те сфатив и јас го имам овој, и како алва оди, ама ако, преубаво мириса, се мачкам веќе 8 дена, имам уште малце, убав е не е лош е, да целулитот не глеа кај иде слабички-дебелки.... не е важно
Убав е гелот, јас со тој се мачкам.Затегнува и намалува целулит.Ама редовно да си вежбаш макар по 15 мин.И многу вода.Мада ти немаш целулит не знам зошто да се шлакаш од сега...
Јас одам многу, мислам под многу подразбирам барем 5, 6 км дневно. Ама вода не пијам воопшто т.е една шољичка дневно.
Како за почеток го купив овој, еве веќе неколку дена се мачкам со него, паралелно и вежбам. Многу брзо се троши бе, навистина како алва оди Ама ме интересира дали има ефекти, и за колку време ќе се забележи ефектот? И да прашам оние антицелулитните креми на докторс убави се? Оти кога го купував овој гелот и тој ми го понудија, ама не знам многу за него, дека овој беше спомнат тука и пофален, па затоа и за него се одлучив.
Ајде баш ќе видам!инаку кажав од бршлен не сум нешто презадоволна, ама сега дека масирам со релакс н тон, веќе не ми е ни важно, да лизга на нога нешто, е тоа ве важно бројче докторс не чинат јас пиев едни апчиња против целулит само што ќе помислам на нив ми скока желудник, и не чинеа, никакви, кај грди уште и за ништо не ги бива.... така да не верувам дека и кремата би била добра е сега Та-на-на ја има ли користено некој?? една моја другарка со чајот против целулит исто Та-на-на и кремата вели дека имала ефекти..... ама не знам
Прочитав доста мислења ама ај препорачајте ми некоја крема сто стварно вреди сакам да ја комбинирам со relax and tone и стварно да постигнам резултати. фала
И јас кога го купував имаше 2, едното гел, другото како крем било. Прашав што е уствари разликата, и како демек во дејствувањето немало никаква разлика, туку во тоа што гелот побрзо се впивал во кожата, а додека кремот не, тој останувал мрсен и подолго може да се масира додека се впие нели, нема потреба од домачкување и слично. Додека со гелот се домачкувам, дека брзо ми се впива во кожата. Така да исто е, сега кога размислувам можеби подобро ќе беше да ја земев кремата, како поекономична ми изгледа. А да прашам јас, како ви оди третманот? Се туширате, мачкате/масирате, па вежбате?
Дади, јас се мачкам навечер...Значи нема правило.Инаку гелот да, одма се впива и мислам е подобро така.Осетив мазна кожа многу, затегната и малку од малку се намалува целулитот (мада ја не дека нешто го имам многу) ...Нормално дека треба да си истуширана и извежбана.Па после се мачкаш со гелот.Поубаво е навечер пред спиење јас мислам.
Јас прво вежбам па се туширам и на крај се мачкам . Секогаш не вежбам ама обавезно пред да се мачкам се туширам со топла вода за да се отворат порите (читав така подобро дејствувал кремот)
Конечно и мене да ми се намали целулитот. Значи не мислам онака малку туку многууу. Многу сум среќна, нозете во обем ми се ослабнети, целулитот го снемува, а пијам само 3 литри вода на ден, и колку толку внимавам на исхраната . Заборавив да кажам дека се движам т.е пешачам колку можам повеќе, дневно најмалку 3 км .
Еве јас удрив туш сеа се истрив ова измасирав со пилинг од кафе,маслиново масло и цимет со масажерот и сега ќе си ставам од кремата(од авон е мада мислам џабе ја платив толку пари нема ефект многу а две туби потрошив )и ќе се умотам со фолија демек да ми се запотат тоа бутовите
Кои креми најдобро делуваат? т.е. кои ги препорачувате? а иначе целулитот не се намалува само со крем,треба вежбање и активност. Некогаш дури целулитот се намалува без креми само со вежбање, ама... сакаме да си го мамиме умот (жени ) ...
И јас како и многу други имам проблеми со целулитот. Немам многу ама јас на огледало си го гледам и ми смета. Прашував за многу препарати какви ефекти даваат, за на крајот да решам да пробам со вежбање. Се запишав на Фитнес , плус закажав третман за антицелулитна масажа. Тоа е болна масажа од неколку третмани , излегуваат модрици по нозете но викаат дека има резултати. Исто знам дека за целулитот многу е важна исхраната. За да се искорени целулитот мора да се смени и начинот на исхрана. Има многу антицелулитни креми кои краткорочно делуваат но на долг рок нема резултати. Ќе пишам повторно ако кај мене се појават некои подобрувања. Поздрав
Јас грозни модрици имам по нозете, изгледа ептен силно се масирав штипав, тегнев, тупаници Сега кога се истуширав гледам ептен ми помодрело, катастрофа
^ Лелее и јас цела се омодрив Посебно на страничните делови од нозете, цела сум накитена И нешто не ми е јасно, првиот пат кога се масирав нозете ми беа жар црвени и жешки, а сега веќе не ми се прават такви. Зошто? А со ист интензитет масирам како првиот пат. И ме интересира дали за време на борењето со целулитот смеам да јадам бејк ролс, брускети... Што да одбегнувам? Благото и газираното веќе го тргнав настрана (мада не сум некој тежок благар, воопшто не сум), само по едно колаче си апнувам кога ептен шеќерот ми е паднат, за да не ме сокрши мајка ми.
Избегнувај прженици да јадеш, повеќе практикувај варено и печено. Јас денес купив Сатва да Алкалоид, се намачкав одма коа си дојдов од школо се масирав ама не осетив пецкање воопшто а викаат демек пецкала Се наоблеков убаво и отидов на стадион да трчам и се испотив како свиња за малку ќе ме заврнеше ама нема везе кажав ептен се заозбилувам ..до лето да бидам во топ форма
Сакам да ве прашам дали некоја од вас користела гел против целулит во бременост и дали е штетно за бебушот,поздрав ве молам за совет
Зарем е можно антицелулитен крем да е штетен за бебето кое го носиш?? Јас искрено не знам, но некако не гледам некоја поврзаност меѓу овие две. На неколку наврати имаме напоменато дека Сатвата не мора да пече! Секоја кожа различно реагира.