ахахахахаахах, богами да ви кажам насабајле се туширам со жешка вода масирам масирам мачкам, па со релаксот, па навечер иста песна иначе се качив на орбитрејк точно 6 мин и 23 секунди хахаахахахах!!! од понеделник пак ќе се качам, и планирам и да трчкам низ маало ко улава по тесните патеки
FBI сите АVON против целулит се ефикасни,јас ја имам користено едната не баш оваа ми се чини Anew дека беше,а и многу ми се имаат фалено на нив И Нивеата мене ми беа супер,посебно серумот лани нив ги користев и ме исчистија Е сеа пак го гледам се појавува,сака да избие на површина Сега ги купив тие на Гарниер па ќе видимее Мада мислам дека се е до масажата,со добро масажа секоја крема ќе делува
Да знам и баш проверив на декларацијата пишува рок на траење две години незнам дали одкако ќе ја отвориш кремата две години бидејки дата на производство не видев, а за многу производи датата на употреба е дадена од моментот одкога ќе започнеш да го користиш производот.Така да незнам.
Попрепорачливо е еднаш во денот да се става антицелулитна крема...џабе ја трошиш, ефектот ти е ист. Ти можеш да се бањаш во неа ако сакаш, ама нема да ја симнеш полесно така отколку кога ставаш еднаш дневно.
е оваа ја видов денес во житото 2+1 гратис. Ја има некој користени?? Незнам се мислам дали оваа да ја земама незнам како иде со рокот на употреба или онаа од авон што ја има во тековниот каталог
На ваквите креми рокот на употреба или производство е сосем горе, на рапавиот раб и треба убаво да го загледаш за да видиш нешто. Го имам тоа забележано на сите вакви туби, па таму провери. Инаку, не значи две години од датата на отворање, туку две години од датата на производство. Датумот на отворање е важен кај оние производи што се херметички затворени
вака, почнав да го користам антицелулитниот гел од гарниер (оној за 140 ) рокот му е до 9-ти месец , е сега првиот пат малку ме пецкаше а сега не осеќам ништо, само малку како да лади, зацрвенувам од самата масажа што си ја правам со рацете, дали значи тоа дека нема ефект или?ајде поискусни со овие кремите одговорете ми п.с незнам дали е тоа што не осеќам ништо, затоа што имам само површионски целулит појавен за прв пат оваа година, кога се масирам не осеќам такви топчиња како кај некои мои другарки!
^E дали има ефект можеш да знаеш само после минимум 7дена т.е. ако почне да се намалува целулитот има ефект Пецкањето црвенилото,се тоа зависи од кожата и нема ама баш никаква врска со ефектот. Секоја кожа различно реагира на различни препарати
Лани го користев антицелулитниот гел на Нивеа, уфф колку само за ништо не чини,никакви резултати не ми даде , е башка тоа и не е баш ефтин
Не пецка воопшто, само лади, а местото се вцрвенува по интензивна масажа, што би значело дека делува. Барем кај мене делуваше
дап, и кај мене лади ептен, за разлика од сатвата што ме спуруваше и пребледував, дури и ќе се онесвестев еднаш и се вцрвенува местото бајааѓи од гарниеров