Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Целулит

Дискусија во 'Тело' започната од Mimi, 19 ноември 2009.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.431
    Пол:
    Женски

    Искрено, не знам. Не сум го користела, ниту пак сум слушнала нешто за него. Ама веројатно вреди за цената, најскап е од сите што се така достапни по маркети. Го имам видено, големичок е, баш мислев да го купам, ама сепак го купив на Гарние.
     
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Tnx Annath, а ако веќе сакаш да купиш од бршлен( во претходниот пост си пишала така :) ) подобро земи уље отколку гел, јас го имам уљето а братучедка ми го купи гелот и од уљето има подобри резултати, помрсно е и полесно се масира со него и ја прави постегната кожата.
     
  3. blue.rose

    blue.rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    28
    Отсекогаш сум имала целулит, но не ми беше многу изразен и не ми сметаше толку. Сега веќе сум дојдена во фаза кога морам да преземам нешто затоа што како што гледам се повеќе ми се познава.

    Пред 1-2 години ја практикував масажата со талог од кафе и можам да кажам дека имаше резулатти. Тоа не се резултати како на рекламите со WOW ефект ама си се познаваше намалување на целулитот. Можете да го мешате талогот со малку масло, но не е неопходно.

    Сега започнав поредовно пиење на зелен чај за намалување на токсините во телото. Единствено нешто што јас мислам никогаш дека нема да го спреведам е намалувањето на солта во исхраната. Колку што ми е познато солта е една од главните причини за задржување на вода во телото и за целулит.

    Моја пријателка одеше на комбинирани третмани за целулитот и резултатите беа видливи само месец-два. Не се исплаќаат парите ако не го промениш цел начин на живот.

    Ако ме прашувате мене сите креми ќе имаат МАЛ ефект ако ги користите редовно (имам пробано и од Орифлејм и од Авон и од Гарние). Масажата е најважна, затоа фатете местото каде што имате целулит и тепајте го, гмечете го колку што можете. На почеток ќе боли многу ама по 2 недели болката намалува. (од искуство)

    П.С. Хеланките воопшто не даваат ефект.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.431
    Пол:
    Женски

    Благодарам Вери, но искрено, не би сакала уље, затоа што концентрацијата на состојките во него е поголема отколку во гелот, а бршленот е многу отровен, па некако ми е шубе за уље. Ама и не знам дали воопшто е отровен во таква форма, но што е сигурно, сигурно е.

    И да, масажата е многу важна... може и со обичен лосион за тело да се мачкате, ако редовно ги масирате местата кај што имате целулит. Ама не нежно масирање, него груба, цврста масажа. А лосионите и кремите против целулит го забрзуваат тој ефект. Се сложувам со блуроуз дека важен е и начинот на исхрана - ама најтешко е тие навики да се променат. Но како велат, од секоја навика има и одука. Е сега, зелениот чај многу придонесува... читав за искуство кај девојка која пиела литар и пол зелен чај во денот и воопшто немала целулит! Не дека верувам во тоа, ама ај, нека и биде. Јас лично, не пијам повеќе од две шолји во денот, додуша и не пијам ептен редовно. Иако пиев околу литар изладен во фрижидер, повеќе не правам така заради анемијата. Криво ми е, ама не сакам да ризикувам и да си направам поголема белја.
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Вака..јас земав антицелулитен гел со екстракт од бршлен од Фитогал..веќе петти ден како ја користам и искрено гледам резултати..меѓутоа обавезно со секојдневно плус правење вежби..Сега јас не сум нешто многу со целулит ама и тоа што се познаваше приметувам се помалку го има..и плус кожата ја прави позатегната и многу мазна..Гелот е 100 денари и ја има во апотеките.
     
  6. maca-mk

    maca-mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    13
    а да ве прашам дали е во ред балзамот против целулит (сатва) да се измеша со уљето од бршлен??? Бидејки јас го имам балзамот меѓутоа брзо упива па дополнително се мачкам со бекутан уље ама нешто си мислев наместо бекутанот дополнително да се намачкам со уљето од бршлен
     
  7. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    можеш, ама зошто да го мешаш кога можеш да се масираш со уљето откако ќе ти упие кремата :)
     
  8. maca-mk

    maca-mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    13
    па за да има поголем ефект и двете да бидат за целулит... ;)
     
  9. Sara89

    Sara89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    4
    Sakam da ve prasam go koristam gelot od brslen,imam uste malku od nego i planiram da go kupam uljeto,dali nekoj go ima koristeno i koe e podobro gelot ili uljeto? Odkako go koristam gelot mi se pojavija modrinki :( nz dali e poradi masazata,bidejki na pocetok mnogu silno go triev celuitot so masazer od avon..Inaku za sega sum zadovolna, ima navistina vidlivi rezultati :) :)
     
  10. maca-mk

    maca-mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    13
    Sara модринките ти се од масажата не се секирај тоа е зашто јако си се масирала а и кога сам се масираш мукулите ти се стегнати и нормално е модрици да си направиш. Така и јас кога се масирам сама целата сум модрици хахаааха :rofl: ама не е ништо страшно брзо поминуваат.. а што се однесува до уљето тоа ти е подобро за масажа јас не сум го користела ама другарка го користи и вика дека е добро па сега и јас планирам да си го купам ;)
     
  11. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Јас го имам уљето од бршлен на Меилаб и мислам дека повеќе ефекти има уљето за разлика од гелот.
     
  12. Sara89

    Sara89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    4
    Veri kolku cesto go koristis uljeto? Jas se trudam sekojdnevno..
     
