да да тоа сакам да го кажам,дебела или слаба нема врска и мајка ми има целулит и баба ми! ама сега мајка ми ослабена е многу, едвај 52 кила да има, абе целулитот скроз и го снема! коа шета по гаќички дома онака љубоморно ќе ја загледам ни ц од целулит, а имаше повеќе кога беше подебела! поздрав со сликата, има и мноооооогу полошо од нас
Абе секогаш може подобро, зошто па да не се сведе на минимум И мене ми е како на сликава што ја нарековте лесна форма, можам да кажам и помалце имам. Се масирам со Гарние моментално се надевам веќе еднаш ќе го снема. Сликава со плавушата е гадна стварно, јас не сум забележала на плажа толку многу целулит да има некоја.. ептен ретко
Па на минимум,ама ова не може ни да се нарече целулит.Вака се тестира,ќе застанеш во нормална положба на телото и подкрени го нагоре со раката целулитот,ако е мазно,значи не е целулит,ако остане вакво,па дури и бетер,топченца да се познаваат,тогаш е целулит. Ќе ја побарам статијата ќе ја постирам тука.Не секој на изглед*целулит* е целулит.
лилит јас со левата рака се кладам дека ни ти не си за темава сигурна сум дека немаш портокали на задникот edit сегаја пробав твојата варијанта, малце бранчиња има ама кога ќе стиснам убаво со двете раце од предната страна на ногата, дупченца се појавуваат,амане дупченца со вдлабнатинки,туку испакнати дупченца (нагоре ко планинки испакнати,недупчиња ко кај протокалот)
Малку сум офф- ама совет за Трендафилка како да ги отстрани нејзините свадбарки Ќе наполниш 2 шишенца со песок- вакви како на сликава се најдобри за држење и правиш серии со вежби за раце- пример ти си во благо чучната положба но со исправен `рбет и ги правиш овие вежби па имаш многу варијации- легнуваш на рамна и цврста површина, рацете ти се покрај телото и со шишињата ги креваш нагоре, исто можеш да ги кренеш рецете, да ги споиш шишињата и полека да ги спушташ кон земјата нешто во овој стил , па можеш да правиш кругови со исправени раце, или како што ти се високо кренати со шишињата над глава така да ги движиш рацете наназад со капачињата од шишињата споени едно со друго (мене таа вежба ми е најубава, ем е добра за раце и гради ем многу ми е убаво на `рбетот кога ја правам ) Прави ги сите овие вежби во неколку серии меѓу вежбање- пример полесни вежби, па овие, па пак полесни и ќе имаш резултати - ако не позитивни гарант ќе имаш воспалување на мускули ако ништо друго
и јас имам од таја лесната категорија, како на сликата, ама сакам и тој да го снема користам антицелулитен сапун на докторс и 1-2 пати неделно се тријам со талог од кафе. Е сега незнам дали ова би било доволно...
јас го забележувам само кога ќе стиснам и тоа на левото газе не е нешто страшен ама ме нервира..вежбам редовно а скоро почнав и да се мачкам...ама како за беља нешто во ист период почнав и мајонезот да го дружам ама не сум испаничена....со вежбањето држам баланс ..сакав да прашам дали некој се масира со делфинот и дали е делотворен ?
