Леле сликата од тенисерката Смеат да си дозволат да имаат спортистките олку целулит? Колку сакаат нека се склони треба да го имаат? Плус зошто тогаш секоја нормална/обична жена (не зборувам ни за спортистки, ни глумици, ни пејачки) се труди да го намали или униши ? Баш тие дека спортиски секој ќе си рече, па таа покрај толку тренинзи и вежбање пак има, некој ќе си рече, а јас што ако вежбам, таа вежба па пак има и одма ќе се демотивира. Вистина ова со сестриве Вилијамс и целулитов уште не можам да си го сфатам.
Лукс,зошто да не може?! Ако имаш генетски предиспозиции (сега некоја ќе рече,епа мајка ми нема,јас имам,не значи дека си го наследила генот на мајка ти,може да биде и од на таткото страната),може да се работи за хормонско пореметување,а кога го исполнуваш се ова,тешко е да го немаш.Можеш само да го ублажиш,но секогаш ќе го имаш. Таа е обичен човек,плус црнкињите се познати по складирање на маснотии во пределот на задникот и нозете,а и имав некаде читано дека имала проблеми со хормоните.Така што смешно ми е некој кога ќе осуди некоја ѕвезда,додека јаде чоколадо пред компјутер и потајно се радува дека не е единствена со проблемот...се е до тоа како ти се чувствуваш удобно,колку можеш и сакаш.Може не обрнува внимание на тоа,ама тоа не ја прави помалку добра тенисерка.
Апсолутно се согласувам со тебе,на крајот на краиштата и тие се луѓе (иако и јас така си се тешам кога ќе ги видам со целулит мухахахахаха)
пред некој ден од аптека си купив една антицелулитна крема, производство на Реплек 250 денари е , а и козметичкиве салони ја користеле, ефективна е , иако сакав да ја пробам онаа кремата од Папаја ама е двојно поскапа инаку антицелулитните масажи не се толку скапи, т.е. зависи каде на пр. во студио Сандра се 350 денари, а во студио и академија Леотик се 600 денари баш размислував да си закажам еднаш, па ке ви кажам како сум си поминала
Не викам дека не може да има, ама до толку чудно ми падна ко ја видов сликата, сепак е спортиска, а имањето/немањето целулит секако дека нема да ја направи подобра/полоша тенисерка. Не ја осудувам во никој случај што има целулит, па тоа е организам секако и да не се сфаќаме погрешно, ако мислиш за мене дека јадам чоколадо пред компјутер и се смешкам на тие што имаат целулит имаш грешна слика за мене Значи сум мислела спортистките дека имаат многу убави оформени тела, се зацврстени, дури едно време мислев тенисерките имаат најубави тела, што нема врска од спортот тоа (туку колку спортуваш) али ајде и сликата на Серена или другата не знам која која е Вилијамс ми го разниша мислењето и е контрадиткорно на тоа што сум го мислела. А и не е случај само со тенисеркиве има и белци ракометарки што имаат целулит и сега поентава на моево несфаќање зошто кога толку вежбаат (предпоставувам трењираат долго време) и се хранат според некој режим како што им прилега на спортисти сепак им е толку изразен и видлив. Ако ги оставиме настрана гените, тогаш пореметувањето би требало да е единствено оправдување друго не гледам. Ете црнки, а што за овие црнки, ете ќе ја спомнам Хали Бери таа изгледа на пример совршено за една црнка плус мајка на 3 годишно дете, кај и се нејзе складирани маснотиите пак е во прашање генот ?