  13. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    И јас секој ден, ама на него пишува два пати дневно :)
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Колку чини уљето од бршлен?!Јас користам од авон спреј антицелулитен и кремот,ама редовно и правам пилинзи со талог од кафе,со тоа што го модифицирав,си купив крупна морска сол за 10 ден. и џумбир во прав...па гледам дека вака поочигледни се резултатите,а и се чувствува пецкање на кожата,што значи дејствува и ја забрзува циркулацијата.Видливо е измазнет,но е далеку од целосно изгубен.
     
  15. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Леле Лилит како имаш толку време секој ден со кафето нели те мрзи :^) И јас сакам да пробам со кафето ама пред туширање колку време треба да стои на мене? А сум слушала дека некои го стават кафето па се мотаат во фолија и така да отстои пола саат ама комплицирано ми е тоа :$ Инаку уљето од бршлен Меилаб јас го земав од Зегин точно 200 ден. А има и некое македонско производство и тоа е поефтино 100 и нешто.. А ти што мислиш од кафето ли имаш резултати или од авон гелот ти е многу добар? А пецкањето од кафето е или од гелот?
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Абе не ме мрзи,зошто со туширањето го правам,а плус не се мотам.Само се тријам,убаво,по нозете,со тоа што и листовите ги опфаќам за да ја поттикнам циркулацијата во целите нозе и додека се шампонирам,се средувам (имам куп ритуали,а не се сомневам дека сите жени се такви хаха)го оставам да делува некои 5,10 мин,зависи и уште првата минута почнува да скокотка и пецка,а и кога ќе се измијам,нозете ми се румени што значи делува...А инаку,не е до авон кремата,зошто и претходно ја имав употребувано,но немаше некои опасни резултати,онака малце замазнето и меко,а со ова значи тие дупки што беа,многу очигледни,а затоа што ослабев многу,па уште повеќе ми се нагласени,се израмнија,сега е само онака како брановито,ама сеуште е очигледно дека го има.Јас сум задоволна од пилингов,особено кога почнав да додавам сол и џумбир.Ако имате време држете го,ама јас мислам дека повеќе е до пилингот зошто се е до циркулацијата...а и плус може да ви се појават внатрешни бубуљички од тоа,јас имав нешто слично правено порано и цели нозе ми се исфрлаа...
    Нека не те мрзи,пробај,ќе видиш...а после ќе можеш и на када да си гледаш од талогот...миј ја кадата веднаш зошто ќе ти пожолте,јас дома беља направив,па морав сама со киселини да ја рибам! :lol:
     
  17. maca-mk

    maca-mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    13
    а после ќе можеш и на када да си гледаш од талогот...миј ја кадата веднаш зошто ќе ти пожолте,јас дома беља направив,па морав сама со киселини да ја рибам! :lol:[/quote]


    хахахахахахахахахаахахахахахаахха :lol: :lol: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: луда си а тоа со талогот од кафето добро е и за сува кожа ја еднаш на рацете си ставив и после ми беа меки нежни мммм само мн ми мирисаа на кафе и утрето :lol:
     
  18. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Целулитот се` повеќе зема замав.Шегата на страна,навистина разочарувачки факт е што се јавува се` на помала и помала возраст,се запрепастувам кога гледам и мали девојчиња преполни целулит,додека во врмето на нашите родители мислам дека не било до толку проблематичен и застапен проблемов со целулит.Али тоа е,се` тече се` се менува,па тоа значи и квалитетот на живот кој го живееме во денешно врмеме,ама за наша несреќа- на полошо.

    Мислам дека целулитот е условен од повеќе фактори,а голема улога има и генетиката.Пример,сум видела и девојки со вишок килограми,а без целулит и обратно топ линија а преполни целулит.Покрај тоа,постојат и повеќе видови на целулит,на сврзното ткиво,на масното ткиво,воден и шо ти ја знам каков,не сум некој експерт.


    Она што сум слушнала или прочитала,сеедно,не се препорачува седење со прекрстени нозе,носење на претесна облека што ја отежнува циркулацијата на крв во нозете,пример престрегани во струкот,или претесна долна облека или многу тесни фармерки,се` она што не е удобно.


    Не се препорачува носење на високи потпетици,превисоки мислам,оти и тоа штетно делувало.


    Не се препрачува долго седење или предоло стоење.Се` се само ова стварно се граничи со здрав разум,не разбирам што треба да правиме,само да одиме,лежиме и да висиме во воздух веројатно.Anyway...неизводливо и глупо.


    Да не се претерува со сол во исхраната.


    А од она што помага имам слушнато и што е побитно-проверено,помага тушрање наизменично со тола и ладна вода.Кога се туширате наизменично туширајте се најпрвин со топла вода(нормално дека не прежешка) околу една минута,а потоа нагло сменете ја водата ептен ладна исто околу минута.Напревете неколу пати така и задолжително завршете со ладна вода.ЈАс ова го применувам само во лето :) ,во зима моето кревко срце не би изджало,а богами не се осудувам и да пробам,уствари имам неуспешен обид зад мене па оттаму и сум сигурна.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  19. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Јас го пробав пилингот со кафе денес, ми стоеше 10 мин и се масирав и стварно пекца по малку, тоа од солта може да е. Од сега секој ден ќе се мачкам :) А ЛИЛИТ тебе од тој пилинг ли ти излегоа брунчиња на нозете или само на почетокот додека да се навикне кожата?
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Мене ми излегоа кога се моткав во фолија,инаку вака не,напротив,дури и внатрешни влакненца немам повеќе откако го користам.