ногата...
Пред неколку години решив и јас да водам војна со целулитот. Читав по интернет, се распрашував наоколу, и на крај се решив за ЛПГ. Скапо беше тогаш, сега гледам и не е толку, направив 20 третмана, и имаше ефект, одличен и тоа. Е сега, пошто дадов толку пари, викам мора и начинот на животот да го променам. Почнав да пијам вода, 4 литри на ден, вежбав, пазев што јадам, трчев секој ден, па верувале или не и цигарите ги оставив. Што се ќе направиш за пусто да изгледаш добро !!! Проблемот е што така беше некои 4 месеци. После дојде зима, баталив трчањето, 4 литри вода биднаа 4 чаши вода + пола литар кока кола, плус пак стари навики за јадење. Резултат = целулитот се врати назад точно 7 месеци после третманите !!! Идев после на масажи, добро е, помагаат (амо и болат), меѓутоа здравиот начинот на живеење и исхрана никогаш пак не го вратив. А тоа е основно што сите ние мора да го правиме. Без тоа, можеме секакви масажи и третмани, се е џабе. Тогаш се решив на таков режим затоа што дадов толку пари за ЛПГ и ќе ми беше криво ем да давам пари ем самата лошо за себе да си правам. А во салонот ми рекоа пред третманите - ако немаш намера да го промениш начинот на живот ич не почнувај третмани, џабе ќе ти е, ќе има ефекти амо краткотрајни ќе се. Значи финтата е во тоа што навистина ние сме спремни да направиме за да изгледаме убаво, и дали навистина сме спремни да се откажеме од колачиња и кока кола (или џус, исто ти се фаќа и тоа и тоа шеќер) ???
1. Внесувајте доволно течности. Најдобро е да се пие обична вода. Водата ја подобрува размената на материите, а со тоа ги отстранува токсините. 2. Обидете се кафето да го замените со билни чаеви, против целулит најдобар е чајот од коприва бидејки ја поттикнува циркулацијата и детоксијацијата на организмот. Исто како и кафето, алкохолот го поттикнува излачувањето на вода, па и неговото конзумирање треба да се ограничи. 3. Обидете се да се храните правилно. Намалете го внесувањето на храна богата со заситени маснотии и протеини од животинско потекло, јадете риба или пилешко. Зголемете го дневното внесување на овошје и зеленчук, а едноставните јаглени хидрати заменете ги со сложени. Освен тоа што има превентивно влијание од појавување на целулит, оваа исхрана е добра за целиот организам. 4. Зголемете го внесувањето на продукти богати со витаминот Ц (овошје и зеленчук, природни овошни сокови), калиум (банани, вишни, праски, портокали и грав) и сулфур (порехрамбени протеини) бидејки овие продукти го подобруваат отстранувањето на штетни материи од организмот. 5. Избегнувајте пресолена и презачинета храна. Солта има способност да ја задржува водата што е една од основните причини за појавување на целулитот. 6. Редовно чистете го организмот од токсини. Излачувањето на токсините преку урината го поттикнуваат некои билни чаеви, на пример од коприва, додека против констипација влијаат сувите сливи, пченичните никулци, ленено семе и каша од зоб. 7. Бидете секојдневно физички активни барем 30 минути со цел поттикнување на метаболизмот и подобрување на излачувањето на токсините. Телесна неактивност, а особено целодневното седење овозможуваат идеални услови за формирање на целулитот. Пливањето се смета за идеален облик на вежба за превенција од целулит. 8. Обезбедете му на организмот доволна количина на кислород, најдобро поминете некое време во природа. Со потењето се исфрлаат токсините. 9. Масирајте ги деловите на кои имате целулитот. Масажата ја стимулира циркулацијата на крвта и лимфата и го подобрува ослободувањето од целулитот. Целулитот се наоѓа 3-5 милиметри под кожата, во сврзното ткиво и нема потреба од грубо притискање и гмечење. Масажата никогаш не смее да биде болна. 10. Обезбедете си доволно време за опуштање - се смета дека целулитот може да биде резултат на стресниот начин на живот, поради тоа во текот на денот посветете си барем еден час на себе. Направете атмосфера во која ќе се чувствувате најопуштено. Умерената физичка активност, исхраната богата со овошје, зеленчук, интегрални житарки со малку заситени маснотии, внесување доволно течности и масажа се чекорите кои треба да ги направите за спречување или намалување на целулитот.
оф незнам дали има некој пишано зошто искрено само првите постови ги прочитав, и јас се нервирав со целулитот немав многу но се познаваше. Почнав да пијам повеке вода и да избегавам тостови, хамбургери, јадев супи и домашна зготвена храна..сега па па целулит, ништо посебно друго.
Ефикасни се рол оните на Garnier, навистина го чистатт целулитот. Види го составот, важно е да има липокофеин, тој е најефикасе за разбивање на целулитот.
a imam slusnato maslo od brslen od meilab se mesalo so ruzmarinovo maslo i toa mnogu se koristelo protiv celulit ima nekoj probano?
Баш ќе видиме... јас веќе недела дена користам таков ролон... засега почувствував дека кожата ми е нешто поцврста, малку затегната, а го користам 10тина дена, двапати дневно правам интензивни масажи... целулитот го има, но знам дека не го снемува преку ноќ... барем до летото да ми се познава помалку
Annath dali e ovoj Garnier shto go korsitish??? http://photos.erdbeerlounge.de/images/a ... 0/3856.jpg
Абе мало е ова од Гарние,има пари да се изнафрлам дур да ми го снема исто ко ЛПГ да сум платила! Јас го користев пред година и нешто на гарние тој во туба,на капачето што има тврда гума за пилинг и масажа пред нанесување на гелот.Многу пријатен мирис имаше и да ви кажам немаше нешто спектакуларни резултати на колковите,ама надколениците ми се намали за еден сантим. Сега авонов...на почетокот една недела го користев секој ден по два пати,а сега скокам и денови и еднаш во денот се мачкам...ама па нема некои опасни ефекти...не бе брате,цаката на целулитот му е да се научиш да живееш со него.