Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Целулит

Дискусија во 'Тело' започната од Mimi, 19 ноември 2009.

  1. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    ха ха ха лудо ме насмеа леле незнам како да ти објаднам ајде ќе пробам вака :
    чекор 1 : ја мачкам ногата со антицелулитен
    чекор 2: со мала тегличка ја земам ја ставам на ногата со отворот за полнење што е на ногата ќе ја подкренам малку колку со раката да ја внесам запалката. Ја држам така запалката додека не исчезне кислородот, кога ќе снема кислотод запалката се гаси и ја спуштам тегличката врз ногата и се прави вакум и вшмкува ти така само ќе триеш по ногата т.е. по деловите со целулит . Ако некој дел не си ме разбрала пиши
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Ја вртам чашата надолу со отворот, и во отворот палам запалка или свека не е важно, и ке видиш дека пламенот се гаси значи чашата останува без воздух ја вадам запалката и набрзина чашата ја ставам на ногата ( пак со отворот надолу врз ногата)кој треба да е намачкана со крема и со чашката се движиш по ногата ама да пазиш да не ти влезе воздух, ако ти влезе пак одново. Не е баш забавно. Куписи нешто попаметно ама можеш да си пробаш.
     
    На SOVRSENSTVO и ludoto19 им се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    ]:) идам да го пробам експериментов и тоа веднаш!!!!
    ве сфатив фала мноогуууу :* :*
    п.с ајде ќе видиме дали ќе има модринки :angel: :lol:
     
  4. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    ^^^
    Женскииии...ќе имате кругови модра салама, не модричиња...внимателноооо....
    Инаку ако вече сте решиле, еве ви полесен начин...Земате малце памук, го палите и брзо го ставате во чашата , ја вртите наопаку на местото и оставате тоа да влече...со памук е многу лесно дека не пикаш директно оган...
    Ама ќе имате салами...да си знаете :rofl:
     
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    ах бре жени жени :D
    Алал да ви е на храброста, јас вакво нешто не би пробала :D
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    пробав неколку пати :lol:
    по 3-4 пати на една нога!
    не боли, ама вакумчево е мнооогу мало, ја очекував ептен да се вмушне месо :^) :D
    и не боли, ама ако станам салама, баш ми е гајле!
    таман ќе се скрие целулитот со модриците :rofl:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Чекај Лудо не си усовршена :D Ептен нека се одстрани кислородот баш како што ти пишав преска и одма стави на ногата е тогаш ќе видиш вакимиште :D Модрикни си има ама па и со масажа ги има вака барем после е полесно да се исчисти целулитот.
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    да бе да, се изгасна упаљачок, и освен што направив еден црн пламен на чашата, и мал вакуум, друго не направив :lol: :lol:
    отиде чашата еј, ај не ја жалам и така од сенф беше :rofl:
    хм, јас не знам зашто не се направи толкав вакуум, може овој целулитов е тоооолку цвст, па нече да попушти!
    абе сега ми текна мене дека имам јас Сауна белт од топ-шоп оние портокаловине панталони што те топлат и се потиш... некој да не ги пробал??? :rofl: :rofl:
    многу печат тие, ко пушен батак сум после нив, црвени линии цел газ и ги баталив после 2-3 употреба :lol:
     
  9. Pla4ka

    Pla4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    161
    Ееее ме изнасмеавте мислев само јас бев луда до пред 4 години со тоа се занимавав еве ја мојата техника:
    Земав чаша од оние потенки што се на врвот да неречам селски кафански од времето и една мала свекичка од оние во пакување големо што ги има и претходно ногата ја мачкав со уље за целулит не крема (одма впива ) ја палам свекичката и ја ставам на дел од ногата и ја поклопувам со чашата и чекам да се изгасни ете го вакумот месото ке се поткрене ако е устешно наместена зависи и од положбата како сте наместени и после во кружни движења масирате, од доле на долу кога масирате има најдобри резултати али боли на местото со повеке целулит.
    Да напоменам болки и модрици ке се јават само на места со многу целулит и каде што сте претерале со вакумот ,што подразбира доколку месото се покрене повеке нема да можете да издржите на долниот дел од чашата со прстот пуштете воздух малку да олабавите и продолжете да се масирате.
    Ова е најпримитивен и најдобар начин за остранување на целулит али досадно е пали гаси само видов сега на топ шоп има еден масажер со иста функција незнам дали некој го пробал дали да го земам инаку јас се масирам со релакс и супер ми е .
    Поздрав
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.250
    Знаете шо направив?!
    Најдов гарние!!!Најдов во веро кај американ.Земав 4 во туба!Откако прочитав тука дека и во рамстор има 2 за 190,кренав телефончето и на татко ми му порачав еден комплет!Уште едно во туба и едно со ролон за да го користам со се другите!Ха!
    Епа не сум со сите знам!Ама до лето,најмазните нозе што ќе ги видите на плажа,е тие ќе бидат мои да знаете!!! :D :D :D
    Жив трошок сум,сега се чувствувам лошо! :(
    А заборавив да потенцирам дека имам веќе две на залиха од тие евтините 3 за 250...мислам срамота е ако после толку глупости не го уништам за век и векови...ми се чини сега и петите ќе почнам да си ги мачкам со нив.
     
