овој третман што јас го правам,значи антицелулитните масажи се пакет од 10 и сега се со промотивна цена и се 2000 ден,а плус со боди врапинг и со фолиите и сето тоа е 2500ден...
паа нико гаш нити сум имала нити имам целулит така да не правам некои си третмани...фала Богу не ми се потребни
овој третман што јас го правам,значи антицелулитните масажи се пакет од 10третмани и сега се со промотивна цена и се 2000 ден,а плус со боди врапинг и со фолиите и сето тоа е 2500ден.. во автокоманда се наоѓа салонот
абе евтино ова....јас пред 2 години еднаш бев на вакви третмани и беше над 3000 денари само масажите, исто пакет од 10тина. Стварно многу помагаат, и го снемува целулиот, ама многу бргу се враќа. Многу. И затоа баталив. Немам јас толку пари на секои 2-3 месеци да фрлам по 3000 (дури и 2000 ми се многу), за да го нема цело време Ако некој може да си го дозволи ова, тогаш го има најдоброто решение. Јас ќе си се мачакам по дома и ќе си вежбам
Од денес објавувам војна !! Ќе се борам против мојот сосед на „прв спрат“ наречен целулит,морам некоја битка да добијам ако не це ла војна хахахаха
Срамота е да кажам дека се откажав од борбата со чудово? Не можам да вежбам навистина, ми претставува огромна мака, а да не кажувам колку многу сум ослабена. Плус кога се мачкам со тоа кремата, па рачињава ме болат многу, а тие сиротите нежнички чиниш ќе се скршат секој момент. Утрово кога се облакав пред огледало забележав дека кога стојам немам ама баш ништо, ништо не се познава, значи ни она под задничето што би требало да се познава- е тоа го нема кај мене. Малку кај колената т.е од задната страна има некое бранче, ама па како може таму да имам а низ цели нозе не? Како и да е ќе си останам целулитна кога седам,а кога стојам ќе бидам секси мачка
ако земам да те тепам ќе ти кажам на тебе Kој пусти целулит го најде сега, толку си слабичка, ни ц од целулит немакај тебе Mарамке ни свадбарка (Tрендафилка авторски права ) ни целулит за 2-3 години, дечко ми ми вети дека ќе направи многу пари Tогај ќе се луксузирам се зезам наравно, сепак фала
Зошто мене од малку ми се појавуваат модринки? Ми е срам дури да кажам од што. Ако ви се верува, модринките ми се појавија уште пред да почнам со целулитната масажа, т.е кога се шлакав со талог од кафе, пред бањање, и нели отпосле да се измасирам со кремата. Сега сум како сплина направена. додека се трлкав со талогот, почна да ме боли на едно местенце, ама не притискав многу, како пилинг нели, мачкаш, вртиш... и тоа е. И еве денеска сум ренде. и плус од масажата, не можам да негирам дека не се појачани од неа. Ама работата е што не се стискам тоолку силно, а модринки ми се појавија.
Мене така пред некое време кога го земав масажерот и ми се правеа модрини. Али мислам дека тој период го дистигнав врвот, имав најмногу целулит и на секое масирање модринки ми излегуваа. И мене би беше чудно, онака се масирав 3-4 минути и модринка, а тоа без штипење и без раце, само масажерот. И после како почна да ми се намалува целулитот престанаа и модринки да ми се појавуваат Неможам логично да си објаснам како е можно да е поврзан целулитот со модринките али ставрно се масирав дури на мала брзина, по малку време и оп пак излегуваа. Ваљда не е страшно. Јас тогаш бев пишала во темава, ме исплашија феминки дека не е нормално и престанав еден период, после пак почнав да се масирам и еве ги пак и си викам гајле ми е, ќе те снема целулиту мој па што сака нека излегува и така по 2-3 недели престанаа А и пред 2-3год коа бев на антицелулитните масажи, имав модринки. Али тогаш и болеше, не беше малку
И оној пат кога почнав го забележав тоа, дека на почетокот се појавуваат модринки, а потоа исчезнуваат, иако гмечиш дури и со поголем интензитет. Ама тоа е, трај си бабо за убавина .
и кај мене се појавија модрички при првите две три масажи ама тие се површински и брзо поминуваат,така да немам гајле сега веќе ги нема на секоја наредна масажа се помалку и помалку,а веќе ги снема
Јас со сатвата 2 пати дневно. Сабајле и вечер масажи по 10мин и чао целулит. Сега уште брановите да ги средам, ама не е страшно, една половина имам само од девојката на сликата што ја стави бројче, а ме израдуваа дека тоа било лесна категорија
Браво штом си се ослободила од целулитот. За жал јас имам многу и се надевам дека сатвата ќе ми помогне. Секако и внимавам на исхраната и пијам вода околу 2 кг, па ќе видеме што ќе биде...
Борбата трае веќе цела година, лани пролетта почнав да користам креми и да вежбам. А масажерот пред 3 месеци го купив, и ете конечно се ослободив. Не ми е целта да те разочарам, туку да бидеш упорна Сепак нели кај секого различно е, ама ако нема резултати веднаш, не се откажувај, ќе биде
Знам дека неможе веднаш да го снема, јас за жал неможам да вежбам па затоа и потешко ќе оде, но ќе бидам упорна и ќе го намалам
Ми го препорача братучедка поради добриот ефект.Купив Cellugel на Реплек од аптека на реплек го земав. Многу добро дејство има, се мачка 2 пати дневно, одкога ке се намачка делува после 5 мин , го вжештува местото и пецка.Се мачка 2 пати дневно. Ке ви кажам за резултати после неколку дена.Сега за сега ми се допаѓа и мислам дека ке има многу добар ефект.
Резултати после неколу дена - на сон. Или во операциона сала Јас ко зачин некој на темава сум, секој 2ор пост е мој. Веќе ко стучњак се осеќам на оваа тема, ќе jа земам за магистерска
Браво за тие што го имаат намалено целулитот, тоа е успех! Иначе една колешка ми кажа еден лесен препарат за целулит па решив со вас да го сподела(можеби некој и го има напишано тука) 1ден 1литар вода со 1 лимун 2ден 1литар вода со 2лимуни 3ден 1литар вода со 3лимуни 4ден 1литар вода со 4лимуни 5ден 1литар вода со 5лимуни 6ден 1литар вода со 6лимуни 7ден 1литар вода со 7лимуни 8ден 1литар вода со 7лимуни 9........................со 6лимуни 10 5лимуни 11 4лимуни 12 3лимуни 13 2лимуни 14 1 лимун