Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Целулит

Дискусија во 'Тело' започната од Mimi, 19 ноември 2009.

  1. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Барем виде некакви резултати? :wasntme:
     
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Сметам дека е во ред да се грижиме за нашето тело (јес, и јас имам целулит!) ама до толку се маваме од ѕид за тој пусти целулит при што толку го нагласуваме и потенцираме па дури мажите ќе почнат и да го бараат, да не прегледуваат и сл...
     
    На kukli4ka2 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    Ова со правослукалката ми праи филм да го пробам, ама нашава е од оние големите, па ништо чудно да ме смукне цела. :D А официјално од денес почна и мојата војна со целулитов.Имам масажерче од авон, мало едно и рачно згора па ќе видиме до каде ќе стигнеме. Антицелулитна крема си купив Сатва..I hope it works.. :^)
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.237
    Допаѓања:
    157.253
    Речете му на вашиот партнер да ве измасира на зафатените делови...е тогаш тек каква самодоверба се стекнува да знаете! :D
     
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    ^
    море и ме масирал, и ме мачкал со креми :lol: :rofl:
    и ме пустел :D
    него во Tинекс има уште гарниер, јас пак си купив сабајле!
    од големите тубички има доста, а од тие со мазажерчето од 100мл се при крај :)
    а чекај јас добро разбрав или за правосмукалка станува збор??? :?:
    ајде ќе пробам и со правосмукалка да шмукам, ништо не губам, може ќе има ефект врз целулитот
     
  6. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Лудо, колку вкупно туби си купи? Еј да потсетам за понудата во Рамстор! Две комплет 199денари. При крај е бројот на комплети.
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    E бидејќи не ми се исплати да идам до Pамстор, немам ни слободна, и за такси да давам пари, си купив од тука
    и се на се имам 2 големи туби, и 2 мали со масажерчето
    инаку пробав сега со правосмукалката топ е, влече, LPG масажа хахахахххаа
    без пари по дома, одма саламура се напраив :rofl:
    едит-почна да ме боли бутот ]:) :lol:
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Еден добронамерен совет. Не претерувајте со тоа вакуум - посебно никако со правосмукалка. Оти тие вакуум масажи мора да бидат правилно изведени, инаку беља може да си направите. Сепак, за здравје се работи. И јас си имам мака со целулитот, ама не би пробала ништо толку драстично како правосмукалка. Кажав дека Гарние кремот ми помогна, и тоа само со масажерчето што си го има, два пати дневно се масирав :)
     
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    И јас мора да признаам дека не би пробала вакви екстремни експерименти од типот на експериментот со правосмукалка или тоа со чашите. Сепак како што вели Annath се работи за здравје, и тоа ми е најважно. Инаку си направив лагерче од кремиве и ќе се мачкам упорно. Денес сакам да тркнам до Џамбо, мислам дека таму видов антицелулитни масажери па да си земам еден за масажа. Annath после колку време виде први резултати од мачкањето?
     
  10. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Јас вчера од Рамстор си купив од комплетот Гарние 2 за 199 и башка го имам овој од Реплекфарм. Него почнав да го користам и би требало да има некој ефект. Вчера првпат го нанесов и не да пецка туку пржи, ама јас добра масажа удрив, па кожата ептен ми се вцрви, а бе ко изгорена од сонце се бев. :D Ќе продолжам него навечер да го ставам, а Гарние сабајле. А бе до лето има путер да се сторам.
     

    Прикачени фајлови:

  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Отприлика после една недела. Ама интензивно се масирав, ептен ми се вцрвенуваше местото. После некое време почнав да го користам еднаш дневно тој крем, а вториот пат во денот се мачкав со антицелулитниот гел на Bones (Џули мислам го користи), и за тој го користев рачниот масажер на Орифлејм, еве овој
    [​IMG]
    Имаше добри резултати, масажата е многу важна, ама морав да прекинам кога останав бремена, бидејќи кремите не се препорачливи во бременоста.
     
  12. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Епа ваков некаков видов во Џамбо. Јас немам тврдокорен целулит, имам многу малку и тоа баш на стомачниот предел. Како ме нервира, ух! :devil: Си купив неколку креми и МОРА да го разрешам до летото. Се надевам Гарниеров и масажите ќе ми дадат успех. |(
     
  13. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    Од крајот на есента почнав да се борам против целулитот,а имав многу премногу, немаше потреба од стискање на кожата, се гледаше од километар имав бранови на нозете од позади и дупки на задникот- таа количина на целулит ви кажува дека цели лета ги поминувам во панталони и фармерки, а на плажа ми беше смрт да одам!! Никогаш не сум имала проблеми со кг се хранам здраво, но едноставно ми е наследно!