Оооу уомен,Хали Бери меѓу нив е исклучок.Сите се масивни жени и Бјонса е таква,Господ здравје да и даде! Храната и спортот влијаат,ама не кај секого,затоа ме нервира кога ќе прочитам статија од типот,вежбај,храни се здраво,мачкај се и нема да имаш.Ахам,тикви со расол,да не живеам може?! Сум вежбала активно во добар дел од животов,го имав и тогаш,само што не се познаваше,само на стисок и при седнување.Исто и на почеток на есента со тешки маки,одрекувања и живот кој не би смеело и не би можело така да го терам,а башка што беше досадно до смрт успеав да дојдам до степен да не ми се познава,освен на стисок,престанав до толку да го тинтрам,се врати,се познава секако.Тоа е сеа.Ќе го подзамазнувам,плус оној што го видел задников,ми вика,абе ти мислиш дека имаш вулкани,а не ти се познава многу,а јас му велам,ти си ко у филмон со Гвинет и Џек Блек! Кога си склон си склон,еднаш ако го имаш,ако не му дејствуваш веднаш,засекогаш ќе го имаш,па дури и да му дејствуваш и го снема,а се појавил еднаш,со стареењето и забавувањето на метаболизмот сигурно ќе се врати.Тој е процесот од кој нема бегање,а ѕвездиве не се имуни на тоа,ниту пак примиле вакцина против тоа.И од здравата храна се создаваат токсини кога се вари и има доза на маснотии кои ако не си среќник ти се лепат во вид на целулит.Спротисткиве конкретно,сум забележала дека во добар дел сало немаат,а целулит често може да се види.
Јас лично немам целулит, ама сум слушнала од другарки дека водата многу помага (најмалце 2 литра дневно), а башка и за други работи е многу добра, пример за тенот
Девојки дали некој во борбата против целулитот ставал глина? Баш денес читав се прави смеса од глината, ја мачкаш на местото кај што имаш целулит значи бутчињата и се виткаш во фолија алуминиумска. После 15-20 минути се измиваш, прво со топла вода, па потоа наизменично топло-ладно. И за уште подобро дејство после ова е да се намачка крема против целулит. Ми звучи интересно. Па сигурно добра е зелената глина за ова. А уште подобро е вајда додека ја имам фолијата да вежбам, да се потам Кај е најефтина зелената глина? Во Тинекс беше околу 170-180. Да не сте ја виделе поефтино?
Прочитав на интернет дека за отстранување на целулитот помагало скокање на јаже. Не знам колку е точно, но сепак пробајте.
Прееска,се соблекувам и мајка ми ми вика,лелеееее,па немаш целулит,шо се жалиш,газето (по гаќи бев,да не ме сфатите погрешно,после факултет де раскомотување) ти е ко оние бугарките на Балканика што се! И направив една ваква фаца Уомен уууууууууууууат?! Утре ќе гледам Балканика цеееееееееел ден!Морам да видам како тоа изгледа,ама мора да е јако,да смрди на пластика и да има дупчиња од липосукција! Потешко ми паѓа фактот дека мајка ми видела голи гзови на бугарки на балканика! Ма тоа што некогаш гледала балканика,а толку и верував ...
^^ Лилит имаш среќа што гледа Балканика, а не Планета или не дај Боже Фен ТВ А на темава- јас мојот го пуштив малку на слобода, па празници беа, да поужива малку и тој, нека види светлина малку , па пак ќе го малтретирам деновиве
јас ја користам кремата од авон против целулит во комбинација со масазерот релакс(имитација го купив 800 ден,) и има резултати одличен е
На целодневниот ми шопинг денеска налетав и на еден гел против целулит...и си го купив Гелот е 100 денари туба од 150 милилитри и е на Рефан (она што го коментираме за наливните парфеми!) од некаков си грјпфрут е а еве читам во составот има и црн пипер, резене (ноу ајдиа вас ис дас), бршлен, див костен и лотос. Сега се намачкав првпат се впива какошто треба мириса многу убаво и лади..Ако видам нешто повише од ова ќе ви пишам!
Еве ви еден совет и од мене значи во изчезнување на целулитот најглавна е масажата мили мои феминки ви кажувам пошо го работам и сум стручна во тоа Затоа што со масажа која е малку болна морам да напоменам ги разбивате клетките ... доволно е дневно да се масирате по 15 мин од предната страна и 15 мин од задната ...од кога ке завршите со масажата намачкајте се со лимонов сок помешан со сол и влезете под колку потопол туш можете ...правате го ова барем 14 дена секој ден ќе има резултати
Jaс прееска се изнервирав кога облеков кратко фустанче и гледам се вратил, па и друштво донел пич*а му и сега кога земав да се масирам, се масирав, се штипав, може 10 минути- луѓе ќе се онесвестев веќе од толку масирање па кружни движења, па горе долу- свеста ми се заврте Се надавам дека во брзо време ќе го снема, оти страшно ме иритира