Celluless MD - Вакумски апарат против целулит Високо ефикасен вакум систем во комбинација со напредна светлина и третман со ролери за масажа * Лесен за користење/ пренослив (со адаптер); * Ги намалува сантиметрите и ги топи мастите; * Заменливи чашки со ролери; * Ја измазнува кожата; * Нема несакани ефекти; * Ја затегнува паднатата кожа; * Моќ на длабоко всмукување и длабинска масажа. дали има некој искуство со чудово и дали се исплати да го купам ипак е 3600денари ??
Порано користев антицелулитен крем и незнам сега зошто се пралажав и купив гел и можам да кажам дека кремот 100 пати ми е поубав од гелот. ПОлесно иде масажата со него, помрсен е и побавно се троши
И како ви оди борбата против целулитот? Јас да си се пофалам, сум многу задоволна како ми оди, мислам дека 70% го веќе нема, но мислам дека е повеќе резултат на масажите кои си ги правам сама дома и нестручно и пилингот со кафе и сол. Крема користам ама не купувам скапи, најевтина ми е таа од Докторс колку да не се масирам без никаква крема а па и брзо се троши,така да неа можам да си ја дозволам почесто да ја земам.
Имам забележано дека кога се гледам од близу во огледало како ич да немам целулит, ама баш ич, но штом се оддалечам малце и се погледнам од подалеку, е тогаш е друга приказна Дали е тоа така кај сите или само кај мене
Сум слушнала дека ако се замоташ со кесе и вежбаш на пример трчаш, најдобро и најприродно се топи целулитот без креми и слично. Едноставно кесето создава топлина која ги топи маснотиите.. Имав една пријателка многу се истенчи на тој начин а беше прилишно пунка
мислам дека за да се победи целулитот е потребна соодветна исхрана и масажи и вежбање и мачкање со некоја крема за целулит...цела програма на мерки храна богата со овошје зеленчук,варено не пржено,мн вода ....вежбање ама не вежбање пола час рипни еднаш двапати него да се испотиш здраво неколку пати неделно и третман ,кој ете девојки што неможат да си го дозволат дома да си се масираат сами масажер крема или стискавец со рака ако после вакво нешто нема резултати јас дигам раце,апланирам да започнам ваков режим...па ќе пишам за напредокот позз
Да ептен е делотворно тоа со кесите... Стави крема против целулит некоја, онаков прозирен целофан како за јадења затварање што се користи (незнам како да објаснам) и замотај се околу стомакот и нозете. облечи хеланки колку са де држи целофанот, тренерка и на трчање... После некое време има резултати стварно... Исхраната мора да се смени нормално, значи без тесто, грицки, благо.
Не знам колку е здраво тоа виткање во фолија . Имаше од Tanana мислам како пантолони најлонски, само под нив се ставаат хеланки за да се впива потта.
И јас имам целулит на нозете - бутовите ( од напред и од назад) и на задникот, не е многу, но има да го нема Користам лосион за тело од Авон, ваков и кога го нанесувам се масирам со масажер, ваков се додека не се втрие кремот во кожата и таа не се направи црвена-жар. Веднаш се чувствува дека кожата е помазна и помека. Лани го користев 2 пати дневно, наутро и навечер и за една недела целулитот ми беше помалку видлив. Се согласувам со Феминките кои рекоа дека вежбањето го намалува целулитот. Кога вежбам редовно и кога трчам на лето имам забележано дека кожата ми е, нормално, позатегната и целулит имам помалку, дури и да не се гледа. Затоа сега тргнувам во акција, вежбање, трчање и масирање со кремот, па да видиме што ќе биде
Што сте му се напнале на целулутот...хааха... така е посексуљаво...хаахха....уживајте, лепотата иде од карактерот...
Па незнам колку е здраво ама гледав познатите пред некој настан, црвен тепих или слично одат во теретана и ги виткаат во такви фолии и после вода од нив и така еднаш, два пати, три пати и ете....
Точно е тоа со фолија и имам слушнато дека многу помагало за целулит.Знам кај што одам да се делирам таму масираат антицелулитна масажа(рачно).Те масираат половина саат и после те мотаат во фолија и вежбање на спарава ....и многу се фалат кај многу жени полкажало резлутати
Да си се пофалам хуху има резултати од масажата со мојата мила Сатва кога јас воочив разликата значи имав
тоа со фолијата не е воопшто страшно,значи доколку го правите тоа во домашни услови нанесете некое масло,крема,уље антицелулитно или бршлен гел,убаво истријте ги деловите каде сто ви е видлив целулитот замотајте се во термо кебенце,легнете и искулирајте најмалку половина час мислам дека има резултати. [mod-reklamalrw32k6][/mod-reklamalrw32k6]
Сите велите дека целулитот кај вас е повеќе видлив кога ќе ослабнете, јас како и за многу работи сум обратна , ако се здебелам некое килце 2/3 целулитот ми избива на површина и потоа кога слабеам, а најчесто со кратење на храна не со диети и вежби го снемува. Не велам дека немам воопшто имам, но многу малце и е тешко видлив, сепак јас мислам дека се е до генетика зошто ни мајка ми на 50 и кусур не знае како изгледа, а ниту жените од страната на татко ми.
Тука никој воопшто не се потрудил да разбере што е уствари целулит и колку се лажни и узалудни сите верувања дека масажи и креми можат да ви помогнат.. Целата ФИНТА е во сврзното ткиво што е главната разлика зошто мажите немаат или во многу редок случај имаат целулит. Имаме мускулен слој, над него слој од масни клетки и над него кожа. Сврзното ткиво (колагените влакна) што ја спојува кожата со мускулите а поминува низ масниот слој кај нас жените се формира во вертикални врвки (колумни) додека кај мажите има помрежеста структура (нормално со исклучоци и таму и ваму). Помеѓу тие врвки се наоѓаат масните клетки чиј број го достигнува максимумот за време на пубертетот и потоа не се менува, нашите масни клетки ниту се губат ниту нивниот број се зголемува тие можат само да ја зголемат или намалат големината. Е сега затоа што кај нас колагените влакна се вертикални и затегаат а помеѓу нив масните клетки се полнат и набабруваат го добиваме тој нарамен топчест изглед на кожата. Што прават масажите? Со масажа вие не можете да ги РАЗБИЕТЕ вашите масни клетки, со масажа само привремено го отекувате околното ткиво па изгледа како целулитот да ви е замаскиран и не се познава до толку. Ефектот на кремите е ист. Детоксикацијата исто така не помага затоа што токсините не го ствараат целулитот и целулитот не е болест! Во денешно време го има повеќе поради се поголемата застапеност на вештачка храна со поголема контентрација на заситени масти па количината на масти што се складира во нашиот организам нормално е поголема и масните клетки нормално ни се понабабрени и нормално страдаме од нерамен изглед на кожата.
Ова веројатно е точно ама не можеме само да седиме и да си го погледуваме од време на време,и да се радуваме на неговиот пораст мора малку да се превземе нешто,а ако тоа е точно што го кажа ти зошто сите немаат целулит,некои имаат мнооогу а некои малку,па дури и ич....