    Пробував се и сешто креми, масажери и пак немаше мн големи резултати! Мислам дека единствената грешка беше што бев преоптеретена со целулитот го надгледував 24/7 дали се намалил било какви резултати. И се така до декември-јануари се жалев дека нема ништо резултати, дека ке си умрам со целулитот, дека што и да направам ми е залудно... Но одкога почна новиот семестар вежбав за да се озлободам од стрес и да се наполнам со позитивна енергија и деновите ми беа исполнети максимално! Немав време ни да застанам пред огледалото а не па да посветам време на испитувања! Еден другар што ме немаше видено 2ипол месеци искоментирал како сум се стегнала и јас цела срекна пресрекна кога се вратив дома застанав пред огледало и се смеев зошто резултатите беа пред мене! А за најголемо чудо кожата ми беше затегната (благодарение на затегнатите мускули) и тие страшните бранови ги немаше! морав да си го шинам вратот за да можам да го најдам целулитот ;)))) среќа невидена

    И сега имам целулит ама се познава кога ке прекрстам нозе на седење или со стискање, но барем знам дека ако продолжам како до сега само без психичко малтретирање дека ке има се подобри и подобри резултати! И со целулит можело да се има самодоверба, сега си викам сум била и бетер ова не е ништо и си се смеам :D

    Како мој заклучок е дека целулитот бара време и комбинација од движење, колку што може поздрава исхрана и масажи за поттикнување на циркулација па макар и со обично млеко за тело,!
    УФФФ МОРА ДА НАУЧАМ ДА ПИШУВАМ ПОМАЛИ КОМЕНТАРИ ОВА Е РЕФЕРАТ, ама па немав др начин за да ви кажам какво е моето искуство!
     
    На Hopeful и kukli4ka2 им се допаѓа ова.
  14. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    аххх сум се лажела сама себе тогаш! не што седев пред огледало по цели денови туку и негирав кога мајка ми ме критикуваше (очигледно ни сама себе не сум можела да си признаам) :^) како и да е ПОМИНА! :rofl: :rofl: :rofl: :lol:
     
  15. kukli4ka2

    kukli4ka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2010
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    21
    Spanko како што разбрав се работи за вежбање мило ми што има некој да размислува како мене, да не се замара со целулитот тука да вежба и да се храни правилно.
    Lilit јас никаде на никој не му наредив што да прави, да си го смени стилот на живот. Верувај мене воопшто не ми е важно дали некој цело време ќе јаде пржена храна, пресолено, премрсно... тука само сакав да си го кажам моето мислење, а тоа кој што прави со своето здравје па и живот е само негова работа не и моја, нека одлучи сам.
    Сепак јас не би правела разни експерименти со чаши, правосмукалки :D и сеедно што друго што ќе ми ја иритира кожата па и ткивата, не сум информирана мнногу, ама тоа сигурно треба да биде дозирано, и да го право некој што е компетентен. :)
    Некоја девојка спомна дека и било тешко одењето, барем јас така тоа го разбрав , секако дека ќе биде тешко кога мускулите не се зацврстени, нема движење( не судам, туку коментрам најдобронамерно како пример дека тоа и мене ми се случувало да ми биде тешко, но има разлика од ко почнав да вежбам). :)
     
  16. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    За тие што сакаат да експериментираат со вакуумски третмани им препорачувам да најдат вакви 'чашки', а не свеки и правосмукалки :worried: !

    [​IMG]
    [​IMG]

    Како што можев да видам на youtube направени се од мека пластика или тврда гума сеедно се стискаат на средина/гумениот дел пред да се доближат до кожата и потоа ствараат вакуум, а за да лизгаат по кожата може или антицелулитна крема а може и обичен сапун! Ми изгледаат побезболни иако и од нив може да настанат црвени кругови ако безосетно се повторува постапката на исто место! Може самите да си определите колкава ке биде јачината на вакумот со стискање повеќе или помалце на чашката/гумата! Мора да ги има некаде кај нас, какви се работи не донеле па ова да е проблем :lol:

    Еве едно кратко видео:
    http://www.youtube.com/watch?v=zTfOHoN8 ... 10DA891D79
     
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    ама само уште да дознаеме каде има, и по која цена и топ ќе биде :D :D
    ако дознаш нешто, одма пишуј :D
     
  18. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    Јас користев Сатва(моментално ми се потроши) :D но сум задоволна,нема некои видливи ептем резултати ама сепак има со оглед на тоа штоо го користев само 1 месец. инаку кажете веднаш ако имате некаква информација за овие чашки :D
     
  19. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Лудо најагажирана си во борбата против целулитот значи летово ако видам ептен згодни нозе твои се :rofl: Денес во жито маркетот видов дека имаше антицелулитен со бршлен 2+1 гратис за 250 денари
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Грл 1985 имаше во Џамбо масажери и отприлика беа околу 120 денари, ако не се лажам. Се согласувам да се не експириментира со чаши, ќибрит и правосмукалки. Подобро земете си масажерче и антицелулитна крема и удрете му една длабинска масажа на целулитот (замолете ја другарката или сестрата, ако не можете сами).
    А и чашкиве ми изгледаат како добар изум, кај нас не сум ги забележала.

    Проверувајте го роковите на траење на ваквите понуди. Знаат да ги стават производите на попуст во пакет, кога им е при крај рокот на употреба.

    Eдит: како сте задоволни од антицелулитните гелови од Авон??? Моја другарка ги користеше и беше презадоволна од нив. Не забележав некои особено коментари за нив во темава :?:
    [​IMG]