Пошо јас го пишав тоа за бит пазар да ти оговорам. Пишав и порано дека незнам точно каде, татко ми ми го донесе, а и он незнаеше да ми објасни каде точно бидејќи не му е познат пределот, се нашол случајно таму, го видел и го земал и затоа незнам да ти кажам. И за резулти незнам, јас кратко го користам ама во исто време со relax and tone, кое како ми дојде при рака
Интересна и секогаш актуелна тема. Како што се наближува пролет се поинтензивно размислувам да започнам со антицелулитни третмани во некој салон за убавина, во комбинација со боди врапинг, спа третман или сличен тертман за детоксикација на тело. Иако во текот на целата година во домашни услови се трудам да го намалам целулитот, сепак би сакала да пробам и професионални третмани. Би сакала да споделите препорака или совет за посета на некој салон за убавина во Скопје, каде нудат поволни пакети и одлични резултати. Не ми е целта да ослабам, тука само да го намалам целулитот. Што се однесува до креми, користам Танана со пилинг ефект. Ви благодарам.
Познавам една козметичарка што има работено во овие пореномираните салони и еве што ми кажа. За антицелулитните масажи им викале не стискајте толку како ќе направите повеќе од 5 масажи во денот ако стискате толку . За разлика од тоа ако одиш кај некоја кај што има приватен салон има да стисне да се разбие, за понатака некој пат да одиш пак. Башка во овие добро познатите салони масираат со некое мирисно уљенце :geek: , а тие не толку реномирани барем со асална антицелулитна крема ќе те масира. Јас кај што одев ме масираа со анеси. Само да си знаеш дека целулитот одма се враќа од масажи.
Ти благодарам на советот. Искрено, немам бог знае колкав проблем со целулит. Но, ми страв дека ако не почнам со време ќе имам поголем проблем во иднина, подобро да се спречи отколку да се лечи. Енивејз, се уште не сум сигурна дека домашнитре третмани ќе ми помогнат многу. Што е со спа-капсула, боди врапинг? имате некаков совет, препорака?
Е вака сега јас одев во Афродита поодамна така пред матурата моја беше. Ми го препорачаа како најдобар. Имав пакет некој за намалување на целулит зошто со тежината и немам некој голем проблем. Имав во пакетот стимулации, кои што за мене барем беа ужасно непријатни. Антицелулитни масажи, кај што ме галеа со некое си миризлово уљенце. Спа капсула што само поти и ништо друго не прави. Лпг од што исто не видов ефект . И уште 4 пати да вежбам на таа вибрационата платформа (многу се затегнав од 4 пати ). За разлика од тоа за само 10 антицелулитни масажи кај козметичарка што работи дома имав 30 пати поголем ефект. Така да не се лажи да плаќаш име. Третманиве во Афродита ме коштаа 15000, а антицелулитните масажи 3000, па ти сама види си што ти се исплати повеќе.
Акција во маркетите Жито - Антицелулитна крема фитогал- 3 за 240 денари Ја имам користено, убава е, помага
^^ Сеси го имам користено...ама како што последниот антицелулитен гел кој го најдов и го користам цело време има ефекти, овој нема. Тоа е овој
A ме интересира после целулитот пак ти се враќа??? зашто обично, се враќа и после колку масажи се гледа разлика?? ај подетални информации ако може
Може да ми кажеш од каде точно го зема? многу феминки го фалеа, пробав да го најдам ама безуспешно, после читав дека го фалат тој сатва и го купив тој, заборавив на овој..... Супер е сатвата инаку, има ефекти, ама би сакала да пробам...
Џули сум го користела и тој, ама овој од Фитогал ми е поубав Алиса и тој го има во Жито 160 денари е, а го има и во аптеките
не се лажи, ja имам користено јас satva, никаков ефект, не знам ама од бршлен мене ич не ми помага 1 месец се масирав со масла од бршлени со талог од кафе, сатви, што уште не, и кај мене бршленот се покажа никаков
Пробајте со ова ефикасно е во гелот за туширање ставете 1-2 големи лажици мелено кафе и измешајте потоа нанесете на местата каде што имате целулит и со кружни движење масирајте
Може да ми кажеш од каде точно го зема? многу феминки го фалеа, пробав да го најдам ама безуспешно, после читав дека го фалат тој сатва и го купив тој, заборавив на овој..... Супер е сатвата инаку, има ефекти, ама би сакала да пробам...[/quote] Го земам од аптека...170 денари.Се мачкам само пред легнување и искрено приметувам резултати...ама наизменично со кратки вежби и нормално многу вода.
Незнам зашо така, ваљда дека различно кај секого делува. Јас цело време фрлав пари по нивеа, демек поскап = поквалитетен, имаше резултати, не се жалам....ама по препорака на некои феминки ја купив сатвата и гледам повеќе резултати од порано. Имам испробано разни, и оваа се покажа како најдобра. Затоа сакам сега да го пробам и овој лилаковиот, никогаш не се знае. Не е се до цената значи Може тебе така генетски ти е целулитот и потешко се отстранува....или ако си го имала подолго...
Мене овој што го пиша Сеси,ми помага и тоа повеќе од било кој друг.Јас уште есента ви пишав за акцијава со 3 и од тогаш си го зимам,не е лош воопшто,напротив.
мислам дека ми е генетски ок, кога сум послаба немам скоро ич, онака малце Aбе мене од сатвата само пржење и црвенило, и тоа беше се! а знам дека се мачкав цел месец пред спиење, после туширање, а и се триев со талог од кафе, исто шлакав и од масло од бршлен, а предходно VICHY крема, со дневна и ноќна! па апчиња од докторс пиев, кои патем се ужасни.........и ефект...ништо! евентуално сега ќе ја пробам кремата на џули 170 денари, па ако има некој ефект топ
Од тоа лилјаковото не видов некој вау ефект, само ептен убаво мириса А од масажа се враќа после 1 месец отприлика, ваљда кај секој различно. Ама искрено немам видено поголеми ефекти од друго нешто освен од тоа
И јас имам користено како тоа лијаковото само мислам дека ова е гел а ја сима користено body cream и имам и предходно пишано да бев задоволно го купував од жито маркетите ама морам да нагласам за одстранување на целулит треба доста, доста напор упорност и многу модринки од масажи.
Лилит, па се знаат кремите, ајмо акција 3 креме за 246 динара Имам уште малку останато од Фитофарм и од нив имаше порано акција. Според мене крема ко крема не е толку битна, битно е да се масирате се додека не се впие, а не намацкај тоа газето и ај на спиење. Е така нема да ти изчезне целулитот сестро, и после ќе кукате ова не ми помогна, она не ми помогна. Земам така поприлично добра количина (не го штедам), го респределувам на дланките и почнувам :8- прво нежно, па со тупаница, па со почетниот дел на прстите за да го осетам убаво, па горниот дел го движам горе долу со мачкање, па силно, па брзо- се додека не се впие скроз. Ем согорувам некоја калорија, ем знам дека правилно сум ја нанела кремата. И тоа го правам 2 пати на ден, без разлика дали каснам некаде, јас се мачкам (ова со исклучок на зимските месеци :tmi