Абе единствен ефект што сум го приметила од кремиве и геловиве против целулит е затегнување на кожата...друго ништо...ми ја фалат кремата на афродита козметика и кон незе целам...да ја испробам ама сега за сега не можам да си ја дозволам уште... :roll:
јас за афродита кремата прво мислев дека нема ефект ама од кога престанав да ја користам гледам колку разлика има,освен што го намалува целулитот го намалува и обемот,исто како да се слабее со неа...е сега малку скапичка е ама јас ја делев со другарки големо паковање е
Не, не е таков, масажерот е бел, иако е сличен на овој, донекаде... еве барав слика по нетов да ти го покажам, ама не можам да најдам...
Алоо, што се запнале со инструктори, диети ова она, панталони за целулит, се имам пробано, ништо ама баш ништо од сето тоа не ми помогна. Почнав да се хранам здраво , супи, варени јадења, изоставував тостови, хамбургери, скари, кечап. мајонез и слично, пиев многуууу вода, пешачев се движев и целулитот го снема, инаку сум пробувала и со диети и вежби, мегутоа вежбите се за затегнување а не за губеење на целулит. Сум идела и на фитнес цела една годдина и ништо.
реков исхрана а не диета и ти ова што си го навела е исхрана, не диета, така да дур си вежбала да си се хранеа како сега ќе си имла резултат за мнооогу кратко време. режим на исхрана без физичка активност и обратно- нема никаков ефект во поглед на затегнување и губење на целулит!
Zdravo devojki Bi sakala nekoj ubavo da objasni kako da ja napravam masazata so talog od kafe. Na edni forumi citav deka talogot treba da se pomesa so maslinovo maslo, na drugi so morska sol, na treti so gel od brslen (anti-celul. krema)..pa duri i so lonsion za telo i + da se zavitkaat zafatenite delovi so folja...navistina neznam sto da upotrbam. Ve molam dokolku nekoj od vas znae za efikasni rezultati so to4en raspored na ovie preparati neka pise. Vi blagodaram odnapred Pozdrav
Еленарбд-за третман со талог од кафе можеш и така без да го мешаш со било што,додека се бањаш се масираш на тоа место со талогот а после го миеш и толку,имам слушано од луѓе што имале пробано и мислам дека имало и ефект,јас не сум пробала незнам,но ете пред два дена си купив маст од бршлен исто и тоа ми го имаат препорачано многу девојки кои се задоволни уште по вториот месец од неговото користење,Јас само што почнав да го користам па за некое време еве ке ви кажам од лично искуство каков е ефектот,но јас мислам дека ке биде добар Поздрав!
Јас користев гел од бршлен на јака радовиш ама не ми помогна имаше ептен малце ефект од почетокот и толку А ако може да ми каже некој сапунот од божен каде може да го најдам?
Не би ти ги препорачала хеланките ако веке не си ги купила, мене не ми помогнаа ич. И трчав и се мачкав со кремата пред тоа, зошто така требало да се користат и пак ништо. Ако ти се даваат пари пробај со масажи, ама немој по овие реномираниве салони зошто пократко масираат, а и помалце стискаат, оди кај некоја маалска козметичарка. Јас така направив и после си ја нарачав кремата што ме масираше со неа од кај нејзе, ептен е добра и се мачкав со неа па се виткав во фолија пред легнување. Кај мене имаше ептен ефект научив и како сама да си се масирам, а имав премногу до глуждовите посебно на колената . Пробај и со таа масажата со кафето и тоа е добро, најбитно е да не се откажуваш. Сега користам бршлен гел и масло како превентива да не ми се појави пак, кој ке дава 3000 пак за масажи. . Пиј и многу вода, ама не повеќе од 2 литри дневно зосто ке си направиш проблеми со бубрезите. поздрав и со среќа
денес ја пробав масажата со кафе и мислам дека со редовна употреба има надеж за некакво подобрување, а планирам да го пробам и маслото од бршле пошто приметив дека многу од девојките на форумов се задоволни од него
Здраво девојки ! Денес купив антицелулитен гел од бршлен...меѓутоа побарав на меилаб а аптекарката ми даде некој гел на Бонес фарм исто од бршлен...сакам да ве прашам дали некоја од вас го има користено истиот и дали е ефикасен колку и тој на меилаб, или пак фирмата не е битна?? поздрав и фала однапред
Јас пред две недели го купив маслото од бршлен на Меилаб и пола шише го потрошив веќе и мислам дека има резултати, ја прави кожата помека и помазна,е сеа и најефикасното средство за да има резултати треба подолго време да се користи. А знаете ли да ми кажете за таа крема на Афродита кај се купува и колку пари е?
Ролонот на Гарние мене ми помогна, малку, барем за почеток, сега ќе си купам гел од бршлен од Натура од Белград, мислам дека е околу 200 ден. 500 мл - него многу ми го пофалија. А кремот на Афродита може да се најде во сите поголеми маркети (Тинекс, Веро, Рамстор) и ми се чини дека е околу 900-1000 ден. Ама не сум сигурна за цената.