Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Целулит

Дискусија во 'Тело' започната од Mimi, 19 ноември 2009.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.250
    Сигурна си дека тоа си го видела?! :?:
    Она како капаче што е и што вшмукува?!
    Ај баш ќе проверам,па ќе ве известам.Не знам како е во живо шмукањето,на рекламата порано мене ми делуваше па многу нежно и како малце да вшмукува и баш си викав лани,да го имав тоа немаше модрици да ми се правеа,а не со чашиве,човече до пола шашка (која е висока околу 12 см) ми одеше мевцето. :D

    Едит.Се јавив,ми рече да провери,не е сигурна дека го имаат и ќе се јави..ама очигледно го немаат,зошто ја нема.
    Eдит 2.Еве ја бе,се јави,3690 е,може на две рати.Значи имале.Ако ме прашувате мене,ова е подобро од релаксот.
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Лилит и јас лани го правев истото само со мала тегличка и со запалка. Правам вакум и низ критичните места само морам да нагласам дека овој принцип не го одстранува целулитот туку го прави повидлив ( го подига како што во еден предходен пост беше напишано) и после е многу лесно со антицелулитен и масжа се одстранува. Нозете ми беа модри како во фрод да сум била :D И да ми се исчисти целулитот но благодарение на тоа што сега се поправив 3 килограми повторно ми се врати :( Сега повторно се борам но не со вакум само со делфинче масажер со многу помали модринки ;)
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.250
    Ајде пак ќе прашам,од каде ви е делфинчето,колку е,колку дрма и дали сте задоволни?!
     
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Од улица :D Еден човек одеше низ улици и ги продава, а ги има и низ тезги провери си на бит пазар сигурно има моето е со две топченца што дрмаат :D За дрмање стварно дрмаат ептен. Задоволна сум и можам да кажам од тоа и сум нај задоволна. Се сќавам дека не беше многу скап некаде околу 1000 и нешто денари не сум сигурна колку точно.
     
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Јас имам пишано дека татко ми ми има донесено од бит пазар за 400денари. Ми рече од тезги, незнаеше ни он точно да ми објасни каде пошо прв пат се нашол таму :) ама го имало на повеќе места. Инаку дрма бааги ама во споредба со relax and tone е ништо :) Ги имам и двата и дефинитвно подобар е вториов..ама понекогаш си го користам и делфинчето бидејќи после 10мин ме заболува раката од relax
    Ама со оглед на ралзликата во цената, делфинчето е топ, кај мене имаше резултати (ама во исто време вежбам, се мачкам, пазам на исхрана колку толку :) и незнам од што точно се намалува, а може и од се во пакет)
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.250
    Јас би делфинчево,поевтино е,затоа што штом го има ова вакуумсково,повеќе ми се допаѓа,тоа ќе си го земам,а имам веќе и една пеперутка на батерии,создава мала струја и ги грчи мускулите.Мноооооогу пече на почетокот,фала богу електрицитет и мускулот го активира,па цела нога како да скока,имаше ефект,арно ама нешто не е у форма и батерии му сменив,а инаку исто е како тоа во топ шоп што го имаше,само што моето е дупло поголемо и плус го имам и малото,ама никогаш не се осмелив на стомак да го ставам.А ефектите беа повеќе од задоволителни.
     
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    91.758
    Пол:
    Женски
    Делфинче има во Базаро и мислам не е поскапо од 500 денари.
     
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    А сте го пробале сапунот од докторс против целулит?
    На овој мислам ?
    [​IMG]
     
