Дел од мислењата се префрлени во темата Антицелулитни креми. Доколку сакате да пишувате мислење за креми,гелови и слично продолжете ја дискусијата таму
Честиткииии јас ја користам истава крема,додуша малце ја прекинав ич значи не сум упорна до крај ама штом викаш дек ти помогнала ќе почнам пак да се мачкам...лелееееее,кога бе јас сум имала целулит,кај ме најде
Јас длабоко се извинувам доколку веќе е одговорено прашањево што ќе го поставам, но барав и не можев да најдам (или не барав доволно можда ), но дали некој знае како се препознава фаза на целулит? Баш ме интересира да ја одредам мојава, затоа што гледам лево десно пишувано почетна фаза, втора, трета, реагира не реагира, па баш сакам да знам до кај сум поздрав
„Портокалова кора“ Тоа е оној вид на целулит кој го има речиси секоја жена. При тоа се мисли на оној на бутовите и на колената, кој претежно не е видлив се додека не се прекрстат нозете. Овој вид на целулит го опфаќа сврзното и поткожното ткиво, крвта и лимфата, а во врска со големината и количината, тој е индивидуален. „Чворови“ - тврд целулит Ова е следната фаза на „портокаловата кора“. Таа опфаќа скаменети грутки кои претставуваат задебелување на сврзните колагенски влакна околу групите на масните ткива, а за жал, овој целулит е видлив и со „голо око“, и без притискање на кожата. Тоа е така бидејќи кожата ја губи својата еластичност и почнува да виси, а телото станува млитаво. Клетките „се гушат“ во масти и токсини Ова е третата фаза на развојот на целулитот, а таа ги опфаќа масните клетки кои почнуваат да ги притискаат и околните крвни клетки и лимфа, поради што клетките се помалку се снабдуваат со кислород и хранливи материи, се наталожуваат отрови, а крвотокот е се побавен. Сето тоа доведува до излевање на течноста од големите молекули шеќер, а повлекува уште повеќе течност од циркулацијата. Масни групи „висат“ од бутовите и колковите Во оваа, последната фаза, чворовите се чувствуваат на допир и се многу лесно видливи. Тие се предизвикани со размножување и насобирање на сврзното ткиво, кое ги раздвојува масните групи, при што тие уште повеќе се шират и зголемуваат. Фала ти Господе прва фаза сум јас и тоа само ако го притиснам со раце ми се познава Моментално одам на варијантата затегнување на бутовите со аб троников,па после со најобично млеко за тело на секои 2-3 дена. Малечково сега почнав да го користам,а од тој големиот појас за стомачни сум прилично задоволна, само гелот ми е при крај
Еееее фала многу! И и јас ќе речам фала ти господе сепак сум во прва фаза (хјух!) А викаш тој појасот помага, м? Оти јас го имам дома, така си стои, мајка ми порано го користеше, ама сега изгледа и таа станала немукаетчија, па така дреми појасот.. Да не се замуабетуваме тука, ќе ја најдам темата за тој дел (ако ја има) и ќе видам шо како со него. Фала уште еднаш
Ццц,е како бе немало да имам целулит,кога се раскинав благо јадејќи,ко да не сум видела,бутам ли бутам...до толку граница да се немало
Мене пак ме фаќа мерак да се масирам кога ќе прочитам на форумов дека има упорни,на дечко ми му велам дека ке си ја излепам собата со најубави девојки и така ке набивам комплекси,и можда ќе бидни човек од мене.... а за благото да не зборуваме уффффф
Оххх,еве сега ке одам да трчам,да видиме што ке биде...ке потрчам два метра,мислиш ме тепал некој,а за брзо одење гајле немам.А вака сум слаба,немав ама баш ништо и оооооп,целулитчеееееее и сега оди откачи се...срамота е,лето е...само карактер треба.А што викаш за масирање,тоа да,и јас имам крема и се,само кој да фати да се масира хахаа
Може да ублажи Бројче,ама повеќе ќе те ослабе.Целулитот во најголем дел се уништува со масажи,детоксикација,здрава храна,многу течности и помалку стрес.Ама против хормоните за жал ништо не можеме.
Епа девојки,само што се вратив од едночасовно дообро трчкање и вежбање само се крстам да не се откажам,како по обичај...чувството е неверојатно,се осекам толку олеснето и освежено...ај да видиме до кога
значи си се распрашував јас за антцелулитни масажи (затоа што неможам да се глеам у огледало ) и девојката ми кажа дека има резултат со масажите АЛИ шансата после тоа да ти се познава цеулитот е МНООООГУ поголема И сеа незнам што да праам а гедам дека вие си имате искуство со масаживе па кажете за после како е? За колку време пак се појавува тоа ГАДНОТО и стварно мн повеќе се познава после?? ако е така.... ништо од лето оваа година
јас вчера и официјално му објавив војна на целулитот купив сатва гел, се запишав на комбиниран аеробик 3 пати неделно мн вода и ќе видиме што ќе биде макар што мислам дека ми е предодредено да си живеам со целулитче. али тоа нема да ме спречи да си уживам во летото.
Јас забележав дека видно ми е намален обемот на бутчињава И целулитот е прилично намален, продолжувам да си се масирам, има да ви се фалам ако го снема скроз, в раце не ќе се држам (ко што би рекле во Охрид )
И јас забележувам промени Му влегов „в џигери“ секоја вечер го реметам со едно мало масажерче, еве вакво: и плус со тој масажерот што одеше заедно со гелот од гарние шо го купив, и конечно го гледам попушта На горниот дел кај што го имав помалку, прво почна да излегува на површина и сега ко да ми е намален за едно 50% после 2 недели некаде.. Се мислев дали е добро да појдам и на козметичар, гледам некои попусти на овие колективниве купувања, ама си се одлучив да си ги дадам тие пари за убав гел и сама ќе му се борам Ко шо му се имам запнато, онака „смртски“ да се масирам, ваљда ќе му го најдам крајот.. Плус ги правам оние леснички вежби по 15 мин во денот, за задник и бутови (не дека за долго ама сепак вежбам ) ... па видеќемо..
А бе ... модринки рековте дека е нормално да се јават, или значи дека јас сум претерала ептен? Ми се јавија на внатешниот дел од бутот, веднаш над коленото онака 4-5 ко наредени во линија, околу 1-2 цм секоја... најверојатно е од погоре посочениот масажер, пошто мн лесно ми беше масирањето со него и ко го заверглав )
Значи многу се нервирам ...веќе неколку години се мачам со целулитов, и вода пијам многу и намалив исхрана и ништо,..на нозете ми се познава кога стојам ...го мразам ....девојки ај помош за избор на масажер ...кој се покажал според вас како најубав ..аб-троник, релакс анд тоне или кој друг ???
Една тајна од мене. Поточно две. 1.Кога одите на аеробик намачкајте се има една крема од лореал во зелено паковање анти целулитна плус и за стрии да не ви познаваат дури слабеете.Намачкајте се, завиткајте се во онаа прозирната фолија за готвење, хеланките на вас и на вежбање. Резултати видливи за краток период.Пробано, докажано. 2.Или најново што сум слушнала а има и ефекти братучедка ми ми кажуваше, ќе си земете од оние малине свќички, ќе ја запалите и ќе ја ставите таму каде што имате целулит и ќе ја поклопите со чаша. Ќе почекате дури да изгасне, и тогаш ставете ја 3-4 секунди и ќе забележите како кожата ви се трга нагоре како вакуум.После тргнете ја и продолжете. Се надевам помогнав
леле како се нервирам.... како е можно само на едната. т.е. на левата половина од задникот целулит да имам? на бутовите немам, го решив со длабински масажи проследени со модрици и триење со талог од кафе 2 пати неделно, ама овај не ми поминува, а многу ме нервира оти е втора категорија да речам се знаат многу дупчиња длабоки