Јас девојки најискрено бев многу голем скептик дека со масажи ке ми исчезне целулитот и дека помага,ама гледајќи ги другите што идеа по масажи и кога видов дека немаат сега ни грам на нив се запрепастив,прво јас сама да се масирам не знам и нема да бидам редовна и се нешто ке ми излезе или ќе ме мрзи или не знам уште што ти не,затоа после се решив и јас да почнам со антицелулитни масажи,на почетокот малку ме болеше зошто ми се имаше така добро наталожено,некој си заспан целулит,ама после третата и четвртата масажа немав гајле...е сега најново почнав и после секоја масажа и со боди врапинг(крема која што го извлекува целулитот или го топи како сакате) ме мотаат во фолија така си уживкам некои си 40тина мин под термално кебенце и после тоа е леле мори мајко....целулитот на крпа изгледа грозно,ама грозно,барем кај мене зошто имав така малку повеке,излегува некоја си жолтникава окер боја на бела крпа,значи пред да се замотам во фолија со кремата еднаш се пребришувам од кремите и уљето и нема никаква боја,освен мрсно од препаратите и после фолиите излегува тоа грозното ама многу грозно,башка кај што сум мачкана и замотана кога ке ме одмотаат целата сум црвена некое време како изгорена од плажа абе смешки живи атракција невидена,башка се приметив а и другите богами дека и во обем имам доста намалено,сега со празнициве малку забушавав ама од утре,задутре обавезно продолжувам пак...па иде лето на плажа морам да бидам тип топ башка рачната масажа е доста добра зошто доколку е правилна нормално треба да го оддлели целулитот од мускулот,еве и друго искуство,одев и на стимулации на третмани кои што се три пати поскапи и џабе само површински ми го снема...
исто многу важно е и да се пие вода во поголеми количини,доста го топи целулитот,башка го прочистува организмот од сите видови токсини,сите маснотии по правило се исфрлаат преку урината...се препорачува да се пијат и чаеви од природни билки и по еден цитрон на ден или на два дена и супер
Пиши каде ова задоволство и колку чини.Со оглед на цените до сега што ги имам видено по салониве,чини колку еден просечен одмор до еве Грчка нека биде.
Таа слабата плавуша со многу целулит (на претходните страни постирана) да ти биде Донатела Версаче. Спојлер http://www.youngeryou.com.au/galleries/celebrity-galleries/photo-gallery-celebrity-cellulite
јас се мачкам со боди врапинг крема па вежбам така се загревам наместо со ќебенце,но не ми излегуваат гнасотии никакви само мн мн вода и пот од мене??кремата да не не чини?ама па не верувам дека постои крема која површински ја нанесуваш а вади од тебе што и да било освен пот мислам како може целулитот на крпа да излезе??или јас те сфатив погрешно? И навистиина оваа крема помага за намалување во обем,мн ефикасна но мислам дека со тоа што вежбам додека сум намачкана двоструко е дејството...ако не ти е тешко да објасниш процесот на боди врапинг по салониве каков е?
добро, а цена на кремата кај може да се најде??? ајде ве моолам подетално,не не палете овде,па не оставате после така
кремата се користи во козметички салони незнам по која цена ја набавуваат незнам ни откај ја набавуваат,јас земам од една моја пријателка чија пријателка лично ги прави овие креми и ги снабдува поголемиот број од козметичките салони....истата е така ми е кажано...се мачкам мотам во фолија и вежбам саат два за да после кожата ми е неописливо мазна и буквално вода тече од неа...незнам колку е делотворна мислам што да се препише на вежбањето што на кремата..ама ми годи и обемот мислам дека ми се намали...меѓутоа во салоните се мачкаат виткаат и како што знам незнам дали сум во право лежат така завиткани ...некое време...ако сакаш ќе земам бројче ќе ти пишам по лп да се јавиш да си нарачаш позз
