Сакам да ја прашам Ахдетфимејлпроблемс што чудо е тоа и од кај го купи ? Мене почнал да ми се појавува од надворешнава страна на бутовиве, ама на горните ми се познава ко ќе седнам , има да го снема за 20 дена, ИМА ДА ГО НЕМА . Имаме правено поназад за целулитов, ама не е правило да се појавува само кај оние со вишок кг, ја сум таман, па пак имам, знам една другарка чкорка па пак има целулит, а пак една со бааѓи вишок вика ич немала. Ах бре женишта, џенцки само некои проблеми и занимации си наоѓаме по телово, да бев машко сеа ќе речев ШТО Е ТОА ЦЕЛУЛИТ ?
Беља работа.. ќути! Преку глава ми дојде, ама мислам дека почнав убаво да го средувам Масажерон си го порачав од eBay, пред некој месец ми стаса и така си стоеше, од пуста мрза. Е сега, го појачав, масовно го користам, од еднаш во денот, зголемив на два пати, модрици, немодрици... му ја извадив душата Пред тоа се масирав со рака и со тој масажерот (од комплетот на гарние) ама немаше никакви модрици, изгледа ова нешто ептен го има стегнато.. ама ми поминаа еве веќе кој ден е, 4-5, веќе ги нема, обледија, а ми се појавија само на долниот, внатрешен дел од бутот, кај што имав онака, повеќе, како јазли. На другиве делови, апла ми е намален, за 2 недели мислам дека скрос ќе го средам. Види на eBay, ако има некој да ти порача, не беше скап, околу 2-3 долари... до 5 максимум е. Јас радо би ти порачала, ама ми го скинаа акаунтот на PayPal, ме сетија дека сум од МКД
Хахааха А бе ај да не се тешиме вака, туку да си продолжиме со макиве? Дека нема скрос никогаш да го отарасаме - факт е, ама барем можиме да го намалиме... Интересно видеово
Типкава од боди рок ми е кул особено акцентчето и е интересно Р како ја вика , па тоа викам и она најсекси тело има целулит, затоа и нема чудење кога и на оние што редовно вежбаат па и спортистките имаат. Од друга страна , ако има целулит ама не и се познава дека и него го одржува (да и тој треба да се "одржува" со вежбањето, да се затегне), ако не вежба ќе и се тресе, нејзе и е зацврстен и затоа и не се познава многу, и мене кај што ми излезе не ми се познава многу, само во седење, ама треба уште повеќе да го зацврстам дека гледам ми е помек од останатиов дел. Со трчање најмногу се зацврстува и намалува .
Затоа јас не сакам да одам на козметички третмани, затоа што овие третмани кај нас, можат вода да им носат на холивудските по квалитет и напредност, а сметајте, кога Џенифер Лопез (која поседува толку многу пари и во секој момент може да ги посети) има целулит, ондак што ни преостанува нас „обичните смртници“? Затоа сум за домашно третирање на целулитот, факт е дека никогаш нема сосема да ни се изгуби, но како што кажа Lux, барем да го затегниме и да го подотстраниме колку што се може.
Ахх овој целулитот веќе неможам да го гледам!! Го имам и по нозете како мали браздички на некои места ми се прават,како фалтички(којзнае која фаза е таа,али ептен е напредната ) Што да му правам стварно незнам..масажа,гелови,зумба,трчање... Кај мене изгледа ништо не помага..и на храната внимавам Знам дека неможе целосно да го снема,барем да го редуцирам некако..барем ноџињата да ги средам!!
немам многу целулит само меѓу нозете, сакам да одам на третмани поточно на 10 третмани и се мислам дали ќе ми помогне??? во меѓу време сама се тријам дома кога ќе ми текне, целулитот ми се познава само кога ќе го притиснам!!! ќе го снема или?? искуство?
Знаме веќе нели дека кај секого е различно, па јас ќе ти кажам кај мене како беше Ми исчезна со третманите, ми се измазни кожата скроз, бев воодушевена и изненадена од резултатите и бев најсреќна на свет, мислев му го најдов чарето. Е проблемот е што ова на потраја ни цел месец, се врати со брзина на светлината. И според моите финансии не се исплати И порано реков дека ако некоја девојка може да си дозволи секој месец или секој втори, вакви третмани тогаш ова и е најдоброто и најлесно решение. Со 10 третмани ништо, треба редовно по 10, за да го нема цело време. Јас сеуште неможам да си дозволам да фрлам секој месец по 3000 денари за ова, па затоа се борам во домашни услови
Јас да го кажам моето искуство...Пред три месеци спомнав дека го купив вакумчето од топ шоп и искрено сум презадоволна. За овие три месеци има видливи резултати, освен на газево некако потешко ми оди, али и тоа ќе го средам. И да напоменам дека се мачкам со целулитнта крема на сатва, но сега земав една на гош 250мл од веро ама уште ја немам пробано!
Деновиве го обожавам гелот на гарниер! Спојлер Можеби уште нема резултати ама многу ми е убаво чувството како разладува на горештиниве и мириса преубаво! Неможам веке со сатвата мислам дека ќе ми испари кожата колку ме загрева и вцрвенува Уште некој ден и јас кревам раце дека некогаш ќе се ослободам од целулитов! Вежбам, трчам, пешачам, јадам здраво, пијам вода, се масирам со раце и пак е тука... Од вечер ќе почнам со масажер да се масирам и ако за 2-3 недели не видам некакви резултати ќе посетам психолог/психијатар да ме научи како да го засакам! Гените неможам да ги сменам... И имам едно прашање! Зошто од сабајле после спиење целулитот не ми се познава толку како навечер?! Најлогично ми е дека крвта уште не проциркулирала целосно, ама па од др страна нели се масираме за да ја подобриме циркулацијата и да се намали целулитот... Ништо од моето логично размислување затоа ве молам за одговор.
otstranuvawe na celulit: pienje 2 litri voda najmalku dnevno fizicka aktivnost anticelulitni masazi(250, 300den e edna po salonive) 10 za da se vidi rezultat mackanje so anti celulitni gelovi [mod-kirilica:32zjn1bm][/mod-kirilica:32zjn1bm]
Викиче од бт беше така? Во супер марио порано го имаше, околу 1000 беше ми се чини, ама не знам дали уште го имаат
Една пријателка одеше на кавитација и некои пликови и` излегоа бели и прекина. После тоа на антицелулитни масажи 10 или 15 не сум сигурна, сеа има по некоја модрица, стоен со години, не правеше ништо за да го отстрани, но има резултати, слизната е на струкот и бутовите буквално. И сеа уште ќе идела.
Не е за целулит комплетно, ама имам нешто што до следно лето ќе помогне. Алкалоид некаде околу нова година ќе пуштаат лосион за затегнување, па откако ќе го испробам ќе ви кажам што впечаток ми оставил. Некако спектик сум, ама ќе видиме.
Под ТЕМА: Целулит има едно кое вели Нов одговор, а до него едно друго кое вели Пребарај ја темата. Напиши таму Relax & tone, не е малку пати споменато.