  9. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    Девојки ајде еднаш освестете се нека не ве лажат рекалмите верувајте ми дека некои луѓе се богатат на нашата неинформираност или поточно од тоа дека нема кој да ни каже што навистина е правилно или пак слушаме на тв ама не кажуваат се нутриционистите како треба и кога треба.
    Вака наутро треба да јадеме овошје на секој саат по едно, тоа го знаеме и вода, во дванаесет мусли со чај и едан лажица шеќер, ручекот треба да ни биде по два три саати и треба да јадеме салата со парче месо или риба или ориз или копири по три саати пак треба да јадеме леб интегрален две парчиња со салата или компири варени од нив да направиме салата со кромитче и тие со салата(во еден ден треба да имаме две различни салати) и секако пола саат пред јадење две чаши вода и за вечера јогурт или млеко.
    И секако треба да вежбаме од 3 до 5 пати неделно по еден саат. Тешко е бидејќи некои од нас се мајки, ученици, стиденти, вработени и слично а тоа не ни дозволува да правиме се кога сакаме и како што треба сите гледаме кога сме некаде каде имаме обврска да јадеме нешто набрзина бидејќ од нас се бара и да ги исполниме нашите обврски не само да јадиме. :D
    Се надевам дека ви помогнав, малку е тешко да се одржува ваковиот распоред и мене ми е тешко , но цел ден не сме гладни нити пак се јавува потреба од јадење чоколади, слатки, газирани сокови, смоки, чипсови или се што е благо и што штети на нашата линија. Ваквиот начин дава енергија и сите потребни витамини, минерали, ензими што ни се потребни. :)
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.250
    Кукличка,целулитот во голем дел има врска со нездравиот начин на живот,но исто така и во голем дел нема,едноставно си склон на него,генетски,хормоните исто така влијаат,па така што не ти останува ништо друго освен масажи,антицелулитни креми и слично.
    Јас во принцип не јадам нездрава храна.Немам порок чипс,чоколадо,смоки и слично,фала богу еднаш во месецот може да ми се случи,ма да и тоа е веќе многу,ама ете имам друг проблем кој ме прави склона и немам избор освен пиење вода,масирање со се и сешто.За да нема ич целулит со здрава храна,треба да кажете збогум на се солено,се вкусно (кое патем не мора да значи дека е нездраво) и да јадете само варено,несолено и блуткаво,тогаш која е смислата на животот покрај сите тие задоволства,а храната е задоволство?!
    Јас знам и дебели девојки со ич целулит...
    Тоа е тоа.
     
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Јас да. |(
    Ништо посебно. Односно ништо ич. Сапун ко сви остали. |(
    Чист пилинг помага милион пати повеќе.
     
  12. marina22mk

    marina22mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    51
    Се сеќавам на пеперутката, ама тоа беше одамна :?: . Дали ја има сега во продажба и каде можам да ја најдам?
     
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Најде? Е па супер. Знаев дека не сум грешка во врска со рекламата. :tmi:
    А за ова делфинчето имам слушнато од другарки дека не ги правело потребните и правилните кружења... :?: Така е тоа? Го имам осетено на неколку минути, ама од каде да знам дали правилно вибрира или не.
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Мене делфинчето ми е од една продавничка во маало за компјутерска опрема.
    Чини дури 500 денари и има три додатоци - мазно топче, со боцки и едно топче
    цицка
    :D

    За тие пари задоволна сум, си ја купив пак од рамстор Гарние кремата против целулит - две во пакување 190 денати, евтинија жива и кога се масирам посебно на задниот дел и бутовите, ме боли и ме пецка при притискање.
    Претпоставувам има ефект.

    Сега, дали правилно дрмало, вибрирало или не... :^)
    Подобро е во секој случај од тоа колку јас самата можам да се стискам и масирам.
    Па ќе пишам резултати после две недели, преку ноќ чудо нема да се случи.
    Мусли за појадок, маслиново масло, намалена количина на сол, 2-4 л вода дневно и задолжително пешачење и ќе биде во ред.
     
  15. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Trendi која крема на Гарние е таа? Можеш да ми покажеш слика од нет? :wasntme:
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    ^
    Едната е оваа со вакво масажерче
    [​IMG]
    другата со рапаво капаче
    [​IMG]

    двете во пакет се 190 ден. во Рамстор и за разлика од други креми (Фитогал, Докторс и компанија) е навистина подобра и со редовна употреба - има резултати.
    ;)
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    190??? двете креми???
    јас од супер тинекс ја купив втората од 200 мл за 140 денари и има уште 50-тина креми од акцијата така да девојки одете во тинекс кај американ колеџ што е! има за сите по еден ;) па сега во план ми е да го продолжам третманот со талог од кафе и плус со ова да се мачкам,па ќе видеме резултати мада што јас немам скоро ич целулит, ама не ќе биде лошо да го санирам тој што го имам меѓу нозе!
     
  18. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Кај мене нема модринки се уште, ставам свеќа во чашата па ја вадам и тогаш ја ставам на ногата, така да вакумот не е толку јак. И да со тоа мислам дека целулитот се влече на површината и после со масажа полесно се разбива.
     
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Јас вака го правев : со мала тегличка ќе ја ставев на ногата и малку ќе ја подкренам за да можам да ја ставам запалката и одкако ќе запалката ќе се изгасни од немањето на кислород ја спуштав тегличката на ногата и ептен се вшмукува. Само пред тоа ја мачкав ногата со антицелулитен или со некоја друга крема за да може тегличката да се лизга по ногата. Предупредување внимавајте со запалката да не се изгорите. Ми се правеа страшни модринки како некој да ме претепал :lol:
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Jас малце сум глупа, ама како бе со свеќи??? :?: на нога ја ставате свеќата или запалката, па врз нејзе чашата ли??? или што?!?! :D
    абе дајте кажете дали има некаде вакуум, да е прифатлива цена, да си земам :D :D
    пошто ова не го разбирам, и ќе се испогорам цела :lol: