Значи и јас истиот проблем-ЦЕЛУЛИТ-Сега лето иде ми е срам кратки панталони да облечам,на плажа нз што ке праам.!Срам ми е да се соблечам,моиве другарки си се послаби преубави нозе имаат а мене ме пецка љубомора Помош ве молам сите!!!! Eдинствен проблем ми е тоа!!! ПОМОШ!!!!!
Мацка да беше така едноставно, ќе немавме гајле. Крај на јули ти текна да бараш чаре за целулит, ехеее тоа ти е цела борба, уште со првиот снег ги почнавме битките Многу време треба за резултати. Помош нема, расчитај ја темава на назад и ќе најдеш милион совети и искуства па најди си она што кај тебе највеќе би ти одговоарало
Имам еден ефикасен домашен лек против целулит,испробано и загарантирано Во стаклено шише се става медицински алкохол ,околу 76% или така некако и во него се потопуваат околу еден грст гранчиња од рузмарин.Се остава на сонце 40 дена,а потоа се премачкува и масира на засегнатите регии додека не се впие во кожата. Ефтино е и дава зачудувачки резултати.
Еве нешто што најдов случајно http://www.youtube.com/watch?v=TeHSOuEW ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=Cqu8Bmp6 ... re=related - има и други видеа. Иначе како беше тоа со кафето? Само талогот од кафето и се масира? Кога се гледам во огледало немам, ни пак кога седам, ама кога ќе се стиснам со пристите ми излегува малку. Можно е во блиска иднина да излезе на површина?
Не вежбам мн. но сепак се трудам, исто така и се масирам понекогаш па така по малце ми се разбива целулитот. Денеска вежбав повеќе, и планирам да не забушавам и да вежбам повеќе за да го отстранам. Највеќе ме нервира на и под задникот.
Пред 3 дена пробав нешто ново, мислам дека тука некаде го сретнав низ темава како препорака, но не беше разработено низ муабетот понатаму, а јас би сакала да го препорачам. Значи, се работи за нешто слично што се употребувало порано (незнам дали уште се употребува) за болки во грбот, при настинка на пример, знам дека баба ми го има „редено со чаши“ дедо ми порано знам дека звучи смешно, но навистина е ефикасно. Значи, зедов мала свеќичка и ја запалив, над неа пробував со повеќе чаши со различна големина, но ми успеа најдобро со оние средните од околу 100 мл за вода, затоа што овозможува најдобар степен на вакуум за разлика од големите кои вшмукуваат повеќе (поради тоа што под нив има повеќе кислород, нормално), или оние со големина на филџан, кои не предизвукуваат доволно вакуум. Откако ќе се изгасне свеќичката, дел од кожата е вшмукан во чашата, полека се придвижува чашата (внимавајте колку што можите повеќе да ја задржите без да влезе воздух, оти досадно е насекое да се препалува свеќата) и движете си ја кај што имате целулит, кај сакате. На задниот дел ќе мора некој да ви помогне, пошто многу е тешко да се однесе до таму чашата од предниот дел а да не се „одвакумира“ Јас и нанесов масло за тело (обично, бекутан), за да се лизга подобро и на почетокот мноооогу ме болеше на региите каде имам повеќе (т.е од тој покрупниот), а на предниот дел немав гајле. Луѓе нема да ми верувате можда, ама за овие 3 дена на тие делови мнооогу ми е изретчен целулитот, апла се гледаат такви поситни делчиња, крупните јазли ги нема, АМА имам многу модрици, ситни ама на повеќе места.. ама тоа е, ќе истрпам уште една недела со ова, после со обични масажи, за да ми поминат модриците до одмор.. Инаку знам дека нешто слично се употребува на козметичар, тие имаат една малечка пумпица, која ја користат при антицелулитни или спортски масажи. Така да, не се умира од ова ***Едит: Патем ---> http://cgi.ebay.com/Celluless-Vacuum-Bo ... 5702wt_905 Еве колку кошта копија на тој од топ шоп.
Јас го видов го имаше во КОСМО КАПИШТЕЦ. Јас купив Сатва затоа што многу девојки ја фалеа на форумот па сега ќе видам како ќе реагира кај мене. Кажете некое ново искуство со Сатвата!Прв пат ќе ја користам јас.Дали треба да се става повеќе зашто колку што пробав многу брзо се впива.
сите имаме проблем со целулит вака... на другарка ми многу и помогна масажерот. Се масираше секој ден по најмалку два пати со некаква крема против целулит (не знам точно која ) ама знам дека масирањето многу помага против целулитот. Исто треба да јадеш здрава храна, многу овошје, зеленчук, да вежбаш и да бидеш упорен ииииии сигурно ќе има резултати.... и еве џабе го ЗНАМ ова кога не го применувам.... МЕ МРЗИ... Не ми се јаде баш здрава храна...
Девојки била некоја на антицелулитна масажа ? А колку кошта ? Сакам и јааааас да имам мазен копан со наткопан
Јас користам крема од Avon и сум многу задовона барем до сега Сакав да ве прашам ви се случило да имате целулит под листовите на нозете? Мислам, незнам како да објаснам хахаха Доле кај глуждовите.... така некако? Не се приметува вака, ама ако се заглеаш ептен од блиску и ако ја притиснеш кожата, да. И многу е грдо. Некој, помош???
Имате фантастична зделка на групер 10 третмани за 1200 денари. Подобра цена амин! http://grouper.mk/skopje/deal/10-antice ... dio-empire Јас се мислев дали мајка ми да ја частам
20 минути била масажата... сега има поставено прашање и одговорено од Групер... Ко малку ми изгледа то некако... Или работава е колку пари толку музика? Ако беше 3000 пакетов, ќе беа по 40 мин?
Јас кога бев така на 10 третмани, 1 третман беше еден саат, пола саат масажа и пола саат на еден апарат што пецка Ова нема веза ако е вака 20мин, не се исплати