  11. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    :D :rofl: охооо уште какви експерименти нема да прочитаме на форумот :D
    Имам слушнато дека на женското тело му е потребен целулитот бидејќи без масни наслаги не може да функционира. Ќе престанат метаболичките процеси, ќе нама менстроација, ќе значи старост губење на убавината, ќе значи губење на можноста да се има деца. Знам дека како мене така и вас ви е важно да се изгледа убаво, но тоа не значи да претеруваме да правиме и купуваме се што ќе слушнеме, разбирам ако не е штетно да се прави нешто пр. како масажи, но со тие различни кремови лосиони не знаеме колку се штетни или пак со чаши :D Туку предлагам за да изгледаме убаво подобро би било да вежбаме, а со тоа ништо од ова нема да ни биде поребно(лосиони, кремови...), ке имаме убаво обликувано тело задник, стомак, нозе, раце. Јас вежбам и затоа ова упорно го повторувам. Значи воодушевена сум од резултатите што може да се постигнат со вежбање, како и многу други порано воопшто не ми се вежбаше, но од ко почнав едвај чекам да дојди време до следниот тренинг. :) Најискрено ви препорачувам да пробате(пр. аеробик), бидејќи не се работи за многу пари и така трошиме на различни нешта кои што можеби никогаш нема да ги искористиме, но секако секој си има право да одлучи што ќе прави со својот живот и здравје. :)
     
  12. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Баш ова сакав да го предложам. Која телепатија... :wasntme:
    А саламките се загарнтирани. :D :D
    Ама додека е зима терајте жени, ова не се препорачува во лето оти нема да може да носите минич. 8)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Па затоа оваа “терапија“ :D уште месец два е дозволена и после минич и најзгодни 8) :D
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.250
    И јас имам читано пред некое време дека претераното вежбање кај жените предизвикува неплодност,но не значи дека не треба да вежбаме воопшто,така и ова.
    Изгледа не ме прочита Кукличка.Секој е индивидуа за себе и кај секој различно нешто функционира и не можеш некого со сила да натераш и мотивираш да вежба или да се храни не знам како.Се си е до стилот и начинот на живот.Сите знаеме што е добро,ама оди направи го,а плус како што кажав,низа причини за целулит,кои не мора да се поврзани со животните навики,па мораш да го атакуваш целулитот на друг начин.И зошто да не да не се мачкаш,а паралелно си вежбаш и се храниш здраво?!Уште поубави резултати.
    Мене од друга страна не може никој да ме разубеди дека само со физичка активност и храна може да го снема,затоа што сум жив сведок и примерок,а не дека некогаш не верував во тоа.Она што го правев еден период и вроди плос за мене беше максимално исцрпувачки и физички и психички,а плус е тоа што не можеш да се опуштиш да го живееш нормално животот заради еден целулит и кога веќе имав поважни работи,плус го завршив експериментот,зошто искрено беше експеримент да откријам што тоа мене ми прија и успева.
     
  15. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    200
    А бе луѓе и паравосмукалката прави вакуум :geek: , пишав и порано еднаш.
    Ама некако модрициве ме загрижуваат, така да не сум баш за ова.
    Кој сака нека проба полесно е одколку со чашите ;)
     
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Женски мене ова со правосмукалката многу ми е смешно :D што се не трпиме за убавина
    Замисли онака ти влегува некој во соба (мајка, дечко) а ти си легнала и се тегнеш со правосмукалката :D :D :D

    Инаку ваљда полесна опција е, јас немам храброст уште да го пробам тоа со вакум
     
  17. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    200
    Па кога си сама дома ќе се шмукаш :P
    Прави опасен вакум, ептен јак, јас се шмукав порано ама не сакам пак многу модрици ми се напраија.
     
  18. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Леле па вие стварно луди сте биле :lol: (позитивно луди)
    Што се не прочитав во темава :D
    Треба да бидете горди на целулитот, имате и зошто:

    Верувале или не, научниците тврдат дека целулитот кај жените е знак на поголем коефициент на интелигенција. Имено, натписот со ова тврдење е објавен во угледното научно списание Science.

    Истражувачите тврдат дека масните клетки кои го градат целулитот, истовремено го обезбедуваат телото со незаситени масни киселини кои се исклучително важни за правилна работа на мозокот.

    Масните киселини ја зацврстуваат сивата мозочна кора. Научниците наведуваат дека е погрешно да се мисли дека целулитот е штетен.

    Напротив, целулитот е знак за оптимално производство на женски хормони и развиена сексуалност, односно плодност.

    Драги девојки, време е да бидете безгрижни!

    Ајде да видиме сега кој ќе се пофали со највеќе целулит :lol:
     
  19. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Абе се тешевме и со ова едно време....додека имаше снег :D сега како почнува да не напаѓа сонцево, не фаќа паника и баталивме интелигенција. Иде лето, а на плажа никој не го интересира кој е вториот Њутнов закон :D :D
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.250
    Па у зима маживе некако се порасположени за енигма и паметни разговори,а како иде летово,колку потенки материјали,толку потенки мозоци бараат и шо да правиш...тоа е. :D Башка што повеќе открива,повеќе провоцира,ние пустите со целулит,забулени не сме интересни,интересно е тоа што малце ѕирка и прозира. :D