Мене баба ми ме масира, и сабајле и вечер секој ден абе срцка е Веќе ја потрошив кремата и гелот од бршлен на Леа а не успеав да се снабдам со кремите на Гарние.. па најверојатно оваа од Авон ќе ја порачам барем сега е 400 ден промотивна цена. Инаку додека да го земам масажерот со баба ми најдовме замена за масажер, тоа што е за чукање на месо како чекан е, а топчиња има испакнати исто како масажерите против целулит Баш вака има испакнатини како на сликава плус и рачка има абе масажер Се масирам со него додека да го земам Релаксот а баба ми нека чука со нешто друго месо
и од тоа ли болело бе???оффф значи овој целулит A капиларите добри се??? зашто една кажа демек нејзе и испукале од првата верзија е сега не знам.... и прави ли барем голем вакуум???
Оф леле овој целулит ќе ме уништи Секој ден се масирам со талог од кафе и цимет, потоа продолжувам со антицелулитен и со масажер и дури почнав и да вежбам секоја вечер и пијам многу вода и зелен чај и ако не исчезна целулитот јас ќе исчезнам
Да боли ако го пуштиш на 4ка и тоа кај што имаш најмногу целулит најмногу боли! Тоа е така заради што вчера почнав би требало да се навикнувам...До сега немам никакви проблеми со капиларите, а девојчето што напоменало дека има некако проблем со капиларите откако го користела целулес, најпрвин требало да се консултира со доктор дали има некакви проблеми! Јас бидејќи одам на играорна и секој месец правивме преглед зошто баш ние имаме проширени вени и проблеми со мускулите! Иначе собира многу вакум и чашката многу тешко се истава
Пробај во талогот со кафе да ставиш сол, по правило треба едра морска сол, но јас ставам од дома ситната. Не да има ефекти Нозете ти стануваат мазни веднаш после пилингот. Супер е.
И вака како јас што правам (со кафе и цимет ) се ептен мазни ама сега ќе додадам и морска сол па да видиме резултати
Денес пак почнав со користење на Сатва,инаку како што кажав малку ми делуваше во однос на тоа дека го користев кратко време и со газот ич не мрднав е сега е пролет па така да ќе може повеќе да се пешачи и се надевам дека ке има реузлтат wish me luck инаку ке се самоубијам
Се мислам Сатва да пробам, крема е или гел ? И колку пари е ме интересира. Ако не ми преостанува да го пробам овој од Авон новиот
Јас после 2 месеци користење Сатва, и истрошени 2ипол кутивчиња морам да ја пофалам дека најдобра. Наше си е наше Ги имам испробано скоро сите, од најскапи до наефтини. Предходно бев задоволна од нивеа, ама ствата покажа повеќе ефекти и плус трипати поефтина е. Летото бев купувала и една од 35долари (над 1500 ден му доаѓа) и покажа дека не секогаш најскапото е и најдобро. Значи јас сатвата ви ја препорачувам, ем ефекти ем нема да фрлате многу пари. Единствен проблем ми кај неа што грдо ми мириса, како на алкохол ама не давам 500ден плус за цветен мирис
За Сатвата зборував,мене најмногу ми се допага,е сега мирисот не е нешто посебно (да не речам ич) ама мислам дека помага,а пред се не е секап купи си го ако го немаш до сега нема да зажалиш,барем јас така мислам
Јас купив еден гел од Зегин. 450 денари е кило. За резултати уште е рано да кажам, ама според реакциите на мојата кожа после нанесување сигурна сум дека ќе има.
Девојки јас немам многу целулит ама ај си викам и тој што го имам да го средам. Земав од онаа кремата 3 во 1 што е од Тедико. Имам такво ко масажерче ама поубаво ми е со раце да се масирам. Ама имам проблем не можам ништо да си фатам, не сум многу стегната ама ни сантиметарче од ноџево не можам да потфатам. Само ако така се мачкам ќе има влијание или?
Марама потешко дека само со мачкање ќе има ефект. Пробај со стегната тупаница да си ги масираш колку можеш критичните делови. И би ти препорачала кремата најефикасна е после туширње со топла вода за да можат да се отворат порите
Јас со палецот и показалецот пробувам колку толку, ама па кога не можам да си потфатам не ми иде. Ај ќе пробам со тупаница вечер.
уууууууу, абе што да ти кажам, полна си со целулит немаш целулит, барем на сликите што ги постави се гледа! а која е таа крема 3 во 1 и колку пари е
4 во 1 било се мислев 3 дека е. еве овој Околу 170 денари мислам дека беше. Јас немам позади ама имам во овој средишниов дел кај што ни се спојуваат нозете , не знам како да објаснам.