Ах тој целулит, ете и сега сум со чашата вода, 2 литри дневно не ми бегаат и плус зален чај, и плус ќе почнам да мачкам нешто од овие работи кои ги предложивте. Инаку јас летото се мачкав со талогот и плус уље од бршлен и вежбав, и да имаше резултати, ама затоа кадата ми пожолте, и тоа уљето е многу мрсно, се измрсив . Затоа сега ќе си земам некоја крема, па ќе ја комбинирам со каранфилчето, циметот...Ајде, можеби до лето ќе ми се намали целулитот, кој го имам во изобилство. Многу имам, аман веќе од него
И тоа што викаш, коа и давам пари, се ќе кажува, и шо треба и шо нетреба ај ќе си паузирам јас 2-3 дена, да ги снема овие, па после со нови сили. И ако пак се појават, прекинувам Па и ние колку се засекиравме, нели целулитот е знак на интелегенција нека видат сите на лето колку сум паметна, без да отворам уста
Луѓе рачна масажа е многу боље од масажер 100 %. А за антицелулитниве кремички мислам дека ниедна не ми делува . Па го мразам веќе не можам да се гледам Ма има да му измисалм некое чаре дур да завршам факултет па што сака нека е :geek:
ЦИМЕТ ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТ Француските научници открија дека циметот го отстранува целулитот. Сувата кора од цимет содржи антиоксидантни соединенија кои штитат од дијабетес и срцеви заболувања. Новото истражување покажа дека циметот има уште едно корисно својство - ефикасно се справува со таканаречената кожа како кора од портокал. Дерматолозите од универзитетот во Гренобл извршиле експеримент во кој учествувале 80 претставнички од понежниот пол, кои повеќе од една година се жалеле од проблемот на скоро секоја жена - целулитот. Половина од жените биле подложени на козметички третмани и антицелулитна масажа на критичните зони, а останатите на кожата нанесувале масло од цимет. На крајот од експериментот експертите ги споредиле резултатите од лекувањето. Кај втората група на жени целулитот се намалил просечно за 60%, што е многу повеќе во однос на првата група жени. Екстратот од цимет исто така помага и за брзата регенерација на нови клетки. На седум од жените третирани со екстрат од цимет, лекарите забележале намалување на килограмите, како и намалување на стресот и нормализирање на размената на материи во кожата. Спојлер Преземено од http://www.zena.mk
Еве сега се измасирав убаво,тупаници,масажа сум имала многу целулит а јас сирота не се приметувам,цела зима мадро си седев. Инаку земав ЦелуГел од Реплек,и помогнало на моја другарка и сега ете ќе се масирам 2 пати на ден и очекувам резултати за едно 2 месеца . + ќе вежбам и на диета сум.Решена сум да успеам!
Кај да најдам мам кеар????????значи ако може да ми пишете, таму и таму, конкретно, дека неможам да најдам по аптекиве никаде...ај ве молааам
Има некој користено на Авон антицелулитна крема? Ја има во новиот каталог, сега е со масажер на капачето и по промотивна цена од 400ден. Се двоумам да ja земам, барав денес од тие на акција што се ама ми рекоа нема во Тедико. Е сега ако не ми преостанува од аптека да земам нешто ? И со талогот од кафе се масирам при туширање, ама немам веќе од кремата и гелот од бршлен па во потрага сум по нов Од овие на Фитофарм баш и не сум задоволна.
јас сум застаапник на авон и ако веруваш секоја порачка имам по 1 или 2 креми антицелулитни, сега таа новата што е ми нарачаа 5 креми и тоа секој што нарачал еднаш ми порачува уште еден пробај го, јас сега си порачав од тој новиот тројна фрмула што е па ќе видиме што чудо е
http://www.avoncosmetics.com.mk/PRSuite ... rNr=201103 еве види мислам дека е некаде после 60 страна, го нема во тековниот каталог, го има во кампања 4 исто 399 ден солутионсX3 се вика, а овој предходниот е само солушн поточно на 84 и 85 страна
Да знам овие ги гледав и јас, за нив прашував. Мене ме интересираше дали се ефикасни, да не си ги фрлам џабе парите.
Значии целулитот го има секоја девојка-жена !! Тоа е нормално некој повеке некој помалку но ако сакате да не ви се познава толку многу вежбајте трчајте колку што можете повеке.... и пијте мн вода.. знали имам целулит но многу малку речиси не ми се ни познава бидејки сум физички актива значии трчам секој ден.. и мн ми е убаво се чуствувам многу поздрава ... !! <3
Прочитав дека против целулит убаво било секое сабајле пред јадење да испиеш една чаша млака вода со една лажица јаболков оцет колку делува незнам,но јас не би пробала и така имам проблеми со желудник па уште јаболков оцет и тоа рано насабајле имам многу малку целулит ,почна да ми се создава од лани,т.е.кога престанав секаква физичка активност.кога се вработив-од работа дома.кога со автобус,кога о кола-активност никаква порано на факс натаму наваму,сега слабо време имам.пред еден месец почнав со везбање дома си најдов фитнес на ју тјуб,и баш убаво ми оди,пред легнување секоја вечер вежбам-2о-30 мин,кога како. освен исхраната и активноста е битна за целулитот. инаку мајка ми,која има 50г,замислете нема ич целулит ,ниту стрии,само на стомакот 2-3 поголеми,верувале или не алал да и е
Јас од авон го иам користено тој на anew и сум ептен задоволна, само што ми е скап па еднаш го иам порачано
Здраво девојки Вака правам јас : се мачкам со било каква антицелулитна крема (па и на стомакот), моментално најдов од Рубин Кармин еден гел од бршлен по 70 денари облекувам памучни хулахопки или хеланки, одозгора ТаНаНа антицелулитни хеланки па тренерки.. одам на фитнес, но може и со шетање 30-45 мин. Ќе се испотите премногу, ама премногууу... мислам дека никаква масажа не би делувала толку како ова Претходно се масирав со делфинот ама ми се направија такви модрици ме фати страв и го баталив тоа..
Девојки морам да ви кажам дека сом во јака борба со целулитот и за среќа имам резултати Пијам многу вода, зелен чај, почнав да вежбам секој ден, се мачкам со антицелулитен и се масирам со талог од кафе. Сега за сега има резултати но проблемот е тоа што знам дека одкако ќе прстанам со сите овие ритуали целулитот повторно ќе се врати Значи нема спас од тоа досадно нешто наречено целулит