девојки кремата ја набавуваат од depileve ајде јас ке ја прашам мајка ми,инаку ова за целулитот кај сите различно покажува,кај мене беше доста приметливо што сите се чудевме,не можам да ви опишам,а кај некои девојки имаше само пот и вода како кај вас,најверојатно кај мене имало мн повеќе целулит ама грозно е стварно и башка мн ефикасно мене ми изгледа ова со кремава,инаку се вика anesi така нешто и е бела како млеко некои ги стипка,некои им е топло,не е со поминат рок дефинитивно а башка има и мн резултати,еве идат и др девојки и кај сите е различно но со голем ефект,мислам дека кремава оди само на големо и се снабдуваат салони но не сум сигурна да се распрашате,јас знам дека мајка ми ја нарачува заедно со сите други работи,со восоци со масла со чупалици и се што и е потребно за во салон,но сепак видете и распрашајте се,јас барем и сите што поминале на масажа викаат дека се чувствуваат мн полесно и поубаво,а со кремата има и доста резултати,можеби е и до уљето што претходно се масира тоа е на природна база на билки,го нема тука се носи од бугарија и плус е доста јако и на мирис и дејство,еве другарка ми се масираше само со крема некоја и ова уљето и кај неа имаше драстична промена и го снема целулитот по 11 масажа...на 12 веќе немаше ни грам,јас бев премногу изненадена а она душиче мое пресреќна така да сакам да кажам кај секој е различно,јас кај мене има доста повеќе и излезе на површина,можеби дека јас само не сакав и се бунев,па да не кажам мајка ми едвај ме намоли да почнам редовно за да ми докаже и сега сватив дека стварно има ефект абе чудесии тоа е стварно мн грозно нешто на бело пешкирче како се пребришувам се собира баш онака како вода,како мрсно,течно...не знам веќе како да го наречам освен мн грозно тоа е всушност целулитот што низ отворени пори излегува и со самото седење под термално ќебенце во фолии убаво замотана со кремата која што најверојатно има мн големо влијание го извлекува и после сето тоа се гледа на белото пешкирче ете тоа е моето искуство,инаку откако ке се огмотам од фолиите и убаво кога ке се избришам неколку минути се познава и црвенило на тие места каде што сум била намачкана и замотана,што значи кремата си го први своето,скоро кај сите има црвенило...оние со поизразен целулит,но не и кај сите до сега како кај мене,се надевам дека нешто ви помогнав,доколку сакате уште нешто да ме прашате слободно ако знам ке ви кажам или објаснам,или ако нешто плус дознаете пишете би пробала се ама баш се само скроз да ми го снема ова целулитиште на мене...поздрав
Jas koristam krema so brslen ( proizvodstvo jaka radovis) ja ima vo site apteki i vo tineks i okolu 200 denari e. Ja koristam 3 leta po red i mnogu e efikasna i eftina za razlika od drugite
Денес падна тешка битка. Прво се вклучија аларми со црвено ротационо intruder alert!!! Име-Целулит. Локација-лев карабатак странична линија и долен дел од задник. Битката траеше повеќе од еден час сега на бојното поле има многу црвенило и отисоци на прсти од манијачка масажа-го хранев мазохистот во мене, . Потоа се измачкав во неколку слоеви со млеко за тело за затегнување на кожата. Мission accomplished барем засега, морам да сум упорна со ваков третман и редовна и ќе ја стартувам летнава сезона како што посакувам. Не е некоја којзнае колку видлива кај мене појавата при стоење, ама кога седам во одредени положби од горниов и страничен дел на нозете кога ќе видам некој неправилен облик како иритирачки штрчи ме побудалува...Повеќе на левата нога го имам, тука и прв пат го увидов и се запознавме пред многу год.кога беше бебенце со некои 3 цм во дијаметар, не радиус . И ќе се јавам повторно со нови информации од теренот.
Никогаш не сум посветувала внимание на целулитот како поистакната појава кај жените. Кога бев помала, имав читано дека девојчињата почнувале да се замараат за тоа уште од 10 – на години што мене богами ми беше смешно, иако бев некаде приближно нивна генерација. Пред некое време всушност се подзамислив и викам чекај да се погледнам поубаво, ама ништо посебно. Очигледно, тоа било и причината што не сум го забележувала. Точно дека не сум мазна и стегната како спортист, ама не сум ни до толку критичен случај. Како и да е, за мое добро би било сепак да практикувам некој таков третман, крем, масажа и сл. Не ми е за тоа што ќе кажат другите луѓе, туку јас самата да се чувствувам поубаво и попријатно. Така да, набрзо феминки ќе ви пишам за некои совети и консултации поврзани со тоа, со што би било најдобро да почнам, доколку веќе не пронајдам нешто што би ми се допаднало.